Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
2Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
ЖивотДлабока болка: Млада мајка веројатно го поминува последниот Божиќ со децатаМладата Ејми Вилет најверојатно ќе го помине последниот Божиќ со своите два сина, откако на само 25 годишна возраст и била дијагностицирана тешка форма на рак на грлото на матката.Ејми чекала да наполни 25 години минатиот декември за да ги направи потребните испитувања кои покажале лоши резултати. Сега се обидува да издејствива возрасната граница да се спушти и да не мора да се чека 25 години возраст, бидејќи да ја откриела болеста порано, можеби ќе имало надеж. 26 годишната Ејми во јуни направила уште едно испитување кои покажале проширување на болеста и уште еден тумор кој не може да се оперира. Сега стравува дека овој Божиќ ќе биде последниот кој ќе го помине со своите деца, Чарли (80 и Кејлеб (3) и со својот вереник Мајл Бонд. Лекарите прогнозираат лош исход откако туморот на грлото на матката се проширил по други органи во нејзиното тело. Ејми прави се што може да преживее - направила операција, прима хемотерапија, но лекарите велат дека тешко ќе ја доживее 2016 година. - Огорчена сум. Мислам дека не треба да се поставува граница на Папа - тест за рак на грлото на матката особено за жени кои рано родиле деца - вели Ејми и апелира - ако почувствувате дека нешто не е во ред, не чекајте, направете го тестот. - Јас мислев дека тоа не може да ми се случи бидејќи сум млада но ракот не гледа возраст - вели младата мајка. Ејми сака колку што е можно побргу да се венча со својот вереник. Божиќ ќе го поминат дома со децата, а потоа сака да ги одведе момчињата во Дизниленд, париз, и со нив да ја види Ајфеловата кула. Ракот на грлото на матката е исклучително редок кај девојки на толку млада возраст. Затоа здравствените власти сметаат дека скринирањето кај девојки под 25 години може да направи повеќе штета отколку добро. Но, тоа на Ејми можело да и го продолжи животот.../ извор: Дејли меилКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и козиСогласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест. Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината. Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлександар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на СрбијаПретставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија. Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветВидео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. „Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин. Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина. Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“ За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател. “Who is he? He is my friend,” President Trump said as he entered the room to meet with Russian President Vladimir Putin on Thursday. The two leaders met in Shenzhen, China, ahead of their historic trilateral meeting with Chinese President Xi Jinping. https://t.co/Sq7v2MdTqV — CBS News (@CBSNews) November 19, 2026 Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.Тагови: Доналд Трамп Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45