3Коцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државата
3Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 1. јануари 2021 година Дневен хороскоп за петок, 1. јануари , 2021 година . СРЕЌНА НОВА ГОДИНА !Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни. Кариера Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака. Здравје и совет Опуштете се во слободното време. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот. Кариера Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Наспијте се. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро. Кариера Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка. Здравје и совет Дишите со полни гради. Бик 21.4- 20.5. Љубов Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија. Кариера Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови. Здравје и совет Поработете на себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено . Здравје и совет Во добра форма сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место. Здравје и совет Пад на имунитетот. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете пореални. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа. Здравје и совет Никогаш не е готово. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање. Здравје и совет Не се откажувајте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови. Здравје и совет Прошетајте на воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛепа Брена се огласи по откажаниот концерт во Крива Паланка: Ви благодарам за разбирањето Лепа Брена беше принудена да го одложи концертот што требаше да го одржи вчера во Крива Паланка, поради неочекувани и неповолни временски услови.Пејачката веднаш се огласи преку својот официјален Инстаграм профил и ја информираше публиката за промената на плановите, објави Телеграф. - Поради неочекувани и неповолни временски услови, вечервашниот концерт во Крива Паланка за жал е одложен - сподели пејачката со своите следбеници. Сепак, нејзините обожаватели нема да мора да чекаат долго за концертот. Како што изјави пејачката, настапот е одложен за вечерва, 30 август, на истата локација. Брена им се заблагодари на публиката за разбирањето и трпението, ветувајќи им дека ќе им пружи незаборавно време. - Ви благодарам за разбирањето и трпението. Се гледаме утре! Ветувам лудо време! - рече Брена во својата објава. Патем, Лепа Брена неодамна имаше лоша среќа на сцената во Будва, кога падна за време на еден настап, по што ѝ беше укажана помош. Повеќе пати кршеше раце и нозе За потсетување, југословенската ѕвезда Лепа Брена неодамна во подкаст зборуваше за сериозните повреди што ги претрпела во текот на годините, вклучувајќи скршени раце и нозе. Пејачката призна дека речиси сите нејзини екстремитети претрпеле повеќекратни фрактури, нагласувајќи колку нејзиното тело било изложено на голем стрес и напрегање. - Јогата многу ми помогна, бидејќи се скршив самата. Ги скршив и левата и десната нога и десната и левата рака. Скршив сè, и тоа неколку пати - рече Брена во „Восткаст“.Тагови: Крива Паланка Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВРНов скандал го тресе МВР на Панче Тошковски.За 1.400 евра мито, корумпирани структури во рамките на МВР на Тошковски штанцале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси на лица кои ниту посетувале соодветна обука, ниту некогаш полагале испит. Ова е показател до каде е раширена корупцијата во МВР но и закана и за животот на граѓаните! Шемата е криминално едноставна, но нејзините последици се застрашувачки: граѓаните фиктивно пријавуваат изгубена дозвола, а службениците на Тошковски во системот незаконски им допишуваат „Ц“ и „Д“ категории. Поради оваа мафијашка мрежа во МВР, во овој момент на нашите патишта се движат над 300 потенцијални убијци - лица кои без обука возат тешки товарни возила или превезуваат патници со автобуси. Ова е континуитет на хаосот, криминалот и неспособноста кои владеат во изминатите две години со Тошковски на чело на МВР. Додека Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и не си ја работи својата работа во МВР е хаос. Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој се е вклучен во оваа криминална шема? Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство? Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола? СДСМ бара итна, независна и темелна истрага од Јавното обвинителство. Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата. И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи. Министер кој дозволил јавната безбедност да се продава како на пазар, нема кредибилитет да остане на функцијата ниту еден ден повеќе, рече Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: ВЛЕН ја уништува виталната врска што ја обезбеди ДУИНа 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница .На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница каде што требаше да се поврзе со обиколницата и автопатот Скопје - Блаце. ДУИ обезбеди 2 милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот „Словенечка“, како и 6 милиони евра за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, средства кои беа префрлени на Град Скопје. Овој проект не беше случаен. ДУИ планираше целосна инфраструктурна поврзаност, бидејќи автопатот Скопје - Блаце нема целосно значење без модерен, функционален и достоинствен влез во Скопје од правецот на Косово. Денес, единствениот влез во Скопје што нема форма на булевар е токму влезот од Косово. Град Скопје го имаше проектирано булеварот, а беа водени разговори и со стопанствениците од подрачјето на Визбегово. Значи, ВЛЕН немаше потреба да измислува ништо ново, туку само да продолжи и да го реализира виталниот проект што ДУИ го подготви и финансираше. Но денес, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, ВЛЕН ги пренасочува и ги насочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен доказ за неспособноста да се разберат и реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однос на поврзувањето Скопје - Блаце. Истата неспособност и лицемерие беа потврдени и со автопатот Скопје - Блаце, кој ДУИ им го остави подготвен и спремен за реализација, додека ВЛЕН го одложи за две и пол години и го поскапе проектот за над 30 милиони евра. Не може да се зборува за автопатот Скопје - Блаце, а истовремено да се отстрануваат средствата за патот што треба директно да го поврзе со Скопје. Автопатот без булеварот „Хасан Приштина“ е непотполна врска, додека одлуката за пренасочување на овие средства покажува дека ВЛЕН нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект. ДУИ ја имаше проектирано и буџетирано целата врска, од границата со Косово до Скопје. ВЛЕН, дури и готовите проекти што ги наследува, успева да ги одложи, да ги поскапи и да ги оштети, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40