ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник - Канал 5

ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник

Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси (ДКСК) денеска на седница донесе одлука до надлежен орган да иницира постапка за случај спротивен на Законот за спречување корупција и судир .

ДКСК ќе иницира постапка за користење автобуси на јавно претпријатие за изборно рекламирање на градоначалник

Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси (ДКСК) денеска на седница донесе одлука до надлежен орган да иницира постапка за случај спротивен на Законот за спречување корупција и судир на интереси во којшто за време на локалните избори автобуси на јавно претпријатие биле дадени за рекламирање на кандидат за градоначалник од истата општина. По проверката од ДКСК утврдено е дека нема склучен договор за издавање на автобусите за овие цели, а бидејќи ДКСК не е надлежна за натамошно постапување таа ќе биде проследена до надлежен орган.

Антикорупционерите го прифатиле приговорот на пратеничка која требала да плати прекршочна глоба бидејќи не пријавила дека нејзината ќерка и син основале Друштво за градежни работи, трговија и услуги, откако било констатирано дека тие не живеат на истата адреса со неа. Како што на седницата објасни членот на ДКСК Сервет Демири, пратеничката до ДКСК доставила докази дека нејзините деца не живеат на истата адреса со неа така што, согласно законот, таа немала обврска да го пријави основањето на Друштвото.

До Комисијата стасала пријава за поткуп на полициски службеници, но пријавата ќе биде проследена до МВР бидејќи антикорупционерите не се надлежни да постапуваат.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ реферираше за пријава за жена која била на породилно отсуство, а се кандидирала и станала советник во одредена општина. Комисијата ја отфрли пријавата, во која било наведено дека жената користи средства од државата за породилно отстуство и како советник. Чучуљ посочи дека според нашето законодавство не постои таква забрана и оти тоа не е спротивно на законот.

На денешната седница членовите на Антикорупциска рзгледуаа повеќе предмети за можен судир на интереси и корупција, а дел од нив се однесуваа на актуелни и поранешни градоначалници кои не поднеле навреме анкетни листови за имотната состојба или нејзина промена. Најголем дел од оние за кои имаше оформено предмети, како што беше посочено на седницата, во законски предвидениот рок од осум дена ја платиле предвидената глоба.

Претходно на истата седница ДКСК го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси потребно е унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за дигитализирање на процесите на креирање на финансиските извештаи, со цел да се овозможи одговорно, отчетно и транспарентно водење на процесот.

Претседателот на ДКСК Чучуљ, сумирајќи ги наодите во извештајот, посочи дека иако постојат основни механизми за финаниско известивање и јавна отчетност, нивната ефикасност не е доволна поради правилата, кои се дизајнирани, особено во однос на локланите избори, кои се одржуваат во два круга, со голем број учесници. Тој посочи дека овие слабости во значаен дел се повторуваат и во претходните изборни циклкуси и посочи дека се потребни законски измени за усвојување подобри решенија.

Чучуљ истакна дека моделот на финасирање останува домнантно зависен од јавните средства, како и од внатрешнопартиски извори на учесниците. Проверливоста на финансирањето е ограничена, како што рече Чучуљ, поради системски пропусти.

ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави, како и по сопствена инцијатива, кои се однесваат на прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интересите, за 38 предмети е донесена одлука, а за пет случаи потсапувањето е во тек.

Во однос на регистерот на службените возила на државните органи, Чучуљ реке дека од 1.514 институции, оваа обврска била исполнета од 635 институции, кои доставиле податоци, а 879 не доставиле податоци.

Вкупните приходи од финансирањето изборна кампања биле приближно 569 милиони денари, при што наголемиот дел - 46,7 отсто се од средствата за платено политичко рекламирање, а потоа следуваат донации од правни, физични лица...Трошоците за кампањата изнесувале речиси 301 милион денари, а најголемиот дел од средставата бил насочен кон рекламирање и пропаганда - 76 отсто, за одржување предизборни митинзи и собири се потрошени 8,3 отсто, за стручни услуги и истражувања 7,3 отсто, за транспорт и логистика 4,4 проценти, за репрезентација 1,8 отсто, за изнајмување простор 1,4 отсто.

Извештајот ќе биде доставен до Собранието, а од понеделник ќе биде објавен и на веб-страницата на ДКСК.

На денешната седница Софија Спасова-Медарска беше избрана за заменик-претседател на ДКСК во следните шест месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бијонсе продава празна дрвена кутија за 840 евра: Не е нормална (ФОТО)

Музичарката Бијонсе денеска го слави својот 45-ти роденден, а воедно ја одбележува и 20-годишнината од објавувањето на нејзиниот втор албум, B'Day. 

Бијонсе продава празна дрвена кутија за 840 евра: Не е нормална (ФОТО)

По тој повод, таа издаде неколку ограничени производи за официјална продажба. Еден предмет особено го привлече вниманието на нејзините обожаватели, познат како „Hive“. Станува збор за дрвена кутија наречена „Bey Keeper Collector's Box“, која е наменета за складирање и прикажување на колекција винил плочи.

Кутијата е достапна во ограничено издание од само 500 парчиња, а нејзината цена е 948,01 американски долари, или 838,95 евра.

Обожавателите не се воодушевени

Иако обожавателите на Бијонсе се познати по нивната бескомпромисна поддршка на секој нејзин потег, оваа кутија сепак не ги воодушеви. Повеќето од нив изразија изненадување од цената на производот на социјалните мрежи, особено затоа што кутијата е празна.

„За таа цена, очекувам да скокне од кутијата и да настапи“, „Кутијата? Дали си во неа?“, „Не очекував дека Бијонсе денес ќе се обиде да ми продаде празна кутија“, „Ја сакам Бијонсе, но илјада долари за кутија не се нормални“, „Не е нормална“, „Никој нема да плати за тоа“, напишаа тие на социјалните мрежи.

Цена со посебно значење

Цената од 948,01 американски долари не е избрана случајно. Броевите одговараат на нејзиниот датум на раѓање, 4 септември 1981 година, кој во американскиот формат е напишан како 9/4/81. Бијонсе го споменува тој датум во воведот на песната „Get Me Bodied“ од албумот B'Day.

Статус на милијардерка и нови проекти

Бијонсе е една од најбогатите музичарки во светот. Списанието Форбс потврди на почетокот на 2026 година дека нејзиното богатство надминува една милијарда долари. Нејзината светска турнеја „Каубој Картер“ беше најпрофитабилна во 2025 година, а нејзината турнеја „Ренесанса“ во 2023 година се смета и за една од комерцијално најуспешните во историјата.

Заедно со реиздавањето на албумот „Б'Деј“, обожавателите очекуваат најава за третиот дел од нејзиниот музички проект во три чина. Трилогијата започна со албумот „Ренесанса“ посветен на денс музиката, а продолжи со кантри албумот „Каубој Картер“.

Се шпекулира дека третиот албум би можел да биде од рок жанрот. Бијонсе веќе имаше екскурзии во рокот, на пример во песната „Don't Hurt Yourself“, а соработуваше и со музичари како Тина Тарнер и Принс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Шпанија ќе биде уништена земја (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за GB News дека Шпанија ќе стане „уништена земја“ поради мигрантската криза во Сеута, шпанската енклава во Северна Африка.

Трамп: Шпанија ќе биде уништена земја (ВИДЕО)

На 30 јули, Сеута беше преплавена од повеќе од 70.000 нелегални мигранти од Мароко. Иако голем број мигранти се вратија во африканската земја, илјадници останаа, а бројот на сексуални напади исто така се зголеми.

Трамп коментираше за тековната криза, истовремено критикувајќи ги и трошоците за одбрана на Шпанија. „Шпанија ќе биде уништена земја, а јас имав свои проблеми со Шпанија затоа што Шпанија не се однесува многу добро кога станува збор за НАТО. Тие не плаќаат она што треба да го плаќаат. Тоа е многу тажно“, рече тој.

Санчез се спротивставува на зголемувањето на трошоците за одбрана

На самитот на НАТО во Хаг во 2025 година, 32-те членки на алијансата во голема мера се согласија да потрошат пет проценти од БДП за одбрана до 2035 година, со 3,5 проценти за „основна одбрана“ и 1,5 проценти за трошоци за безбедност поврзани со одбраната.

Шпанија силно се спротивстави на целта на Трамп. Социјалистичкиот премиер Педро Санчез рече дека целта од пет проценти „не би била само неразумна, туку и контрапродуктивна“. Земјата моментално ја исполнува постојната цел од два проценти на НАТО, но се спротивставува на зголемувањето на трошоците на пет проценти, тврдејќи дека сегашните нивоа на трошоци се доволни.

Трамп го предупреди GB News дека Велика Британија се соочува со сопствена мигрантска криза, иако е помалку видлива од онаа во Сеута.

„Се надевам дека другите земји ќе го решат овој проблем, како Обединетото Кралство, каде што и вие имате свои проблеми, иако тие не се толку видливи како оваа. Знаете, немате илјадници луѓе кои едноставно брзаат во земјата. Никогаш не сум видел нешто слично“, рече тој.

Шпанците масовно излегоа на улиците поради кризата во Сеута

Големиот прилив на мигранти во Сеута следеше по одлуката според која мигрантите што пристигнуваат по море во шпанската енклава не можат автоматски да бидат вратени во Мароко, како и одлуката на Санчез да го легализира статусот на околу еден милион мигранти.

Сепак, шпанскиот премиер ги обвини групите за трговија со луѓе и дезинформациите на интернет за мигрантскиот бран што ја потресе Европа, додека отфрли каква било вмешаност на Мароко. Само пред неколку дена, Санчез рече дека Израел и Русија се одговорни за ширењето на погрешни информации. Двете земји го отфрлија тврдењето.

Во среда, илјадници демонстранти излегоа на улиците во градовите низ Шпанија за да го осудат справувањето на шпанската влада со мигрантската криза. Демонстрантите во енклавата скандираа: „Сеута не е на продажба, Сеута мора да се брани“.

Многу демонстранти, исто така, побараа оставка од Санчез, а протести се одржаа и во други градови, вклучувајќи ги Мадрид, Барселона и Билбао. Владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија на крајот се извини за шокантниот прилив на мигранти во Сеута.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии и пожари во омиленото летувалиште на Путин, гори и брод (ВИДЕО)

Војската на Украина изврши повеќекратни напади врз рускиот град Сочи, а меѓу целите беа руски брод нападнат од дрон и складиште за нафта.

Експлозии и пожари во омиленото летувалиште на Путин, гори и брод (ВИДЕО)

Украинската морнарица објави снимки на кои се гледаат пламени по нападот со беспилотно летало врз брод. Морнарицата објави дека бродот „Нефрит“ е дел од руската поморска и енергетска инфраструктура. Се користел за поддршка на операциите за нафта и гас, одржување на офшор платформи, транспорт на товар и персонал и за подводни технички работи.

Во текот на ноќта, неколку руски канали на Телеграм прикажаа снимки од пожар во складиште за нафта, кој наводно следел по воздушен напад. Според локалните извештаи, пожарот избувнал во центарот на Сочи, во близина на пристаништето, но точниот објект сè уште не е идентификуван.

Повеќе одделни извештаи укажуваат дека една од експлозиите се случила во близина на рускиот противвоздушен систем „Панцир“ во пристаништето. Сепак, не е познато дали самиот систем е засегнат. Во времето на објавување, „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди овие извештаи или да ја процени големината на штетата.

Напад врз руската логистика и финансии

Украина ја таргетира руската енергетска и поморска инфраструктура како дел од пошироката стратегија за намалување на изворите на финансирање и логистичките линии за воените операции на Москва.

Само во текот на јули, според достапните информации, украинските сили погодија десетици руски бродови во Црното и Азовското Море. Меѓу нив имаше танкери и други бродови што Киев ги смета за дел од таканаречената „флота во сенка“ на Русија. Украина објави дека само на 21 и 22 јули погодила 13 такви бродови, од кои десет товарни бродови, два реморкери и еден танкер.

„Флотата во сенка“ на Русија е мрежа од бродови што транспортираат санкционирана руска нафта низ целиот свет. Сопственоста на овие бродови се крие за да се заобиколат западните ограничувања. Според регистарот на украинската влада, до мај 2026 година се идентификувани повеќе од 1.400 вакви бродови. Ова се често стари и лошо одржувани бродови што пловат под знамињата на трети земји.

Таа флота е клучен извор на приход за Москва. Проценките велат дека овие бродови транспортираат околу 75 проценти од санкционираната руска нафта, а Кремљ ја финансира војната против Украина со профитот од продажбата.

Важноста на Сочи како цел

Летувалиштето Сочи е важна цел за Украина. Градот е познат како „втор главен град“ на Русија и е дом на официјалната летна резиденција на рускиот претседател Владимир Путин. Сочи е исто така омилена дестинација на руската елита, а се наоѓа помеѓу 650 и 700 километри од украинската граница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер