Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување
1Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификување
3Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
ХороскопДневен хороскоп за 1. март 2021 годинаДневен хороскоп за понеделник, 1. март 2021 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во случај да се посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред. Кариера Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите. Здравје и совет Ќе има чудни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни. Кариера Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат. Здравје и совет Морате да се приберете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени. Кариера Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле. Здравје и совет Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас. Кариера Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им. Здравје и совет Не ви треба совет , знаете на што сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени. Кариера Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување. Здравје и совет Бидете паметни. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен. Кариера Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се . Здравје и совет Размислувате за диета. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси. Кариера Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина. Здравје и совет Не очекувајте чуда. Вага 24.9.-23.10 Љубов Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна. Кариера Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите. Здравје и совет Мали преодни грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени. Кариера Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи. Здравје и совет Подобро да трчате отколку да озборувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан. Кариера Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш. Здравје и совет Држете се до своите принципи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања. Кариера Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство. Здравје и совет Подготвени сте за акција на работното место. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите. Кариера Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место. Здравје и совет Покажете се што знаете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“ - девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификувањеДве нови обвиненија против вкупно девет лица за злоупотреби поврзани со даночните контроли во дискотеката Пулс во Кочани. Тамошното обвинителство поднесе обвинителен акт против три лица – двајца даночни контролори од УЈП кои побарале и примиле очила и рачен часовник со цел да го информираат за ненајавени вонредни контроли во фирмите каде третообвинетиот бил одговорно лице. Според информациите станува збор за инспекторите во штипската дирекција на УЈП, Драган Паунов кој инаку е брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд Даниела Димовска, и Дуле Димитриев. Додека Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов Деко, е одговорното лице во објектите. Информациите околу даночната постапка кои законски не смееле да ги оддаваат, иснпекторите на Михал Јованов му ги пренесувале преку вибер пораки. -Двајцата даночни контролори се обвинети и за – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, бидејќи при извршена контрола во правниот субјект во кој одговорно лице бил третиот обвинет, на 06.03.2024 година утврдиле даночни неправилности и нерегистриран промет, но во записникот не ја внеле откриената незаконитост. Со ова на буџетот му нанеле шета од 98.400 денари кои останале како ненаплатена глоба кај прекршителот,- -ОЈО Кочани. Дел од пораките меѓу Јованов и инспекторите, ИРЛ објави лани во септември. Комуникацијата посочуваше на дојави до дискотеката пред да има инспекциски контроли и подмитувања со подароци. Обвинителството тогаш потврди дека пораките се дел од доказниот материјал. Шест лица пак се опфатени во обвинителниот предлог - четворица даночни контролори и инспектори од УЈП, и една вработена во ДПИ кои ги вршеле контролите во Пулс и фирмите на кои реален сопственик е Дејан Јованов – Деко, кој е шестообвинет. -Констатираните неправилности не ги евидентирале и фалсификувале извештаи за извршените надзори. Со тоа на фирмите не им се наплаќале законски предвидените глоби. Во дејствијата на злоупотреба им помогнал и самиот реален сопственик,- -ОЈО Кочани. Кривичната пријава првично опфаќала уште четири лица за злоупотреба на службената положба. За две лица постапката е запрена поради застареност, додека за другите две е утврдено дека нема дејствија на ова или на друго кривично дело што се гони по службена должност, велат од обвинителството. Со овие две, за кочанската трагедија со пожарот во дискотеката Пулс каде загинаа 53 лица, досега има шест обвиненија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook