Шоу бизЏулија Робертс се разведува поради Ричард Гир – драма вредна 225 милиони долари ?!Холивудската ѕвезда Џулија Робертс се разведува од нејзиниот сопруг, камерманот Дени Модер . Разводот би чинел 225 милиони долари , а причината е Ричард Гир.Вчерашната вест веќе денеска е демантирана . И покрај неколкуте најави за развод , сепак Робертс останува со сопругот со кого се во брак 15 години . Медиумите до вчера пишуваа дека се разгорела љубовта на 50 годишната Џулија Робертс со 68 годишниот Ричард Гир уште пред две години на одбележувањето на 25 годишнината од хит – филмот ,,Убава жена “ . Флертот прераснал во врска , што многу го разлутило нејзиниот две години помлад сопруг , 48 годишниот Дени Модер , со кого Џулија има три деца. Според пишувањата на медиумите ваквата авантура би ја чинела Џилија цели 225 милиони долари . Точно е дека брачниот пар има многу проблеми , чести се кавгите и обвинувањата на сопругот дека филмската ѕвезда го изневерува , па се до кавги околу воспитувањето на децата . Но , по 15 години брак малку е можно да дојде до развод . Американските медиуми повикувајќи се на сигурни извори од семејството , велат дека целата афера на џулија Робертс и Ричард Гир е измислена . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветПолитико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруариСојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико. Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година, А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено. Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34