Џудистите со сребрен медал на Балканското првенство во Грција - Канал 5

Џудистите со сребрен медал на Балканското првенство во Грција

- На Балканското првенство за кадети кое се одржа во Ксанти - Грција во периодот од 13-15 јуни 2014 година, во категоријата до 48 килограми во женска конкуренција Блерина Сефери се закити со сребрен медал.

Џудистите со сребрен медал на Балканското првенство во Грција
Неколку години наназад нашите спортисти освојуваат медали од Балканските првенства во сите возрасни категории.

Горан Мицкоски селектор на кадетската репрезентација на Македонија во џудо е задоволен како ја претставуваа Македонија.

- Сите репрезентативци достојно ги бранеа боите на Република Македонија и спортски докажаа дека се на исто рамниште со своите врсници од сите балкански земји. Им честитам за прикажаните борби, за желбата за победа која беше видлива, за тоа што го оставија своето срце на татамите, за тоа дека беа вистински амбасадори на Република Македонија. Како селектор се гордеам што имаме генерација која ветува и генерација која се чини за прв пат во историјата ќе донесе медал со европски или светски сјај, изјави Мицковски.

Тој упати апел до родителите да не се грижат за нивните деца кога ги оставаат - Родителите треба да се сигурни дека нивните деца се во сигурни раце, нивните тренери се на вистинскиот пат, ние тренерите и селекторите ги водиме и ги воспитуваме, еден ден почитувани тренери и вие ќе го почуствувате она што јас денес го почуствував со Сефери, но нема да биде последен, ние ќе одиме до нај посакуваниот медал, олимпиското злато, потенцира селекторот на џудо кадетите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендот и во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и многу топло време со појава на мала до умерена облачност во текот на денот. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година.

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот.

Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации.

Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата

ИЈЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер