ДКСК ќе иницира постапка до надлежен орган против заменик министер - Канал 5

ДКСК ќе иницира постапка до надлежен орган против заменик министер

ДКСК ќе иницира постапка до надлежен орган против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори.

ДКСК ќе иницира постапка до надлежен орган против заменик министер

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска на денешната осма седница информира дека ќе иницираат постапка до надлежен орган против заменик министер за донесување на 189 решенија за распоредување на вработени за време на избори.

Таа нагласи дека на 28.6.2024 година до ДКСК пристигнала претставка од познат подносител со укажување за сторена повреда на член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 став 1 алинеја 3 од Изборниот законик. Како што посочи, наводите се однесуваат на заменик министер на одредено Министерство при што се донесени вкупно 189 решенија, од кои 98 решенија се однесуваат за хоризонталнораспоредување на вработените во Министерството, 68 решенија за унапредување кои имаат финансиски импликации врз буџетот на Министерството и 23 решенија за распоредување со кои што им се намалува платат на вработените.

Димитровска неодамна образложувајќи го Годишниот Извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците одговарајќи на пратеничко прашање соопшти дека оформиле предмет против претходниот заменик министер за внатрешни работи за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупција.

На денешната седница претседателката на Антикорупциска објасни дека ДКСК ја обезбедила целокупната документација од надлежните институции со цел потврдување на фактичката состојба.

- Од извршениот увид во целокупната документација доставена од Министерството по оформениот предмет, ДКСК следната фактичка состојба – на 14.2.2024 година претседателот на Собранието донесе решение за распишување на избор на пратеници и за избор на претседател на Република Македонија. На ден 30.5.2024 година, ДКСК донесе заклучок со завршување на изборите за пратеници. Согласно член 3 од Законот за изменување и диполнување на Законот за Владата, по престанување на функцијата на министер, заменикот на министерот во Министерството ја презема надлежноста односно ја врши функцијата министер наредниот ден по денот на објавување на конечните резултати од ДИК за спроведените избори за пратеници во Собранието. На ден 31.5.2024 година, заменик министерот ја презема надлежноста за раководење со министерството, односно бил назначен за заменик министер се до избор на новата влада. На 23.6.2024 година, Собранието ја избира новата Влада на Република Македонија. Во периодот од 31.5.2024 до денот на изборот на Владата 23.6.2024 година во Министерството од страна на заменик министерот донесени се вкупно 189 решенија, 98 решенија за хоризонтално распоредување, 68 за унапредување и 23 решенија за распоредување со кои на работниците им се намалува основната плата, рече Димитровска.

Таа објасни дека согласно член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на судир на интереси, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до денот на завршување на изборот на претседател на Република Македонија се до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица, постапки за престанок на работен однос освен во случај на итни и неодложни работи.

-Од фактичката состојба за случајот, ДКСК утврди дека наводите изнесени во поднесената претставка се основани поради тоа што содејствијата преземени од страна на заменик министерот по однос на донесените решенија за распоредување не се испочитувани забраните утврдени во член 34 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и член 8 а став 1 алинеја 3 од Изборниот законик, односно донесени се решенија за распоредување во период кога се уште не бил завршен изборот на Влада. Исто така, ваквото постапување е спротивно и на член 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, односно претставува повреда на начелото на законитост согласно кое никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување, службената должност и положба за извршување или пропуштање дејствија што според закон не смее. ДКСК констатира дека во конкретниот случај наводите содржани во пријавата за сторени повреди на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Изборниот законик се основани, поради што предлага постапката да се запре. Се констатира повреда на законските одредби и за констатираното прекршување на законските одредби ДКСК ќе постапи во рамките на своите законски надлежности, ќе донесе одлука од нејзина надлежност и ќе иницира постапка до надлежен орган, рече Димитровска.

Претседателката Димитровска на почетокот информира дека во рамки на денешната седница планирано е да се реферираат предлог-одлуки за вкупно 123 предмети, од областа на имотната состојба ќе се реферираат 60 предмети, од кои 53 предмети имаат предлог-одлука за постапката да се запре поради застареност, седум постапки од областа конкретно за проверување на имотната состојба, 51 предмет од областа на сомнеж од корупција и 27 предмети со сомнежи од судир на интереси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер