ХороскопДневен хороскоп 21.2.2019 Дневен хороскоп за четврток , 21 февруари 2019 . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје Тадувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје Ќе ширите позитивна енергија. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје Ќе се чувствувате добро во својата кожа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје Бидете мудри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани ИнфантиноПретседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот. Инфантино заработува над пет милиони евра годишно Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА. Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија. Поширок модел на бенефиции Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството. Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз. А Киоменто има посебни привилегии Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс. Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март. Тагови: ФИФА Џани Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа. САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација. Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаIN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница. Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции. Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија. Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter