Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп 9.5.2019 годинаДневен хороскоп за четврток. 9. мај 2019 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе размислуваат за измени во односите со саканата личност , но подобро ништо да не решаваат или да носат заклучоци. Кариера Многумина ќе треба да бидат на услуга на своите соработници , но нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работата. Здравје и совет Земајте витамини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радоста ќе се меша со нови знаци , кои ќе ви даваат нови инфомации и ќе ве наведуваат на нови љубовни активности. Кариера Важно е денеска да го слушате својот внатрешен глас , зашто тој ќе ви биде најдобар патоказ за успех. Здравје и совет Не зборувајте напразно. Рак 22.6-22.7. Љубов Убавиот развој на личните односи ќе ве натера да ги подобрите со идеја за излегување , каде убаво ќе си поминете. Кариера Тешко е нешто да ве загрози или да ве одврати од она што го работите . Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки. Здравје и совет Одлично се чувствувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои по длабоките анализи ќе почнат да зрачат со самодоверба , па така ќе им пристапуваат на лицата од спротивниот пол . Кариера Финансии и комуникации ќе бидат главно обележје на денот , а во овие активности ќе бидете сериозни и успешни. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе измешате сензуалност со идеализам , а некои ќе бараат и неможни работи. Сепак , ќе се чувствувате добро. Кариера Се повеќе се стремите кон повисоки цели , но за тоа се потребни и знаења. Затоа ќе ве препрашуваат и тестираат. Здравје и совет Не се предавајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно денеска ќе бидете расположени да покажете повисоко ниво на чувствителност отколку вообичаеното. Тоа ќе му се допадне на партнерот. Кариера Ќе ве побараат за соработник или ќе прашуваат за ваше мислење или совет . Бидете објективни и проценувајте без емоции. Здравје и совет Одвојте го деловното од приватното. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Доаѓате до заклучок за важна одлука или фаза што ќе влијае на статусот на вашата врска. Се е под контрола , но не се залетувајте. Кариера Ќе имате силна желба и потреба да ги презентирате своите способности , но нема да добиете можност за тоа. Почекајте малку. Здравје и совет Посветете се на себе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои се можеби цел на додворувачи, денеска ќе бидат под нивно влијание. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Добродушност , наивност и попустливост ќе бидат обележје на вашето однесување кон другите на работа. Здравје и совет Може да покажете мал отпор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци. Кариера Иние пред кои ќе се најде некаков договор , добро нека го проанализираат секој детал , па ќе видат дека не е целосен. Треба да се доработи , дополни. Здравје и совет Почекајте подобро време. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весели дружби и забави ќе се мешаат со интуицијата , што ќе ви овозможи лесно да читате меѓу редови. Кариера Ќе работите вредно и посветено , а во работата ќе внесете и доза креативност. Тоа ќе биде добар обид. Здравје и совет Ви претстои интересен сон. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Подобрување на личните односи ќе бидат поврзани со можност за излегување на итересни места полни со весели луѓе. Кариера Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се се подобри. Здравје и совет Дишете со полни гради. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе се трудат да бидат толку љубезни што ќе ја нервираат другата страна. Ако се не е идеално , прилагодете се и бидете природни. Кариера Ќе чувствувате како стрелката на часовникот да се приближува кон крајната линија зад која почнувате нешто сосема ново. Здравје и совет Трпение , спасение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24