3Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
Шоу бизЏулија Робертс со ретка фотографија од децата го одбележа нивниот 18. роденден Близнаците Хејзел и Финеус наполнија 18 години.Децата на Џулија Робертс се полнолетни, а нивната славна мајка го одбележа полнолетството со ретка фотографија со нејзините деца на Инстаграм. „18. Ве сакам“, напиша таа покрај фотографијата од минатото на која едното бебе го држи во раце, додека другото седи на нејзиниот стол. Актерката ги роди двете најстари деца во 2004 година, две години откако се омажи за Дени Модер. Три години подоцна пристигна синот Хенри. Робертс и нејзиниот 53-годишен партнер отсекогаш ја чувале својата приватност во своите четири ѕида и ретко давале јавни изјави за своите деца. View this post on Instagram A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) За да се посвети на воспитувањето на своите деца, Робертс направи 20-годишна пауза од актерството. Таа води мирен и нормален семеен живот и напорно работи за да одржува рамнотежа. Нејзините деца ѝ помагаат во домашните работи како што се местење на креветот и перење алишта затоа што, според актерката, тоа се важни животни вештини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор ДалиКреативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата. Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе. Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство. Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз. Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин. Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар. Учеството на работилницата е бесплатно.Тагови: Салвадор Дали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 67 лица за безобѕирно управување на возило.Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: сообраќајни прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМилошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграцииПотпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, денеска оствари средба со потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на Собранието, придружуван од парламентарна делегација.На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете држави, како и подготвеност за нивно натамошно продлабочување преку интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски. Потпретседателот Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија како инструмент за унапредување на билатералните односи, нагласувајќи дека постои значителен простор за зајакнување на соработката меѓу Собранието и полскиот Сејм. Во таа насока, беше нагласено значењето на почестите меѓупарламентарни средби, размената на искуства и соработката меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии. Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на Македонија. Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на нашата држава на патот кон полноправно членство во Европската унија. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет, при што напредокот во пристапниот процес треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати. Соговорниците го истакнаа значењето на политиката на проширување на Европската Унија како важен фактор за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на европскиот континент. Во тој контекст, беше нагласена важноста од задржување на кредибилната европска перспектива на земјите од Западниот Балкан. Во разговорите беше отворено и прашањето за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на можностите за зголемување на трговската размена и поттикнување на меѓусебните инвестиции. На крајот од средбата, двајцата потпретседатели ја потврдија заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи и интензивирање на соработката меѓу законодавните домови на двете држави.Тагови: Антонијо Милошоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter