ХороскопДневен хороскоп за 1. февруари 2020 година Дневен хороскоп за сабота, 1. февруари 2020 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте. Кариера Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место. Здравје и совет Прифатете го неизбежното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта. Кариера Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. Здравје и совет Посилни сте од другите. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени. Кариера За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат. Здравје и совет Поработете на својата дисциплина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого. Кариера Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво. Кариера Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив. Здравје и совет Не возете ако сте возбудени. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос. Кариера Извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно. Здравје и совет Зголемен апетит. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно. Кариера Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите. Здравје и совет Не ги надминувајте своите можности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик. Кариера Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени. Здравје и совет Јадете повеќе овошје. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно. Кариера Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите. Здравје и совет Бидете подискретни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Кариера Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат. Здравје и совет Ќе имате голем апетит. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов. Кариера Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите. Здравје и совет Во добра форма сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство. Кариера Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални. Здравје и совет Скромноста сепак е доблест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЖивотХакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“Хакиран крипто-гигантот Binance: „Најголемиот грабеж во историјата“. Откриен идентитетот на сторителите.„Binance“, најголемата светска берза за криптовалути, синоќа потврди дека во хакерски напад биле украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари, пренесува BBC. Компанијата соопшти дека, со помош на партнерски платформи, успеала да замрзне приближно половина од таа сума, додавајќи дека ќе ги „покрие сите настанати загуби“. Првичните внатрешни проверки укажуваат на тоа дека пробивот веројатно потекнува од компромитиран лаптоп што му припаѓал на еден од нивните инженери, што му овозможило на напаѓачот неовластено да повлече огромни парични суми. Истрагата укажува на познати севернокорејски хакери. Компанијата за истражување на сајбер-безбедност „TRM Labs“, која во своите истраги користи вештачка интелигенција, го припишува овој пробив на севернокорејската хакерска група „TraderTraitor“. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорд – кражбата од 2025 година на берзата „Bybit“, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. „Оваа проценка ја даваме со висок степен на сигурност“, наведуваат од TRM Labs во својот извештај, додавајќи дека неколку елементи од нападот целосно се совпаѓаат со претходни операции поврзани со режимот во Пјонгјанг, вклучително и инцидентот со Bybit. Ари Редборд, главен аналитичар во TRM Labs, изјави за BBC дека овој грабеж претставува „пресвртна точка“, каква што крипто-индустријата досега нема доживеано. Тој додаде дека сторителот сè уште поседува огромна сума од украдените средства, што значи дека потрагата по нив всушност допрва започнува. Од Binance не одговорија директно на прашањето на BBC за можна поврзаност со Северна Кореја, туку само наведоа дека „тесно соработуваат со органите на прогонот за да ги идентификуваат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ХороскопДневен хороскоп за 30. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 30. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter