ХороскопДневен хороскоп за 1. април 2020 годинаДневен хороскоп за среда, 1. април 2020 година.Овен 21.3-20.4. Љубов По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе мечтаете со отворени очи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања. Кариера Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка. Здравје и совет Држете се подалеку од каква било негативност. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено. Кариера Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе. Здравје и совет Не постои совршенство. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни. Кариера Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето. Здравје и совет Имате право. Лав 23.7-22.8. Љубов Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават. Кариера Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите. Здравје и совет Продолжете да истражувате за здравиот живот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа. Здравје и совет Разграничете ги приоритетите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина. Кариера Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив. Здравје и совет Имате поголема сигурност. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска. Кариера Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето. Здравје и совет Бидете активни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Шоуто во кое се впуштивте , се развива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов. Кариера Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни. Здравје и совет Можете да ги решите недоразбирањата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате. Кариера Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши. Здравје и совет Довршете си ги заостанатите обврски. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине. Кариера Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Здравје и совет Користете ги паузите за одмор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Кариера Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови. Здравје и совет Не се предавајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаРасте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно Бројот на жртви од судирот меѓу два брзи воза во близина на Урда, во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на настанот.Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата во Шпанија, објави весникот „Ел Диарио“. Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во среда, кога софтверски проблем предизвикал системот за контрола на сообраќајот на LZB да престане да работи. И покрај ова, контролниот центар му наредил на машиновозачот на возот „Ренфе АВЕ“ да продолжи со нормална брзина, што, според медиумските извештаи, било спротивно на протоколите за безбедност на железницата, кои во такви околности бараат возење со брзина прилагодена на видливоста, не повеќе од 40 километри на час. Слични инструкции му биле дадени и на машиновозачот на возот „Ирјо“, но таа подоцна, во 8:48 часот, го информирала контролниот центар дека нејзиниот воз сè уште е запрен на пругата и не успеал да продолжи да се движи. Според достапните информации, во тој момент не е забележан друг воз што се движи со голема брзина кон запрениот воз Ирјо. Истрагата треба да утврди зошто патувањето продолжило под нормални услови и покрај тоа што безбедносниот систем не функционирал, како и зошто возот Ирјо не се движел од местото каде што бил запрен. Кога системот LZB не работи, управувањето со сообраќајот се префрла на класична сигнализација покрај пругата, додека системот за автоматско сопирање ASFA обезбедува дополнителна заштита. Во такви околности, според железничките правила наведени во извештајот, машиновозачот мора да ја прилагоди брзината за да може да го запре возот ако види пречка. Истрагата за причините за несреќата е во тек.Тагови: жртви Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ.Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски. Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните. Заедно за Брвеница и за граѓаните! Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЧетиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)Брат и сестра, на возраст од четири и две години, починале од вдишување чад додека спиеле, пишува „Романски обсерватор“.Електричен апарат, оставен вклучен за да ја загрее собата, наводно го запалил душекот на креветот, кој потоа почнал да тлее, објави Обсерватор. Мајката на децата исто така била во куќата, но во друга соба, и ја открила трагедијата предоцна. Она што е особено шокантно е што жената претходно била жртва на семејно насилство и самата се грижела за децата. Трагедијата се случила синоќа во градот Талмациу, во округот Сибиу. Околу 19:30 часот, службата за итни случаи 112 добила повик дека една соба во куќата е исполнета со чад. Двегодишно девојче и четиригодишно момче спиеле во собата Во собата работел електричен грејач. Од сè уште непознати причини, неколку парчиња ткаенина паднале врз жешкиот апарат, се запалиле и зафатиле дел од душекот на креветот. „Децата си играа и врескаа, викаа. После тоа, кога влегов во куќата, јадев и погледнав низ прозорецот, видов дека пристигнала спасувачката екипа на SMURD“, рекоа мештаните. Спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот ги пронајдоа децата во несвест, со симптоми на вдишување чад. „Ги слушнав пред малку, си играа во дворот.“ „Ќорбан, неколку чаршафи, не знам, можеби се запали од електричен грејач“, рекоа мештаните. „Децата беа пронајдени во кардиореспираторен застој поради вдишување чад. Мерките за реанимација беа применети околу еден час“, рече Елена Ангелика Бутанеску, лекар специјалист во Општата болница во Сибиу. За жал, децата не реагираа, па лекарите беа принудени да ги прогласат за мртви. „За жал, вечерва се случи трагедија во градот Талмаци. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за сите оние кои користат различни извори на греење во текот на студените месеци“, рече градоначалникот на Талмаци, Јоан Оанца. Децата биле одгледувани само од нивната мајка Децата живееле со нивната мајка во изнајмената куќа каде што се случила трагедијата. Жената претходно била жртва на семејно насилство и била вклучена во програма за заштита до јуни. После тоа, таа била оставена сама и продолжила да се грижи за децата. Кога душекот почнал да тлее, мајката била во куќата, но во друга соба. Според извештајот, таа сфатила што се случува предоцна. „Секако дека биле под надзор. Таа била со нив цело време. Кога излегла низ портата, ги држела за раце за да не им пречат“, рекле мештаните. „Причината за пожарот се утврдува“, изјави Андреа Стефан, портпаролка на Инспекторатот за вонредни состојби на округот Сибиу. „Полицијата презема соодветни мерки за да ги утврди околностите под кои се случил овој настан“, изјави Влад Теодосиу, портпарол на полицијата на округот Сибиу. Телата на децата се преземени од страна на службата за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција. Полицијата отвори кривична постапка под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.Тагови: брат сестра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter