3Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 1. септември 2021 година Дневен хороскоп за среда, 1. септември 2021 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се обидете да најдете една стара тема во односот со саканата личност, таа малку ќе ве вознемири , но врската и натаму ви е добра. Кариера Цело време нешто ве принудува да одите некаде , но од својата кожа не се може. Истото важи и за работните задачи кои ви се дадени. Здравје и совет Продолжете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можна е заедничка вечера , на која по кој знае кој пат ќе почуствувате дека љубовта оди низ желудникот. Ќе ви биде убаво. Кариера Се што ќе работите денеска , ќе содржи јасна порака дека вашето влијание е неприкосновено. Со задоволство ќе соработуваат. Здравје и совет Со сите сили почнете да штедите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и во уживање во неа. Другата страна ќе ви враќа со љубов и тука е среќата. Кариера Меѓу работата и љубовта , ќе ги изберете и двете. Денеска е таков ден што ќе споите едно со друго. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Здравје и совет Свртете се кон интроспекција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска веројатно ќе ве окупира пријател или пријателка , која ќе ве поттикне на нова фаза на личните односи. Кариера Оние кои имаат таква работа , на која се во движење , денеска ќе уживаат во секој момент. Другите ќе имаат потреба за движење и за зајакнување на контактите. Здравје и совет Поинтересни сте од повеќето. Искористете го тоа. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои би можеле да склопат познанство со личност која е постара од нив. Ќе ви упати конструктивна критика. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете се повеќе и подобро. Затоа знаете дека резултатите нема да изостанат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Непобитен факт е дека сте голем заводник/заводничка и денеска повторно ќес е покажете на дело. Ќе бидете задоволни. Кариера Она поради што неодамна се расправавте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Ќе бидете заплеткани во големо друштво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не сте задоволни од состојбата , денот е добар за привремено повлекување во самотија. Кариера Можни се мали проблеми со младите лица на работното место. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажуваат размазеност. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што ќе се случува денеска , ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Веројатен е трошок , на кој не сте сметале ни вие ниту вашите соработници. Ќе се снаоѓате некако со моментално решение. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Бик 21.4- 20.5. Љубов Скриено или отворено , вие ќе настојувате да дојдете до љубов. Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе , на кои секогаш може да сметате. Кариера Кога станува збор за деловни контакти и договори ,. ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Проширете си ги хоризонтите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пријатни сте за околината , ве ценат и сакаат , зрачите со самодоверба. Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Пари и комуникации ќе бидат главно обележје на денот. Главно добро ќе се снаоѓате. Здравје и совет Чувајте се од провев. Рак 22.6-22.7. Љубов Навиката е работа што може да биде добра или лоша. Немојте да се навикнувате на осаменоста , зашто овој период набргу ќе помине. Кариера Денеска би можело да се случи оној ,,клик” , кога сите работи си доаѓаат на своето место. Здравје и совет Имате одлична форма. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат нагли и непромислени. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера По прашање на стручноста ќе нема никакви колебања и вие ќе делуварте професионално според вашите знаења. Здравје и совет Понекогаш сте премногу сигурни во себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДемонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО) Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија. Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата. Јанша зборуваше за „изгубените можности“ Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности. „Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили. Претседателот и опозицијата не дојдоа Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер. Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter