Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот - Канал 5

Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот

-Опозицијата имаше барања и дојде до преговори кои резултираа со Пржинскиот договор, кој би можел да биде модел за Србија. Македонскиот модел би можел да се искористи и прилагоди во Србија,.

Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот

Американскиот експерт за Балканот, Едвард Џозеф изјави дека македонскиот модел може да се искористи за надминување на политичката криза во Србија и дека САД или Европската Унија или поединечни нејзини членки би можеле да посредуваат во преговорите меѓу владата и опозицијата.

Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, синоќа во телевизиско интервју изјави дека има релевантен пример од Македонија, каде што пред 10 години имаше големи демонстрации против тогашниот премиер Никола Груевски.

-Опозицијата имаше барања и дојде до преговори кои резултираа со Пржинскиот договор, кој би можел да биде модел за Србија. Македонскиот модел би можел да се искористи и прилагоди во Србија, на пример, да се дојде до преодна влада во која опозицијата има клучна позиција во власта. И тука потенцијално имате улога на надворешно посредување од САД и владите на земјите-членки на ЕУ или Унијата, кажа Џозеф.

Пржинскиот договор од 2015 година, што го постигнаа македонските водечки политички партии со посредство на Европската Унија, стави крај на политичката и институционалната криза во земјата. Договорот предвидуваше влез на претставници на опозицијата во министерствата, предвремена оставка на премиерот Груевски и формирање преодна влада која ќе ја одведе земјата до општи избори.

Џозеф, исто така, ја коментираше минатонеделната најава на блискиот соработник на американскиот претседател Ричард Гренел, кој сподели видео од протестот на Зрењанин на Твитер, коментирајќи дека е важно да се слушнат различни гласови, но дека САД „не ги поддржуваат оние што го поткопуваат владеење на правото или насилно окупирање на државни институции“.

-Сметам дека е иронично што г-дин Гренел зборува за потребата од почитување на законот кога набргу потоа имавме насилен инцидент во Нови Сад. И владата го признава тоа, поранешниот премиер (Милош) Вучевиќ го наведе тоа како причина за неговата оставка. Самата влада призна дека „имаше насилство и дека оваа насилна реакција против демонстрантите, против студентите е неприфатлива, рече Џозеф.

На прашањето за тоа што српскиот претседател Александар Вучиќ го искористил коментарот на Гренел за да покаже дека ја има поддршката од САД, заедно со Русија и Кина, Џозеф рече дека „не го чита тоа така“.

-Претседателот Вучиќ може да ја толкува изјавата на г-дин Гренел како што сака, но јас не ја толкувам како бланко одобрување од страна на американската влада (на владата на Вучиќ). Јас не ја читам така. Претседателот Вучиќ сака да ја толкува на тој начин. Но, суштината на она што Гренел го кажа за однесувањето и постапките беше веднаш оспорена од она што се случи во Нови Сад, каде поддржувачите на владата извршија насилство, рече Џозеф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.

Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Шкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер