2Од вирусот Западен Нил во Европа починале 130 лица- заразата се шири на север, состојбата е сериозна
Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
1Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
МакедонијаДКСК не може да утврди коруптивни елементи при јавните набавки во време на КОВИДДКСК не може да утврди коруптивни елементи при јавните набавки во време на КОВИД поради системски слабости и вонредни услови.Најголем дел од јавните набавки за стоки и услуги во време на КОВИД-пандемијата биле спроведени со преговарање без објавување оглас поради итност. Антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска на седница одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат пред се на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација“ во целиот свет. Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), образложувајќи го предметот соопшти дека во нивната анализа избрале одредени јавни набавки на неколку институции – Владата на РМ – Генерален секретаријат, Град Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, ЈЗУ Клиничка болница Штип, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Општина Бутел, УКИМ – Медицински факултет. Од нив побарале и добиле документација за набавките, а од Државниот завод за ревизија побарале ревидирање на постапките за да се утврди незаконитост при спроведувањето и ДЗР го објавил извештајот на неговата веб-страница. Извештајот нотира бројни слабости при реализација на договорите за набавките и не е обезбедена задоволителна транспарентност, посочи Николовска. Поради итност на набавките не е вршено квалитетно планирање на набавките и покани за преговарање се доставени до помал број економски оператори и без анализа на количините на средства и опрема што се потребни. Дел од тендерските документации не им обезбедувале на економските оператори целосни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките и не е обезбедена конкурентност за економските оператори. При анализата ДКСК предвид ги имала и полугодишните извештаи од мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации кои, како што рече Николовска, постојано укажуваат на огромни разлики во цените за набавка на ист производ. -Проценетите вредности на набавките и натаму се многу високи од цените добиени на тендерите што може да упатува на ризик од намерно оставање простор за склучување договори по висока вредност за да има доволно место за коруптивни елементи. При набавка на реагенси, посебно во здравството, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата, што, пак, содржи ризик од плаќање високи цени за реагенси и можности од корупција. Овие наоди и состојби тешко дека можат да се поврзат со коруптивно постапување или да се квалификуваат како злоупотреба на службена должност туку упатуваат на системски слабости во законите, но и на неспособност на државните органи, пред се на Владата и Министерството за здравство, да воспостават систем на ефикасни јавни набавки за време на посебни услови, истакна Николовска. Посочи на вонредните услови во кои се правеле набавките и пречките со кои се соочувале економските оператори – зависност од увоз поради немање сопствено производство, обезбедување на транспортот врз кој влијаело и затворените граници итн. -Во една таква хаотична ситуација која владееше не само во Македонија, туку во целиот свет, кога побарувачката за овие стоки беше изместена од нормала на светско ниво, сметам дека е прилично големо постигнување да се обезбедат потребните средства, па дури и во поголеми количини за да се спасат човечки животи, рече Николовска. Постојниот закон за јавни набавки, посочи таа, предвидува спроведување централизирани јавни набавки преку одредено тело – механизам кој не бил искористен во услови на вонредна состојба. Не е искористена можноста Министерството за здравство да биде тело за централизирани набавки или да изготвува единствени технички спецификации со утврдени норми за квалитет за заштитни маски, мантили, скафандери, визири, ракавици, каљачи, средства за хигиена за сигурност на персоналот, спецификации што ќе се користат од сите јавни здравствени установи. -Се увидоа слабостите во Законот за јавни набавки и нужно се наметна потребата од дополнување и измени, но и одредби кои ќе ги дефинираат постапувањата на органите во време на вакви големи ситуации. Од сето ова произлегува дека во анализираните постапки ДКСК не можеше да потврди дека постојат коруптивни активности, иако е возможно, зашто секогаш постои воено профитерство, но битно е што треба да направиме во иднина за да не ни се случи истото, рече Николовска во заклучокот да се запре постапката за јавните набавки во време на КОВИД-пандемијата. Според ДКСК, треба да се воведе база на референтни цени и така да се надмине шареноликоста на цените за ист производ што го набавуваат различни институции. На седницата на Антикорупциската беше укажано и на проблемот од тоа што голем број договорни органи ангажираат надворешни фирми (правни лица) за спроведување на јавните набавки наместо за тоа да бидат задолжени лица од вработените. -Ова е голем простор за корупција бидејќи немаме увид кои фирми се ангажирани, на кој начин се поврзани со договорните органи, рече Николовска. Проблем и натаму се јавните набавки на добра кои не може да се класифицираат како неопходни во услови на КОВИД, а и во сегашната економска криза. Тука беа посочени набавките на возила во рангот на луксузни. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска соопшти дека се набавени 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, рече, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на КОВИД. -Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила, рече Ивановска. Меѓу предметите за кои денеска расправаше ДКСК беше и анонимна пријава против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за злоупотреба на средства и ресурси при организација и посета на настан во јануари во Бугарија за заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија. На предлог на Владимир Георгиев, член и потпретседател на ДКСК, беше заклучено пријавата заедно со наводите и документите што ги прибрала ДКСК при постапувањето да се проследат до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска зашто, како што рече, има елементи што упатуваат на повреда на Кодексот за етичко однесување на членови на Владата. СОЗР во соработка со МНР била задолжена за координација на превоз на новинари и сместување за наведениот настан. Според пријавата, вработени во СОЗР за хотелско сместување биле пријавени како новинари. Во пријавата против директорот на СОЗР имало и други наводи за можни злоупотреби за други патувања во странство и користење службени возила за приватни цели. Во однос на предметот од непознат пријавувач дека судијата и претседател на Управниот суд Бурим Сејдини ја злоупотребил службена положба со изборот на Муамед Сејдини за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Антикорупциската утврди дека нема елементи на непотизам помеѓу двете лица и ја запре постапката. Имено, тие се трети братучеди што е шести степен роднини по крв од странична линија и не е повреден член од законот за спречување корупција и судир на интереси кој опфаќа лица во брачна заедница и роднини по крв од странична линија до четврти степен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноВо мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистинаМишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја. Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот. Никој не ги известил властите Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато. Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN. Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години! Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар. Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб. „Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа. „Бев без зборови од шок“ Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата. Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња. Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“. Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник. „Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа. Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.Тагови: мртовечница покојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
СветИзраелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување Италијанските обвинители објавија дека покренуваат истрага против израелскиот министер за одбрана Израел Кац и голем број високи воени, полициски и затворски службеници. Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на римскиот обвинител објави дека случајот се заснова на сомневања за тортура, киднапирање, нанесување телесни повреди, грабеж и штета. Горенаведените дела наводно се извршени во текот на 2025 и 2026 година, кога израелските сили пресретнале конвои со бродови на пат кон Газа. Assalto alla Flotilla, indagato a Roma anche il ministro della difesa Katz. Il pm di Roma: 'Sugli attivisti della Flotilla trattamenti degradanti. Mancato rispetto diritti basilari. I ministri Israele indagati per tortura e sequestro' #ANSA https://t.co/LEUdEr1YZE — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) October 16, 2026 Постапката е покрената врз основа на жалбите на 50 италијански граѓани. Тие беа приведени откако учествуваа во две мисии на Глобалната флотила Сумуд, едната помеѓу септември и октомври 2025 година, а другата помеѓу април и мај 2026 година. Кац сè уште не одговорил на барањето за коментар. Уште во јуни, Бен-Гвир ја отфрли веста за истрагата и рече дека „ќе продолжи гордо да стои со нашите борци“. Детали за жалбите против израелските сили Според обвинителството, активистите приведени по првата мисија пријавиле тепања, повреди, закани со смрт, навреди и обвинувања за тероризам. Учесниците во втората мисија, како што е наведено во соопштението за медиумите, пријавиле уште построг третман, што вклучувало тепања во темница и употреба на зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми. Истражителите идентификувале повеќе лица од воениот и полицискиот команден ланец кои биле вклучени во тие операции. Покрај Кац и Бен-Гвир, обвинителството именувало уште 12 високи израелски функционери од воениот, полицискиот и затворскиот систем како осомничени. Началникот на Генералштабот Ејал Замир е меѓу нив. Flotilla, i pm di Roma: «Sugli attivisti trattamenti degradanti, tortura e sequestro di persona». Indagato anche il ministro della Difesa israeliano https://t.co/qFnQgRLGjC — Corriere della Sera (@Corriere) October 16, 2026 Меѓународна правна соработка Обвинителите потврдија дека во јуни испратиле барање до Израел за правна помош. Тие побарале информации потребни за реконструкција на настаните и утврдување на индивидуалната одговорност. Не е наведено дали израелските власти одговориле на барањето. Исто така, беше потврдено дека се водени разговори со Евроџаст, агенцијата на ЕУ за судска соработка. Причината е што слични истраги за истите две мисии се спроведуваат во други, неименувани европски земји. Италијанскиот закон дозволува злосторствата извршени во странство против италијански граѓани да бидат судени во Рим. Статусот на осомничен во Италија не значи признавање на вината, ниту автоматски води до судење. Меѓутоа, ако истрагата покаже дека обвинувањата се основани, обвинителите можат да поднесат формално барање за покренување судска постапка. Организаторите на флотилата нагласуваат дека целта на мисијата била да се пробие израелската блокада на Газа и да се достави хуманитарна помош. Израел, од друга страна, ја смета својата поморска блокада на Газа за легална.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБританците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата Велика Британија ќе забрани порнографска содржина што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство .Велика Британија ќе забрани порнографија што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство и возрасни кои лажно се претставуваат како деца под 16 години од 6 ноември, објави владата. Мерките беа објавени по меѓупартискиот притисок поради загриженоста за негативното влијание на таквата содржина врз жените и девојчињата, објави Скај њуз. „Владата има обврска“ Британските пратеници рекоа дека новите правила би можеле да доведат до тоа земјата да воведе некои од најстрогите прописи за интернет порнографија во светот. Министерката за правда на Велика Британија, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата има обврска да го преполови насилството врз жените и девојчињата во следните 10 години, нагласувајќи дека штетната порнографија сè уште е лесна за пристап преку интернет. Таа нагласи дека целта не е да се криминализира безопасно сексуално однесување, туку да се спречи ширењето на содржина што може да влијае на перцепциите за здрави врски, особено кај младите луѓе. „Може да ја замагли линијата...“ „Содржината што го нормализира или дури и го величи насилството врз жените е опасна и може да ја замагли линијата помеѓу она што е прифатливо во реалниот живот“, рече Дејвис-Џонс. Според студија од 2024 година на Институтот за давење, повеќе од една третина од возрасните на возраст од 16 до 34 години изјавиле дека доживеале давење или задушување барем еднаш за време на консензуален сексуален однос. Анкета спроведена од истата организација покажа дека 43 проценти од сексуално активните млади на возраст од 16 до 17 години изјавиле дека биле изложени на такво искуство.Тагови: порнографија девојчињата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11