Џулија Робертс ќе добие почесен „Цезар“ - Канал 5

Џулија Робертс ќе добие почесен „Цезар“

Американската глумица Џулија Робертс ќе биде наградена со почесен „Цезар“ за животно дело на 50. доделување на најпрестижните филмски награди во Франција на 28 февруари вгодина, објавија вчера организаторите. 

Џулија Робертс ќе добие почесен „Цезар“

Џулија Робертс се прослави во 1990 година со филмот „Убава жена“ (Pretty Woman). Тогаш имала 23 години, а глумеше покрај Ричард Гир. Потоа сними уште неколку љубовни комедии што постигнаа голем успех, на пр. „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Нотинг Хил“ и „Невестата-бегалка“, а доби и „Оскар“ за улогата во филмот „Ерин Брокович“ од 2001 година. Позната е и по нејзината хуманитарна дејност и заложбите за заштита на животната средина.

И француската режисерка и глумица Ањес Жауи и британскиот режисер Кристофер Нолан ќе добијат почесен „Цезар“. Француската глумица Катрин Денев ќе биде домаќин на доделувањето на престижните „Цезар“ награди, коешто ќе се емитува на ТВ „Канал плус“.

Номинациите треба да бидат објавени на 29 јануари. Минатогодишното 49. издание го одбележа „Анатомија на падот“ на Жистин Трије - доби „Цезар“ за најдобар филм и најдобра режија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката.

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје


По повод големиот државен и национален празник 2ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто во Скопје.


За многу години Илинден! Да живее Македонија!

Скопје, 02.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ноле како вистински капетан заплови со јахтата од 5 милиони евра

Најтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на Вимблдон

Фото: Ноле како вистински капетан заплови со јахтата од 5 милиони евра

Најтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на Вимблдон, а потоа имаше и бројни медиумски активности пред финалето на Светското првенство во фудбал, на кое присуствуваше како ВИП-гост во Њујорк.

Екипа на српски „телеграф“ го улови Ноле зад кормилото на својата јахта вреда 5 милиони евра.
Како вистински капетан Новак марината во Портоново, во местото Кумбор во Бока Которска, Црна Гора заплови со семејството по крајбрежјето.

Во овој дела на Јадран, во близина на комплексот „Портонови“ –Новак Ѓоковиќ поседува луксузен апартман.

https://www.instagram.com/reel/Dbd7HlvyXnT/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна и Дунав пресушуваат. Европа се соочува со економски удар од 126 милијарди евра

Европа се соочува со суша од големи размери по неколкумесечни слаби врнежи, високи летни температури и втор екстремен топлотен бран во рок од само еден месец. 

Рајна и Дунав пресушуваат. Европа се соочува со економски удар од 126 милијарди евра

Според проценките на експертите, економската штета предизвикана од сушите и горештините во Европа би можела да достигне и до 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пренесува ХРТ.

Последиците се видливи низ целиот континент.

Во периодот од април до јуни, на огромни површини од Европа – кои се протегаат од Португалија до јужна Финска – се регистрирани врнежи под просекот за овој период од годината.

Ова, во комбинација со последователните топлотни бранови, ја засили сушата и доведе до невообичаено ниски водостои на реките, особено на Дунав и Рајна.

Влијанието ги надминува рамките на големите речни системи; и алпските езера останаа без вода. Езерото Брене (Lac des Brenets), сместено на швајцарско-француската граница, речиси пресуши и е непроодно за пловни објекти веќе повеќе од една недела.

„Загрижен сум; ова се катастрофи какви што не можевме ни да замислиме. Очекувавме многу работи, но не и суши што се појавуваат една по друга во толку краток интервал. Тоа тешко нè погодува бидејќи едноставно сме беспомошни пред ваквите климатски промени“, изјави Иван Дуриг од Ле Брене, Швајцарија.

Поради сушата, Франција стравува од најслабата жетва на пченка во последните 50 години, додека Шпанија го ограничи пристапот на земјоделците до вода за наводнување. Холандија минатата недела воведе посебни мерки поради недостигот на вода, а на седум грчки острови беше прогласена вонредна состојба.

Екстремно ниското ниво на водата го попречи и транспортот на стока по реката Рајна, принудувајќи ги германските фабрики да го намалат производството. Некои економисти предупредуваат дека прекините во транспортот би можеле да го намалат германскиот економски раст за 0,2 процентни поени.

Бидејќи Рајна ги поврзува индустриските центри на Швајцарија, Германија и Холандија со Ротердам – најголемото пристаниште во Европа – проблемите во речниот транспорт брзо влијаат врз голем дел од европската економија.

Биологот Торстен Ренебарт од Институтот за истражување на езера во Келн ја објасни состојбата на Рајна: „Вообичаено, водостојот е низок во зима, а висок во лето, бидејќи реката се полни со вода од Алпите. Кон крајот на пролетта или почетокот на летото, снегот на Алпите се топи и тогаш обично имаме голем прилив на вода. Сепак, минатата зима имаше многу малку снег, а сега нема вода.“

Научната мрежа „World Weather Attribution“ во своите анализи наведува дека климатските промени не биле причина за значителниот недостиг на врнежи во Европа во периодот од април до јуни. Сепак, научниците објаснуваат дека високите температури и сè почестите топлотни бранови стануваат главниот двигател на сушата. Имено, порастот на температурите ја зголемува способноста на атмосферата да ја извлекува влагата од почвата, реките, езерата и акумулациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер