3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
МакедонијаДКСК до ОЈО ќе достави анализа за склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10ДДКСК до ОЈО ќе достави анализа за постапувањата на државните органи при склучувањето на договорот за коридорите 8 и 10Д ,Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 99-та седница ја презентираше анализата на одлуките при носењето и склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10Д со Бехтел и Енка и донесе одлука таа да се достави до Основното јавно обвинителство за нивно понатамошно постапување. Членот на ДКСК Катица Николовска, изнесувајќи го предметот, посочи дека од доказите кои што ги обезбедиле во текот на постапување, на некој начин ги натерало да направат анализа за состојбите и постапувањата на државните органи при носењето одлуки, при носењето на законот и склучувањето на договорот за градба на коридорите 8 и 10Д со Бехтел и Енка. - Меморандумот е потпишан, но јавно не е објавен досега. Потоа група пратеници поднесува предлог закон и по 15 дена се носи во Собранието. Тој се применува како „лекс специјалис“ и исклучува примена на други закони. Ваквото постапување на Владата упатува на усогласено постапување и низа активности со цел обезбедување незаконски поволности. Активностите на владини претставници согласно нивните наводи за склучување на договорот, може да се оценат како спротивни на законот за лобирање, изјави Николовска. Ако се земе во предвид дека договорот за градење на 109 километри автопат во вредност од 1,3 милијарди е со ознака доверливо, Николовска посочи дека тоа отвора сомнеж за потенцијална корупција. - Договорот што го баравме од Владата со Бехтел и Енка по голем број преписки го добивме, но не целосно. Без голем број анекси. Од таа причина не навлеговме во оценка на договорот во целост, изјави Николовска. Постојат, нагласи Николовска, индиции за несоодветно и незаконско постапување на одредени лица. - Во делот на носење на законот немаме што многу да интервенираме. Мојот предлог е да ја усвоиме анализата од постапувањата на државните органи при склучувањето на договорот. Анализата да се достави до ОЈО за нивно понатамошно постапување. Знаеме дека постапуваат, пробавме, но не можевме да стапиме во контакт со нив. Анализата заедно со одлуката да биде објавена на нашата веб страна, појасни Николовска. Анализата на ДКСК, како што беше посочено по нејзиното презентирање покажува дека постојат ризици од корупција, но дека засега нема ништо конкретно и дека надлежните институции треба да продолжат да го следат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКрвава престрелка во близина на Париз: Маж пукал од автомобил, има мртви и ранети Најмалку едно лице е убиено, а неколку други се ранети во пукотница што се случи утрово во департманот Ивлин, во западниот дел од регионот на Париз, кога маж отворил оган од возило на улицата, објавија француските медиуми.Според извори запознаени со случајот, осомничениот отворил оган од возило на улиците на градовите Трап и Ла Вериер околу 10:30 часот, објави BFM. Мажот отворил оган на улица во Трап, во Ивлин, користејќи автоматска пушка, убивајќи едно лице и ранувајќи неколку други, објави Le Parisien, потврдувајќи ги информациите од весникот „Aktu17“. Осомничениот за пукотницата е уапсен од Бригадата за борба против криминалот (BAC), објави парискиот весник, а телевизијата BFM објави дека е уапсен во градот Коањер. Префектурата Ивлин соопшти дека службите за итни случаи моментално реагираат. „Утрово, едно лице отвори оган од своето возило врз неколку луѓе со кои се сретна во Трап и Ла Вериер. Со жалење известуваме за смртта на едно лице во оваа фаза“, напиша градоначалникот на градот, Али Рабех, на Фејсбук. Според претходните информации, најмалку две лица се тешко повредени, а бројот на повредени може да биде поголем.Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05