ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 1. август 2019 година Дневен хороскоп за четврток , 1. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен. Кариера денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста. Здравје и совет Не ја критикувајте саканата личност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни. Кариера Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите. Здравје и совет Во работењето е среќата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали. Кариера Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат. Здравје и совет Добро размислете пред да делувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот. Кариера Би можело да дојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин. Здравје и совет Ви недостига дисциплина. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм. Кариера Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни. Здравје и совет Ви се зголемува апетитот, не претерувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право. Кариера Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте. Здравје и совет Нема веќе пречки. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат. Кариера Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава. Здравје и совет Слушајте се себеси. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате. Кариера Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден. Здравје и совет Нервоза. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат. Кариера Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските. Здравје и совет Согледајте ја целината. Бик 21.4- 20.5. Љубов На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи . Кариера Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете. Здравје и совет Држете се до професионалните критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете. Кариера Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода. Здравје и совет Зајакнете си ја мускулатурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни. Кариера Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат. Здравје и совет Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook