МакедонијаДКСК: Од 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење ниту една не е процесуиранаДржавната комисија за спречување на корупцијата за време на петгодишниот мандат оформила вкупно 2872 предмети од кои 2788 биле по пријави од областа на спречување на корупцијата, а 84 предмети се оформени по сопствена иницијатива.При тоа решени се 2451 предмети, а биле поднесени 59 иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица и 56 иницијативи за покренување постапка за крвично гонење. Ниту една иницијатива за кривично гонење не била процесуирана, изјави претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на брифинг со новинарите по повод завршување на мандатот. -Од нашите иницијативи за кривично гонење доставени до јавните обвинителства досега нема ниту една јавно обвинителска одлука што стасала до суд, не само од овој состав туку од постоењето на оваа институција од 2002 година навака со исклучок на „Бачило“. Тоа се вкупно над 200 иницијативи за кривично гонење кои излегле од овде во последните дваесетина години како постои оваа институција, вели Ивановска. За тоа што треба да се преземе понатаму за ова да се промени, таа смета дека прашањето треба да се постави во правосудните органи, каде, како што посочи се потребни коренити промени, но, додаде дека и секоја институција треба да си ја врши работата за која е надлежна. -Недостига вторииот миомент, а тоа е спровбедување на нашите одлуки и тоа не само на ДКСК, туку на независните тела. Вие го читате извештајот на ЕК, секоја година се повторува една иста препорака - институциите да постапат понатаму по иницијативите, по препораките на независните тела, за да можат предметите да си имаат своја завршница. Со носење на Кривичен законик за 24 часа, со кој што се намалија казните, со поништување на над 200 предмети, и со еден процент доверба во судството, резултатите се такви какви што ги гледаме. Значи прво треба да бидеме јасни пред себе дали сме за искрена борба против корупција, или за декларативна, посочува Ивановска. Прашана за што се најмногу задоволни од својата работа, таа ги наведе 56-те иницијативи за покренување постапка за крвично гонење и 59-те иницијативи за утврдување одговорност на раководни и службени лица, кои практично, вели, се иницијативи за разрешување на високи функционери. -Сите тие се однесуваат на високи профили на функционери, и сите се поткрепени со доказен материјал кои Обвинителството требаше да ги има предвид, да не ги третира како пријава од обичен граѓан. Затоа што дел од тие наоди се потпираат на ревизорски извештаи. Горди сме и на сите иницијативи до Уставен суд иако беа отфрлени - и за поранешен претседател ни држеше иницијативата, и за „Бехтел и Енка“ за носење на законот по кратка постапка, затоа што Уставот се крши со тоа, но така функционира државата и час поскоро тоа треба да се промени, вели Ивановска. Таа истакна дека би можеле многу повеќе да направат доколку условите кои биле потребни за нивна работа биле побрзо исполнети, при тоа укажа на електронското поднесување на анкетните листови, кое стартуваше дури последната година од нивниот мандат. Во однос на тоа дали во нивниот мандат се соочиле со притисоци или закани, таа вели дека не се соочиле со такви ситуации, но и дека нивниот јавно изнесен став бил своевидна брана за евентуални такви обиди. Според неа, притисоците биле јавни, како што се соопштенија од тројцата вицепремиери кои коментирале наоди на ДКСК, потоа настапот на ЈО кога кажа дека ја прекинува соработката. - Ние на сите тие јавни притисоци сме имале и јавни одговори, вели Ивановска. Како своевиден притисок членот на Комисијата Владимир Георгиев ја посочи кривичната пријава поднесена против него како резултат на нивната иницијатива поднесена во Обвинителството против Наумче Мојсовски директорот на Агенцијата за млади и спорт за предметот со ваучерите, за која вели дека е поткрепена со факти, со нивни истражувања и со наоди во Извештајот на ДЗР. -Во Обвинителство постапката е во тек, се очекува да видиме дали ќе има од ЈО одлука. Исто така, побаравме од Владата да биде сатавен на одговорност директорот, Владата го отфрли тоа, а јас заработив тужба за клевета од директорот бидејќи си ја извршував својата службена должност, вели Георгиев. Георгиев информира и дека неодмана добиле известување од Обвинителството дека се отвфрла и нивната иницијатива за кривично гонење против службени лица во Управата за матична евиденција, иако вели во постапката за иницијативата учествувале со свои наоди и Финансиската полиција и Управата за заштита на личните податоци кои констатираа сериозни недостатоци и неправилности во работењето на оваа Управа. За членот на Комисијата Нури Бајрами, очигледно е дека политиката нема волја за реформи, бидејќи вели институциите им служат за наградување на партиските кадри со поставување на раководни функциии. -Треба да се направи хибридна институција од повеќе институции, чиј дел би била и ДКСК, а крајната одлука би била на Обвинителството за организиран криминал за да можат предметите да се завршат побрзо во разумен рок. Бидејќи за некои иницијативи немаме одговори и по три години, вели Бајрами. На новинарско прашање во врска со злоупотребата на службени возила од страна на техничкиот премиер, Ивановска изјави дека три дена пред крај на мандат ништо нема да поднесат и очекува да реагираат од Кабинетот на Грковска од аспект на етичко однесување и злоупотреба на користење на службени возила. -Системот треба да функционира и понатаму. Нашето е до тука. Повеќе пати сме укажале на злоупотреба на службени возила и службени простории. И досега биле предупредувани тие функционери, но резултат е тој, дека предупредувањата не се доволни. Треба да се има малку поригорозни мерки во тој дел. Причина за повторување на ваквото однесување е неказнивоста, дали сте виделе некој да би казнет за злоупотреба на служебни возила. Ние дадовме предлог регистрациите на сите службени возила да бидат обоени во една боја и да бидат достапни на граѓаните да видат и да следат како се движат функционерите со службени возила, но од 2021 година овој предлог не се спроведува затоа што нема искрена волја да се спречат вакви злоупотреби. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска по повод завршување на мандатот изрази задоволство што за време на својот мандат се обезбедени потребните просторни услови и кадровскиот капацитет, зголемен е буџетот на институцијата, за што вели главна поддршка добивале од меѓународните организации. Со издадените платни налози за утврдени прекршувања на законот, во Буџетот на државата биле слеани околу 7,8 милиони денари. Очекува повеќе резултати од новиот состав на ДКСК во однос на делот на евидентирање и следење на имотната состојба, бидејќи сите промени до 2023 година тие ги внесувале рачно, а од лани е во функција новиот софтвер кој е поврзан со соодветните институции и тие промени се добиваат автоматски. Актуелниот состав на ДКСК ќе одржи уште една седница в понеделник во рамки на својот мандат. Новиот состав на ДКСК кој беше избран од Собранието ќе стапи на должност на 8 февруари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05