Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаДКСК констатирала прекршок според Законот за спречување на корупција и судир на интереси кај професор ДКСК констатирала прекршок според Законот за спречување на корупција и судир на интереси кај професор и заменик директор на Институтот за сточарство и рибарство при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј".Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатирала прекршок според Законот за спречување на корупција и судир на интереси кај професор и заменик директор на Институтот за сточарство и рибарство при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методиј". Членот на Комисијата, Зоран Богоевски на денешната 20 седница, информираше дека ДКСК констатирала дека службеното лице сторило прекршок според Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Му бил доставен записник и прекршочен платен налог, како и постапка за порамнување со издавање на прекршочен платен налог. Во законскиот рок, лицето ја платило предвидената глоба. Оформен е предмет против службено лице заменик директор на Институт при Универзитет ,,Свети Кирил и Методиј" Скопје. Богоевски појасни дека до ДКСК, од страна на страна на Државниот инспекторат за земјоделство, било доставено известување и барање на мислење, дали постои судир на интереси, на одредено лице, редовен професор при Институтот за сточарство и рибарство. Имено, имало деловни активности меѓу Институтот и одредено правно лице, кое било предмет на инспекциски надзор од страна на Инспекторатот. Инспекторатот информирал дека правното лице било со регистриран рибник и мрестилиште и тепро центар. Од страна на Инспекторатот при инспекциски надзор било констатирано дека во правното лице, согласно на тековната состојба во Централен регистар, косопственик се јавувало лице, сопруга на службено лице вработено како професор во Институтот. Предмет на записникот биле одредени деловни односи воспоставени помеѓу правното лице и Институтот. Професорот, имал и договор за остварување на дополнителна работа во правното лице. ДКСК оформила предмет, со цел да се испита постоење на потенцијален судир на интереси. Следувало обраќање до Институтот, за доставување на документација. Оттаму ги доставиле бараните документи. - Утврдивме дека лицето има договор за вработување со Институтот, како професор. Институтот со правното лице имал воспоставено деловно - техничка соработка, со договори во 2016 и 2019 година. Во повеќе наврати, Институтот има набавено од правното лице рибен материјал, исплатени се 243 илјади денари. Имало соработка и во делот на експериментални истражувања за изработка на магистерски теми и докторски дисертации, објектите на правниот субјект се ползувале од страна на Институтот како опицен центар, без да се плаќа паричен надоместок кон правното лице, појасни Богоевски. Согласно на документацијата, професорот имал согласност од Институтот, десет часа неделно дополнително работење. Богоевски предложи предлог одлука, постапката против службеното лице заменик директор на Институт за сточарство и рибарство при Универзитет да се запре, бидејќи се констатирало дека службеното лице имало извршено уплата на пропишаната глоба по издадениот прекршочен налог за констатиран прекршок, а согласно одредбите на законот за спречување на корупција и судир на интереси. - Врз основа на наведеното а имајќи во предвид и дека во врска со постапувањето на службеното лице е констатирано дека се нашло во состојба на судир на интереси, ДКСК согласно на законот за спречување на корупција и судир на интереси, ќе достави иницијатива за утврдување на одговорност до научниот совет на Институтот за сточарство и рибарство при Универзитетот, како надлежен орган за негово именување, подвлече Богоевски. Предлог одлуката, беше едногласно изгласана. На седницата, се донесени повеќе одлуки, во врска со постапувања за конкретни предмети.Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со температура до 21 степенВремето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗвонко Давидовиќ и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Звонко Давидовиќ и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 18. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 18. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете сѐ што доаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook