Дневен хороскоп за 1. јануари 2020 година , Среќна и успешна Нова година ! - Канал 5

Дневен хороскоп за 1. јануари 2020 година , Среќна и успешна Нова година !

Дневен хороскоп за среда, 1. јануари 2020 година. 

Дневен хороскоп за 1. јануари 2020 година , Среќна и успешна Нова година !

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома.

Кариера

Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе.

Кариера

Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. Затоа ќе бидете многу задоволни.

Здравје

Верувајте во подобри денови.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни.

Кариера

Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни.

Здравје

Треба повеќе да се рекреирате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете.

Кариера

Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате.

Здравје

Служете се со интуицијата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце.

Кариера

Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок.

Здравје

Бидете подготвени на соработка.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава.

Кариера

Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега.

Здравје

Имате право на одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок.

Кариера

Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери.

Здравје

Добро е што не ги комплицирате работите.

Лав 23.7.- 22.8.

Љубов

Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени.

Кариера

Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни.

Здравје

Читајте меѓу редови.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите.

Кариера

Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место.

Здравје

Бидете она што сте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило.

Кариера

Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони.

Здравје

Прошетајте се на воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени.

Кариера

Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата.

Здравје

Ќе бидете меланхолични.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки.

Кариера

Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења.

Здравје

Не се натпреварувајте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговорите

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговорите.

Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела доколку не се вратат на преговорите

Коментарите во интервју за „Фокс њуз“ беа емитувани додека двете земји разменуваа оган четврти ден по ред.

Трамп претходно ја поништи заканата за воведување такса од 20% за целиот товарен превоз низ Ормутскиот теснец, но продолжи со блокадата на иранските пристаништа.

„Следната недела ќе биде навистина лошо за нив“, рече Трамп. „Ќе ги срушиме сите нивни електрани. Ќе ги срушиме сите нивни мостови освен ако не седнат на маса и не преговараат“, рече тој.

Комесарот за човекови права на ОН, Фолкер Турк рече дека „според меѓународното право, намерното напаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“.

Во изјава доцна синоќа, американскиот адмирал Бред Купер рече дека Иран „намерно ги таргетирал цивилите“ во регионот со напад на седум комерцијални бродови, што резултирало со „убиство, исчезнување или повреда на речиси десетина цивилни членови на екипажот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе : „Шпанија беше подобра“

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, не бараше изговори по поразот од 2:0 од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство.

Мбапе : „Шпанија беше подобра“

Со головите на Микел Ојарзабал од пенал и на Педро Поро, „Црвената фурија“ се пласираше во своето прво финале на Светското првенство по освојувањето на титулата во 2010 година.

Франција не успеа да најде одговор за поседот на топката и контролата на играта на противникот, што по натпреварот го призна и капитенот Мбапе.

„Мислам дека не ја одигравме играта што ја сакавме, ниту тактички, ниту технички. Кога не го правиш она што треба во полуфиналето на Светското првенство, не можеш да победиш“, изјави Мбапе.

Напаѓачот на Реал Мадрид истакна дека Шпанија останала доследна на својот стил и успеала да го наметне темпото што го посакувала.

„Шпанија остана доследна на својот план за игра. Тие се тим што сака да ја контролира топката и темпото. Нашата цел беше да вршиме висок притисок и да ги спречиме да го наметнат својот ритам, бидејќи се подобри од нас во контролирањето на играта. Не успеавме во тоа и направивме премногу технички грешки.“

Мбапе смета дека еден од клучните проблеми била надмоќта на Шпанците во средниот ред, поради што Родри и Фабијан Руиз имале доволно време да организираат напади.

„Не знаевме како да ги загрозиме во моментите кога тоа беше најпотребно. Уште од почетокот имаа бројчана предност од тројца против двајца во средината, а против Шпанија е многу тешко да се игра на тој начин. Не ги вложивме сите потребни елементи за да стигнеме до финалето.“

Франција сега ја очекува мечот за третото место против поразениот тим од вечерашното полуфинале меѓу Аргентина и Англија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“

Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“: Иднината на кинематографијата- вештачката интелегенција како алатка, а не како закана.

Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“

Во рамките на годинашното издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото“, во изминатите два дена во просториите на „ЕУ хаус“ (EU House) во Струмица и во Дојран се одржа стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“. Настанот, кој предизвика голем интерес кај филмските професионалци и ентузијасти, беше реализиран со финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа“.

На работилницата се говореше за иднината на кинематографијата под влијание на вештачката интелигенција, како и за трансформацијата на филмските професии. Главни говорници на настанот беа Милош Џукелиќ, филмски продуцент од Србија, Момчило Алексиев, експерт од Бугарија, и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

Српскиот продуцент Милош Џукелиќ порача дека филмските креативци не треба да чувствуваат страв од новата технологија, туку треба да ја искористат вештачката интелигенција како моќно орудие во својата работа.

„Сигурно ќе се промени состојбата во филмот, многумина ќе ја загубат работата, но победници на овој процес на користење на вештачката интелигенција ќе бидат оние кои ќе успеат да се прилагодат и кои ќе научат да ја користат и како креативно средство, но и како помагало. Тоа е всушност една совршена алатка доколку умееме да ја користиме, но и мошне опасна доколку не умееме. Би ја споредил со огнот кој може да запали нешто, а човекот, пак, кога го открил огнот завладеал со светот – така е и со вештачката интелигенција“, изјави Џукелиќ.

Во однос на неизвесноста што ја носи брзиот технолошки напредок, бугарскиот експерт Момчило Алексиев истакна дека иако е тешко точно да се претскаже иднината, филмската уметност дефинитивно ќе опстане, но со променети процеси на работа.

„Како и секоја нова технологија, и вештачката интелигенција доаѓа со прашањето дали ќе исчезнат некои професии или ќе се појават нови. Од денешен аспект може да се рече дека ќе се променат некои професии и некои процеси на работа. Ова е најточното што може да го кажеме во овој момент, бидејќи условите и технологијата напредуваат толку брзо што е тешко да се претскаже. Јас сум оптимист во поглед на тоа дека киното ќе остане кино и ќе гледаме филмови, макар биле снимени и со вештачка интелигенција. Но, сепак зависи од нас дали ќе финансираме такви процеси, како ќе ги регулираме и на кој начин ќе се пристапува кон неа“, заклучи Алексиев.

Работилницата успешно ги отвори клучните прашања за креативниот потенцијал, етиката, регулацијата и финансирањето на проекти кои користат AI алатки, потврдувајќи дека адаптацијата кон новите технологии е клучна за идниот развој на регионалната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер