Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
1Димитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалците
3Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
1Им делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полиција
3„Беше пеколна година“- четворица астронаути излегоа од изолацијата по 378 дена живот како на Марс (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп 12.2.2019Дневен хороскоп за 12.2.2019, Вторник Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние Водолии кои се во тајна љубовна врска, денеска ќе се најдат пред промена на статусот. Кариера Би можеле да препознаете нешто што не го гледаат другите и да делувате во таа насока. Некој можеби нема да ве разбере. Здравје Некои бараат нова терапија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате отворен дух и може да лесно да освојувате . Оние кои имаат партнер , се подготвени се да споделат со него Кариера Студентите решаваат битни прашања, Учениците постигнуваат резултати, стипендистите носат одлуки за стипендии. Здравје Следете ги своите идеи. Овен 21.3-20.4. Љубов Не се откажувајте од заведување и страст , па дури и ако партнерот ви е повеќе од верен. Тоа едноставно е ваш стил Кариера Ќе почувствувате голема поддршка од вашите колеги . Тоа обврзува и ја провоцира вашата одговорност на работа. Здравје Победувате во битка. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе решаваат како да ја зацврстат врската. Она што го замислиле доследно ќе го спроведат на дело. Кариера Средствата што ви стојат на располагање или што сте ги заработиле, денеска ќе сакате да ги потрошите на нешто убаво Здравје Знаете што сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе ви се наметнат ситуации за да поработите на нов начин на изразување и однесување кон личности од спротивниот пол . Кариера Одличен ден за деловни патувања, состаноци или преговори. Работите ќе ви одат од рака. Здравје Полни сте со елан. Рак 22.6-22.7. Љубов Леснотијата со која ќе ги изразувате чувствата , ќе ве зачуди Се ќе покажувате и повеќе од јасно. Кариера Вработените во самостојни професии денеска ќе решаваат како да ја продолжат кариерата. Здравје Движете се и уживајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е денеска да се решите за мали промени на некои заеднички навики , со кои ќе ги освежите меѓусебните односи Кариера Нема да заборавите ниту еден детал. Ќе се потрудите да ја разубавите работната средина. Здравје Здрави сте и се грижите за здравјето. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние кои имаат врска на далечина , денеска ќе решаваат за иднината. Ќе бидете конструктивни. Кариера Ќе утврдите дека ви е важна една соработка со странци повеќе отколку што сте мислеле. Здравје Стабилно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ја анализирате вашата врска и ќе најдете мотив работите да тргнат во нова насока. Кариера Истражете ги новите деловни миожности преку преговори. Не треба сеуште да дефинирате , но може да се информирате. Здравје Бидете трпеливи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно подлабоко ќе се замислите и ќе го преиспитате вашиот статус во врската. Обидете се да бидете што пообјективни. Кариера Работи поврзани со естетика или со изразување на емоции денеска ќе ви бидат во прв план. Здравје Можна е главоболка. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно најдобро ќе се чуствувате заштитени во својот дом. Денеска нема да ве интересираат излегувања. Кариера Нема да ви се работи , зашто ќе ви недостига енергија и мотивација. Сепак, она што морате , одработете го професионално. Здравје Не претерувајте со колачи и благо. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас , па дури и ако сте во врска. Ќе се засили копнежот и спомените. Кариера Во текот на денот најверојатно ќе ви стане јасно во кој правец ја развивате кариерата. Здравје Ве чека подобро утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЖивотИм делеле слатки на децата на Ноќта на вештерките- во нив ставале игли и магнети, реагира германската полицијаДеца во германските покраини Тирингија и Рајнска област-Пфалц откриле метални иглички и магнети во своите бомбони собрани на Ноќта на вештерките, но за среќа никој не е повреден, објавија германските медиуми.Полицијата го истражува случајот како обид за тежок напад, објави германскиот весник „Билд“. Во Винчигероде, Тирингија, деца откриле метални иглички во своите бомбони додека ги одвиткувале, а полицијата верува дека игличките биле намерно поставени таму за да ги повредат децата. Сè уште не е јасно кој ги дистрибуирал бомбоните со опасните предмети. Слична ситуација се случила во Опенхајм, Рајнска област-Пфалц, на Ноќта на вештерките. #Halloween-Horror im Süßigkeitenbeutel! Kinder in #Thüringen und Rheinland-Pfalz entdeckten #Metallnadeln und Magnete in ihren gesammelten Naschereien. Zum Glück wurde niemand verletzt. Die Polizei ermittelt. Was gibt's eigentlich für Arschlöcher. #unfassbar 🔗 https://t.co/oOkWzoYVqa — GoscheUff (@GoscheUff) November 1, 2026 Деветгодишно момче подетално ги погледнало своите бомбони и открило два мали магнети, секој со дијаметар од околу два милиметри, на бомбоните. Неговата мајка била предупредена од објава на Инстаграм и го замолила својот син да ги провери бомбоните пред да ги јаде. Полицијата сега се обидува да открие кој стои зад овие опасни наоди за Ноќта на вештерките, бидејќи сè уште не е јасно од кои домови потекнуваат бомбоните. Затоа, на родителите им се препорачува почесто да ги проверуваат слатките на своите деца. Слични шокантни откритија се случиле и претходно. Во 2025 година, мајка во Кил пронашла бричеви меѓу бонбоните за Ноќта на вештерките на своите деца, се сеќава Билд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитријевиќ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари - Мицкоски го заштити капиталот на криминалцитеДенеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка. Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност. Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група. Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески. Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал. Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија. Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат. Сметки, струја, греење, храна, лекови. Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитутрите се затворени, банкоматите се празни, нема картички. Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат. Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени. Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески. Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага. Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат. Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПремиерот на Белгија поднесува оставка, земјата ја очекува политички земјотрес Белгискиот премиер Барт де Вевер ќе му ја понуди својата оставка на кралот Филип откако разговорите за буџетот пропаднаа, а владата не успеа да постигне договор за мерките за штедење потребни за усогласување со правилата на Европската унија.Според локалните медиуми, повикувајќи се на јавниот радиодифузен сервис VRT, Де Вевер треба да биде примен од кралот денеска, откако неколкучасовните преговори меѓу членовите на владата, кои траеја цела ноќ, завршија без договор. Белгиската влада е под голем притисок да ги намали јавните трошоци и да заштеди околу 10 милијарди евра со цел да се усогласи со фискалните правила на Европската унија, објавува Euronews. Буџетскиот дефицит на Белгија минатата година изнесуваше пет проценти од бруто домашниот производ, што е далеку над дозволената граница од три проценти. Проблемите се дополнително влошени од јавниот долг, кој надмина 735 милијарди евра, или повеќе од 110 проценти од БДП. Според правилата на ЕУ, јавниот долг на земјите-членки не треба да надминува 60 проценти од БДП. Неуспехот да се постигне договор за буџетот веќе имаше влијание врз финансиските пазари. Каматните стапки на белгиските државни обврзници се зголемија, што значи дека земјата ќе мора да потроши повеќе пари за да го сервисира постоечкиот долг. Доколку кралот Филип ја прифати оставката на Де Вевер, Белгија би можела да се соочи со нови избори. Сепак, монархот има можност да ја отфрли оставката или да ја разгледа. Де Вевер под притисок поради блокирање на планот на ЕУ за руските средства Белгискиот премиер е во центарот на вниманието во Европа во последните месеци поради неговото противење на планот на Европската унија за користење на замрзнатите руски средства, вредни околу 140 милијарди евра, за финансирање на помошта за Украина. Овој став му го донесе неформалниот прекар „Кочницарот на ЕУ“, бидејќи неговото противење е една од главните пречки за постигнување договор меѓу членките на ЕУ. Де Вевер претходно предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства за обезбедување заем за Украина може да предизвика сериозни превирања на европските финансиски пазари. Тој, исто така, истакна дека белгиските даночни обврзници би можеле да се соочат со огромни финансиски последици ако имотот еден ден се врати во Русија, а обврската за враќање на заемот остане кај европските држави.Тагови: Белгија оставка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook