Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 1.5.2019 година Дневен хороскоп за среда, 1. мај 2019 година . Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата друштвеност и денеска ќе ви носи дополнителни поени во љубовта , но внимавајте да не претерате. Кариера Ве очекуваат некои нови потези на управата , но сеуште не е јасно за што станува збор. Треба да се стрпите. Здравје и совет Опуштете се на начин на кој вам ви одговара. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Еден семеен проблем повторно ќе се појави , а вие ќе мора да се ангажирате околу него.Односoт со саканата личност е добар. Кариера Соберете сила и продолжете да го работите она што од вас се бара. Бесмислено е да поставувате прашања на кои нема одговор. Здравје и совет Направете мала пауза или земете краток одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што во моментов ве измачува , ќе го составите во една реченица , но не ја кажувајте уште денеска . Почекајте до утре. Кариера Ве нервираат неработници , зашто вие по природа сте голем работник. Ако треба , бидете строги. Здравје и совет Проверете ја состојбата на автомобилот. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се најдете во многу интересно друштво или на уметнички собир , кој ќе ве поттикне на нови љубовни потези. Кариера Се подготвуваат нови одлуки поврзани со условите на работното место. Не е сеуште дефинирано , но наскоро ќе се случи. Здравје и совет Размислувате за нов стил во животот. Девица 23.8.-23.9. Љубов Друштвеност и комуникативност ќе бидат особините што денеска ќе ги покажете во приватниот живот. Кариера Се повеќе работи и луѓе се фокусдирани на вас и на вашите способности. Од вас сите нешто ќе очекуваат. Здравје и совет Концентрирајте се на крајната цел. Вага 24.9.-23.10 Љубов На сите околу вас ќе им посакате добра забава , а вие ќе се тргнете во сопствениот интимен свет , било сами или во двојка. Кариера Една мала анализа се уште не сте ја довеле до крај. Треба прво да ја завршите , па дури потоа да ги носите новите планови. Здравје и совет Внатрешни двоумења. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ви претстои добра забава , излегување на интересно место или спортски активности што ќе ве поврзат со нови личности. Кариера На работата се појавуваат се повеќе креативци . Толку има многу добри идеи што не знаете што би направиле. Архивирајте ги. Здравје и совет Здравјето ви е одлично. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малото нерасположение ќе се должи на желбата на некој од вас двајцата за доминација. Едната страна ќе се чувствува помалку вредна. Кариера Преостануваат уште неколку потези во една фаза на работењето. Ќе делувате сигурно и смирено ,зашто знаете како треба. Здравје и совет Ослабена циркулација во нозете . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Да се прифати нешто што не ви е драго е знак на зрелост и трпение. Ќе бидете тивки и дискретни. Кариера Очекувате да се појават резултатите од една работа. Треба да бидете трпеливи. Здравје и совет Наскоро се ќе биде јасно. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Луѓето од вашата поблиска околина ќе бараат од вас поголема активност , излегување во природа , што е можност за средби со нови лица. Кариера Некои би сакале да останат дома , но сепак ќе мора барем малку да размислуваат на работата. Здравје и совет Обидете се потрезвено да гледате на работите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да влегувате во расправии зошто нешто е такво какво што е , зашто и самите знаете дека тоа е минливо. На мирен начин одржувајте го односот на вообичаено ниво. Кариера Пред да донесете една одлука , проучете ги финансиските аспекти . Ќе забележите некои нови детали. Здравје и совет Немате здравствени проблеми. Овен 21.3-20.4. Љубов Како и натаму не ви доаѓаат вистинските зборови , ќе успеете да ја покажете љубовта на еден поразличен начин. Кариера Ќе се анализираат вашите знаења , она што до сега сте го постигнале.Врз основа на тоа , наскоро ќе има одлука. Здравје и совет Мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24