ХороскопДневен хороскоп за 1. април 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 1. април 2025 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики. Кариера Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи. Здравје и совет Нервоза и немир. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли. Кариера Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство. Здравје и совет Радувајте се на личните успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти. Кариера Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму. Здравје и совет Не се брзајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму. Здравје и совет Ќе бидете среќни. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми. Кариера Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив. Здравје и совет Побарајте весели содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери. Кариера Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува. Здравје и совет Ќе бидете малку забавени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување. Кариера Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро. Здравје и совет Посетете стоматолог. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите. Кариера Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни. Здравје и совет Ограничете ги калориите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи. Кариера Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува. Здравје и совет Зацврстете си го телото. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов. Кариера Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден. Кариера Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка. Здравје и совет Смирите се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го. Кариера Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата. Здравје и совет Се чувствувате одлично.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНедела на јапонски филм во Кинотеката – шест филмски приказни со бесплатен влезОд 4 до 10 ноември 2026 година, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи Недела на јапонски филм. Публиката ќе има можност да проследи шест остварувања што ја претставуваат разновидноста на јапонската кинематографија – од семејни драми и трилер до анимација и историска приказна. Сите проекции започнуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен. Програмата ќе биде отворена во среда, на 4 ноември, со „Чекор“ на режисерот Кен Иизука, емотивна приказна за татко кој, по ненадејната смрт на сопругата, сам ја одгледува својата ќерка. Низ нивното секојдневие, филмот зборува за родителството, загубата и силата на семејната блискост. На 5 ноември ќе биде прикажан „Маскирано одделение“ на Хисаши Кимура, напнат трилер за лекар кој се соочува со опасен натрапник и со тајните на болницата. На 6 ноември следува „Речиси чудо“ на Јуја Ишии, приказна за младоста, добрината и првите љубовни чувства. На 7 ноември на програмата е „Деца на морето“ на Ајуму Ватанабе, визуелно впечатлива анимирана авантура што ја истражува поврзаноста на човекот со морето и природата. Циклусот продолжува на 9 ноември со „Банана? Во ова време од ноќта?“ на Тецу Маеда. Инспириран од вистинска приказна, филмот ја следи решеноста на човек со мускулна дистрофија да живее самостојно и неговите односи со волонтерите кои му помагаат во секојдневието. Неделата на јапонски филм во Скопје ќе заврши на 10 ноември со „Иване: Меч на спокојот“ на Кацухиде Мотоки, историска драма за самурај кој се обидува да започне нов живот, но се вплеткува во опасен заговор во периодот Едо. Преку различни жанрови и авторски пристапи, програмата отвора простор за запознавање со јапонската култура и со приказни за семејството, љубовта, солидарноста и личната слобода. На 11 ноември програмата ќе продолжи во Центарот за култура во Битола, со проекции на „Деца на морето“ и „Чекор“. Сите проекции во Кинотеката се во 19:00 часот. Влезот е бесплатен, без резервации.Тагови: Кинотека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
НБАВидео: Шоуто на Дончиќ на теренот и на прес-конференцијатаЕден од најдобрите свтески кошаркари, Словенецот, Лука Дончиќ продолжи со своите спектакуларни настапи на почетокот од НБА сезоната. Словенечкиот кошаркар со 42 поена, 13 асистенции и седум скока, ги предводеше Лејкерси до убедлива победа од 138–117 над Мајами Хит. Лука погоди шест тројки, што беше негов петти натпревар по ред со најмалку 37 постигнати поени. Ова беше четврти натпревар на Дончиќ со најмалку 40 поени во неговите последни пет настапи. Во тој период, тој имаше просек од неверојатни 43,4 поени, 8,6 скока и 9,2 асистенции. Само претходната вечер, против Торонто Репторс, тој постигна 45 поени и оствари 15 скока. Со оваа победа, Лејкерс стигнаа до учинок од 6 победи и 2 порази. Покрај Дончиќ, се истакна и Остин Ривс со 27 поени, како и Вокер Кеслер, кој забележа „дабл-дабл“ учинок со 15 поени и 15 скока. Словенечкиот кошаркар имаше одличен почеток на натпреварот, што полека но сигурно станува традиција. Само до крајот на првата четвртина, Дончиќ забележа 16 поени, пет асистенции и четири скока, а до полувремето стигна до 24 поени. Во првите четири и пол минути од второто полувреме, тој додаде уште девет поени, помагајќи им на Лејкерси да ја зголемат предноста на 93–74. Потоа, Мајами не успеа сериозно да се врати во натпреварот. Дончиќ, кој минатата сезона ја заврши како најдобар стрелец во НБА, оваа сезона е особено доминантен во првите четвртини, со просек од 15 поени. Исто така, вреди да се напомене дека Дончиќ приреди вистинско шоу не само на теренот, туку и за време на прес-конференцијата по натпреварот. Тој им кажа на новинарите дека е подготвен да одговори на уште прашања, но откако го доби првото, со насмевка стана од столот и си замина. Luka Doncic : "Je veux répondre à plus de questions." Journaliste : "Pourquoi as-tu pris une faute technique ?" Luka : https://t.co/xYuQTYfW9f — TrashTalk (@TrashTalk_fr) November 3, 2026 Прашањето гласеше: „Зошто доби техничка грешка?“ Техничките грешки се чест проблем за Дончиќ; тој често ги добива поради своите реакции или расправии со судиите. Минатата сезона собра 16 такви грешки – само една помалку од Дилон Брукс, кој беше прв во лигата во таа категорија.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо тек е полициска акција во Скопје и Штип поради злоупотреба на службената положба и овластувањеСпоред информациите од МВР на неколлку локации во Скопје и Штип во тек е акција на полицијата за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ .Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип, СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал при МВР, по судска наредба обезбедена од Основното јавно обвинителство Штип вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во врска со сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од страна на Р.Т. раководител на информатички сектор при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. По целосно завршување на акцијата соодветно ќе ја известиме јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00