3Француски воен „Мираж“ се урна во близина на Нанси- пронајдено е телото на едниот пилот, по другиот се трага
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопДневен хороскоп за 1. јануари 2023 година - Среќна Нова година ! Дневен хороскоп за недела, 1. јануари 2023 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска ќе продолжите со вашите љубовни успеси. Оние во врска ќе бидат среќни , а самите секако нека излезат. Се е можно. Кариера Како што поминуваат работните часови, вие се повеќе во мислите ќе се насочите кон организирање вечера со пријатно друштво. Здравје и совет Здрави сте и весели. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во длабочината на душата ќе чувствувате несигурност поради празнината во љубовниот живот. Немојте да се внесувате во тоа. Кариера Доколку малку застанете , ќе видите дека работите се одвиваат се подобро и подобро. Затоа не се замарајте со ситници. Здравје и совет Не може се да биде совршено. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се плашете од вашата сериозност и сериозните намери. Можеби сега е време кога тоа може да го покажете во личните односи , кои инаку се добри. Кариера Она што вие сега го развивате и го градите, сигурно е дека ќе се развиое во долгорочна работа. Само продолжете. Здравје и совет Не е забрането ако сакате да се опуштите. Овен 21.3-20.4. Љубов Било да сте во врска или сами, ќе бидете несигурни во врска со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Кариера Вашите колеги денеска ќе се покажат малку повеќе вешти во уметничките или креативните работи. Тиа ќе се изразуваат , а вие следете ги. Здравје и совет Дишете длабоко. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако сте во врска, ќе настојувате со љубезен и мирен пристап да одржувате солиден статус кво. самците за сега ќе останат осамени. Кариера Држете се до проверени правила и почитувајте ги зададените примери. Се што е надвор од тие граници би можело да предизвика пропусти или збрка. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се занимавате со вашите мали тајни. Анализите за нив ќе ви одземат голем дел од времето , кое инаку ќе го поминевте сами и во двојка. Кариера На крајот на еден проект ќе се покаже дека сте направиле повеќе од другите или повеќе отколку што самите од себе очекувавте. Здравје и совет Малку пополека и обмислено. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе продолжите да уживате во друштво на саканите лица. Младите би можеле дури и да се вљубат. Кариера Во текот на денот ќе забележите дека работите се полесно и полесно. а освен тоа ќе добивате и пофалби. Здравје и совет Би можеле да поместите планини. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно е изразување на емоции од страна на лице со кое работите или вашата сакана личност ќе ви дојде на работа. Кариера Без оглед што не сте богати , денеска ќе заклучите дека сте задоволни од своите приходи. Не е се во парите. Здравје и совет Во право сте целосно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ве очекува трошок на кој не сте сметале и тоа поради една многу драга млада личност. Инаку , вашата врска добро напредува. Кариера Во работата се повеќе успевате да ги споите задоволството со обврските. Тоа ве мотивира за да добивате нови креативни идеи. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Другата страна денеска ќе ви ја покаже својата нежност или ќе ви се довери. Бидете внимателни и сетете се како ви беше на вас. Кариера Помали несогласувања ќе бидат поврзани со темата за паузи на работното место, но генерално за вас сите рабхоти се подобруваат. Здравје и совет Почастете се со нешто што го посакувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Довербата што од вас ја очекува другата страна ќе се зацврсти доколку се потрудите да бидете добар слушател. Не е тоа толку тешко. Кариера Би можеле да почнете нова работа или нов проект. Подготвени сте за битка и предизвици што ве очекуваат до неговото исполнување. Здравје и совет Согледувајте ја реалноста. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Одличен ден за љубов и за изразување на чувствата. Многумина денеска ќе си ја отворат душата и ќе го покажарт своето лавовско срце. Кариера Дури и ако не бидете сосема јасни , ќе ве разберат зашто ќе бидете уверливи поради емоциите што ги внесувате во она што ќе го работите. Здравје и совет Ќе бидете прифатени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГерманија ги заострива критериумите за полагање германски јазик за доселениците- имало многу измами Германското МВР потврди дека ќе ги заостри критериумите за полагање на испитот по германски јазик, што е клучен предуслов за добивање дозвола за постојан престој.Германското МВР потврди дека ќе ги заостри критериумите за полагање на испитот по германски јазик, што е клучен предуслов за добивање дозвола за постојан престој, а подоцна и германско државјанство. Причината се сè почестите обиди за мамење на испитите, пишува Дојче Веле. Во новата уредба на министерството, до која имал пристап весникот „Билд“, се наведува дека учесниците на курсевите за интеграција во Германија нелегално добиле прашања и решенија за делот од тестот што вклучува слушање и читање преку интернет. Овој дел се состои од 45 прашања со предложени одговори. Испитот вклучува и писмен дел, односно пишување краток текст, кој учесниците, според прописите, честопати воопшто не би го завршиле. И покрај ова, испитот се сметал за положен ако кандидатот постигнел добар резултат во првиот дел и го положил усниот дел од испитот на ниво Б1. Минатата година, 318.550 имигранти го полагале тестот. Затоа Министерството одлучило да ги заостри условите за полагање на испитот. Во иднина, кандидатите ќе мора да покажат познавање на сите три дела: слушање/читање, пишување и зборување. Во исто време, во делот каде што се најслаби, ќе мора да го исполнат минималното ниво А2. Испитот повеќе нема да се положува ако некој дел не го достигне тоа ниво. Измените на „Правилникот за испити за курсеви за интеграција“ стапуваат во сила на 1 ноември. Тестот по германски јазик за имигранти (DTZ) е завршен испит за курсеви за интеграција организирани од Федералната канцеларија за миграција и бегалци (BAMF). За да добијат сертификат за положување на испитот, учесниците мора да постигнат вкупен резултат од А2 или Б1 според Заедничката европска референтна рамка за јазици. Според податоците на BAMF, 318.550 имигранти го полагале тестот по германски јазик минатата година. Од тој број, 175.193 го постигнале нивото Б1, кое овозможува комуникација на секојдневен германски јазик. 102.663 кандидати го достигнале пониското ниво А2, додека 40.694 останале под нивото А2.Тагови: Германија германски јазик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Шоу бизАлександер Скарсгард на филмска премиера се појави во килт и со маица со ликот на колешката (ФОТО)Актерот Александер Скарсгард се појави на премиерата на филмот „Wicker“ во Лос Анџелес во виолетово-зелен килт и маица со отпечатено лице од неговата колешка Оливија Колман. На црвениот тепих на 50-годишниот актер му се придружи и неговиот помлад брат Бил Скарсгард. Скарсгард позираше со Оливија Колман и Елизабет Дебики, кои ги играат рибарката и жената на кројачот во филмот. Неговиот избор беше креација од дизајнерот Чоуп Валовен. Режисерите и сценаристите Алекс Хјустон Фишер и Елеонор Вилсон, исто така, присуствуваа на премиерата, а неколку дена претходно, актерот беше поддржан од неговиот татко Стелан Скарсгард на проекција во Њујорк. За филмот „ Wicker“ Во филмот, Колман игра рибарка која е отфрлена од локалното население. Таа ангажира локален занаетчија, игран од Питер Динклејџ, да ѝ направи сопруг од плетенка. Улогата ја игра Скарсгард, а неговиот лик се покажува многу поспецијален отколку што очекувала. Неговиот дух и способности будат нови чувства кај неа, додека нивната врска предизвикува љубомора и немир што го загрозуваат животот во селото. Авторите го опишуваат филмот како комична приказна за сексот, бракот и апсурдите на општествените обичаи. Привлекол внимание и во Лондон Скарсгард привлече внимание и со својот моден избор на премиерата во Лондон пред десет дена, кога се појави во златен костум и проѕирни чевли од модната куќа Сен Лоран. Додека некои беа воодушевени од смелата комбинација на актерот, други изразија сомнежи за практичноста на таквите обувки. „О, боже, тие чевли сигурно смрдат на пластика и пот“, напиша еден коментатор. Други беа помалку критични. „Сè му стои добро“, е еден од коментарите, а третиот додава: „Тој може да носи речиси сè“.Тагови: килт маица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаУжас: Инфлуенсер се запали во пренос во живо, познати се деталите Познатиот инфлуенсер Мануел Ото си го одзеде животот додека емитуваше во живо кога се запали, а страшните видеа почнаа да кружат на интернет.Ото беше најпознат во светот на игрите како креатор на популарната онлајн мултиплеер игра Stick Run, која ја создаде кога имаше само 14 години и која привлече повеќе од 43 милиони играчи во текот на годините, објави Сан. Веста за трагедијата, која се случи вчера вечерта во Германија, ја потврди портпаролот на проектот Stick Run: - Свесни сме за емитувањето на Twitch во кое нашиот основач и сопственик, Мануел Ото, очигледно си го одзеде животот. Длабоко сме погодени од оваа трагедија и бараме од јавноста да ја почитува приватноста на неговото семејство и најблиските во овие исклучително тешки времиња. Исто така, апелираме до заедницата да се воздржи од ширење непроверени информации и шпекулации. Информирани сме дека Twitch оттогаш го отстранил спорниот стриминг, како и целата придружна видео содржина.“ Вознемирувачки снимки кружат на социјалните медиуми Иако вознемирувачки снимки од екранот снимени кратко пред и за време на инцидентот брзо се појавија на социјалните медиуми, властите не ја потврдија веднаш точната локација на инцидентот. Сепак, баварскиот регионален весник PNP објави дека вчера вечерта, едно лице починало во пожар што го зафатил таванот на куќа во јужна Баварија, чиј идентитет не бил јавно објавен од полицијата во тоа време. Претставници на играта апелираа до секој што има сигурни информации да контактира со компанијата или со надлежните полициски власти. Веста за ненавременото заминување на младиот инфлуенсер предизвика бран на неверица и тага во гејмерската заедница. Бројни следбеници се збогуваа со емотивни пораки на социјалните медиуми: „Дел од нашето детство е исчезнат“, „Животот може да биде суров“ и „Скршен сум од оваа вест, едноставно е неверојатно“. Овој шокантен настан повторно го донесе во центарот на вниманието на јавноста прашањето за менталното здравје на креаторите на содржини и безбедносните протоколи на платформите за пренос во живо.Тагови: инфлуенсер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter