ХороскопДневен хороскоп за 1. јули 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 1. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Можете малку да земете пауза. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете. Кариера Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија. Кариера Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате. Здравје и совет Одете каде што ви е добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени, Кариера Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални. Кариера Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично. Здравје и совет Бидете упорни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете. Кариера Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување. Кариера Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат. Здравје и совет Разбудете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин. Кариера Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми. Здравје и совет Погледнете добар филм и опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Овен 21.3-20.4. Љубов Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја. Кариера Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Бик 21.4- 20.5. Љубов И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови. Кариера Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму. Кариера Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот. Здравје и совет Преминете од зборови на дела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаО. Кисела Вода: Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на ЈДГ „Весели Цветови“. Со овој зафат објектот е целосно реновиран. Комплетно е обновен средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа: три занимални во кои престојуваат деца на возраст од 2 до 6 години, кујна, канцеларија и ходникот. За време на реновирањето, целосно е отстранета ламперијата од ѕидовите, по што е поставена арматурна мрежа и ѕидовите се израмнети и соодветно обработени. Поставен е и нов плафон. Истовремено, извршена е демонтажа, темелно чистење и бојадисување на радијаторите, а поставено е и ново осветлување. -Континуираното унапредување на условите за децата во градинките останува наш основен приоритет. Со ова реновирање создаваме многу попријатна, побезбедна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите. Нашата цел е секое дете да има квалитетни услови за раст и развој, а воспитниот кадар современ и соодветен простор за работа - изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска при посетата на градинката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаМФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестицииЧетириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции - поефикасно планирање и управување со капиталните проекти.Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции. Министерството за финансии по донесување на Уредбата за управување со јавни инвестиции започна со прибирање предлог-проектни идеи со средна и голема вредност, односно над 5 милиони евра, на коишто Министерството за финансии изврши детална проверка од аспект на комплетноста на документацијата, квалитетот на доставените податоци, стратешката релевантност и основната подготвеност на проектната идеја за понатамошна разработка и врз основа на таа анализа изготви Листа на предлог проектни идеи за јавни инвестиции и мислење за финансиските аспекти, одржливоста и изводливоста на предлог проектна идеја којашто беше доставена до Комитетот за јавни инвестиции на одобрување и доставување до Владата на усвојување. На листата се содржани проекти од областа на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетика, дигитализација, како и проекти од областа на земјоделството и водостопанството. Првата конечна приоритетна листа, којашто е усвоена, ќе биде клучна основа за дефинирање на новите капитални инвестиции во буџетскиот процес за 2027 година, како и во инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, што значи дека институциите при своето идно инвестициско планирање треба да се усогласат со оваа листа. Имено, вклучувањето на предлог проектите на конечната приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции не значи и обврска за негово финансирање, ниту конечна одлука за негово спроведување. Одлуката за финансирање на предлог проектот ќе се носи понатаму, преку процесот на капитално буџетирање во рамките на расположливите буџетски средства, односно преку инвестициско планирање во рамките на расположливите финансиски средства на јавните субјекти кои не се буџетски корисници, во зависност од зрелоста на проектот и приоритетите на Владата за соодветната фискална година. Донесувањето на Уредбата, како и на оваа листа е во согласност со Реформската агенда 2024 – 2027 а во насока на управувањето со јавните инвестиции. Уредбата произлегува од Законот за буџети и е донесена минатата година. Комитетот за јавни инвестиции исто така беше формиран минатата година, а првиот состанок се одржа во април оваа година со што започна примена на еден посистематски пристап во планирањето и управувањето со јавните инвестиции во државата. Односно, станува збор за нов начин на организирање и носење одлуки за капитални проекти со вредност над 5 милиони евра, а целта е одлуките за реализација на проектите да се ностат транспарентно и поедноставно да се планираат буџетите за следните години. Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции е објавена на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/upravuvanje-so-javni-investiciii-file-Zznn.pdf.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лицеНервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село. Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви. Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив. Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05