МакедонијаДКСК расправаше за повеќе поднесени пријави за нарушување на изборниот процес, седницата продолжува по паузатаДржавната комисија за спречување на корупцијата денеска на 23-та седница, меѓудругото расправаше и постапуваше по повеќе предмети во врска со изборниот процес за претстојните локални избори. Членот на ДКСК Сервет Демири ја образложи пријавата со наводи за сомневање за прекршување на изборниот процес против Партијата на пензионерите во Пробиштип, во која се наведува дека ја држи во заблуда јавноста дека настапува со независна листа на кандидати за членови на Совет на општината. ДКСК одлучи дека нема основи за постапување и оти за ова е надлежна Државната изборна комисија, односно дека ДИК прави оценка на начинот и постапката за поднесување и утврдување на кандидатските листи. Членовите на ДКСК расправаа и за пријава за сомневање за незаконско постапување во изборниот процес и изборната кампања од страна на директор на основно училиште, кој според пријавата преку мобилна апликација врши притисок врз вработени со цел нивно присуство на партиски настани, како и закани до вработените кои се со договор на дело, дека договорите нема да бидат продолжени доколку не присустуваат на партиските настани. ДКСК пријавата веќе ја достивало до надлежната комисија за следење на нерегуларностите во текот на изборите до Јавното обвинителство на РСМ. Заменик-претседателката Цвета Ристова образложи случај од познат подносител со наводи за сомневање за прекршување на Изборниот законик од страна на раководствто на Правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методи“, дека во изборен процес Факултетот донел одлука за утврдување потреба од вработување на 12 асистенти. Според пријавата се изразува сомневање дека е сторено прекршување на Изборниот законик и обид за партиски вработувања на кандидати фаворизирани од страна на одредени политички партии. ДКСК доставила барање до Фалуктетот за доставување на документација за наводите во пријавата, при што е утврдено дека на седница на Деканската управа на 30 септември е донесен заклучок да се одложи точката за утврдување на потребата за нов наставен кадар и истата да е одложена до крајот на ноември, односно почетокот на декемри. Ристова нагласи дека имајќи предвид дека точката е тргната од дневен ред и дека не е почната постапка за вработување нови лица нема потврда за прекршување на Изборниот законик, поради што членовите на ДКСК гласаа за прекин на предметот. Членовите на ДКСК меѓудругото расправаа и за пријава за законски прекршувања на изборниот процес и на Унизверзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, односно дека по распишување на избори деканот го свикал Научно - наставниот совет и бил извршен избор на тројца продекани. Софија Спасова Медарска, членка на ДКСК, образложи дека по разледувањето на пријавата ДКСК констарирала дека истата не укажува на постапување спротивно на забраните содржани во Изборниот законик бидејќи не станува збор за постапка за вработување на нови лица или за прекин на работен однос, туку за избор на продекани, што се врши со тајно гласање од редот на вработените. Поради тоа и оваа постапка е прекината. Членовите на ДКСК расправаа и по пријава поднесена против министерката за образование, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади и градоначалник за нарушување на изборната регулатива со посетата на ресурсен центар на средно училиште во Скопје на 1 октомври 2025, при што им доделиле училишни униформи и ранци на учениците. ДКСК констатира дека тие постапувале во својство на претставници на органите, со кои раководат, при што не биле прикажани партиски симболи или други материјали кои би укажувале на прекршување на Изборниот законик. ДКСК заклучи дека нема елементи за натамошно постапување. Членот на ДКСК, Зоран Богоевски образложи пријава од непознат подносител за прекршување на изборниот процес и кампањата за локалните избори од носител на Советничка листа на СДСМ, кој дал изјава на прес-конференција за син на претседател на локален огранок на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник за сторен сообраќаен прекршок и пречекорување на дозволена брзина на управување со моторно возило и тоа со цел да добие политички поени. ДКСК констараше дека тука нема елементи за постапување и дека подносителот на пријавата за овој случај може да се обрати до надлежен суд. Членовите на ДКСК расправаа и по повеќе предмети кои не се поврзани со изборниот процес, меѓу кои и неколку неподнесувања на анкетни листови на разрешени членови на управни и надзорни одбори, при што ДКСК до нив доставила барања за уплата на прекршочна глоба. Богоевски ја образложи пријавата за наводи за сомневање за незаконски дејности во постапка за приватизација на државно земјиште и незаконитост во постапка за изградба на бесправно изграден објект на територија на Охрид, на локација која е означена како национален парк. ДКСК побарало од надлежното Обвинителство информација дали постапува во ваков или сличен предмет, при што добила позитивен одговор, поради што членовите изгласаа прекин на постапката. Пред членовите на ДКСК се најде и пријава против јавен обвинител во Основно јавно обвинителство. Билјана Каракашова Шулев наведе дека познат подносител поднел пријава против работењето на обвинителот, по кривична пријава за случај за сеча на шуми, а кој е поврзан со подружница на Јавното претпријатие за Национални шуми. Според пријавата обвинителот и покрај сите наведени докази постапил несовесно и покренал постапка само против физичко лице, а не и против вработени во Јавното претпријатие. ДКСК констатира дека за својата работа обинителот согласно законите одговара пред Јавното обвинителство на РСМ, поради што и пријавата ќе се достави до Обвинителството. Членовите расправаа и за случај со градоначалник, кој е пријавен дека нему блиско правно лице гради без одобение за градба на наведени катастарски парцели. Пријавата е доставена и до Обвинителството во Струмица. ДКСК за утврдување на фактичката состојба побарала информации од Обвинителството, при што им било укажано дека е оформен предмет со наводи за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластувања“, а постапката е во фаза на прибирање докази. ДКСК поради тоа ја прекина постапката по оваа пријава. Седницата ќе продолжи по дадената пауза. Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook