Џошуа: Борба со Вајлдер ќе има оваа година - Канал 5

Џошуа: Борба со Вајлдер ќе има оваа година

Британската боксерска суперѕвезда, Ентони Џошуа (21-0, 20 КО) е речиси сигурно дека до крајот на оваа година ќе има борба за обединување на појасите со шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (40-0, 39 КО).

Џошуа: Борба со Вајлдер ќе има оваа година

Двајцата можеби најдобри боксери на денешницата ги држат сите главни титули во тешка категорија и сакаат да се сретнат, но и покрај долгите преговори, датум за борба се уште нема.

Пред неколку недели Вајлдер објави видео во кое му нуди на својот противник гарантиран приход од 50 милиони долари за да се соочи со него, но промоторот на Џошуа, Еди Херн, ја утврди понудата како ништо повеќе од „маркетиншки трик“, иако тој го прифатил предлогот сериозно.

Говорејќи по победата на неговиот пријател Тони Белју над Дејвид Хеј во саботата вечер, Џошуа изјави дека се чувствува многу убеден дека во даден момент оваа година, дуел со Вајлдер ќе има.

- Дуел со Вајлдер ќе има 95 отсто оваа година. Силно сум заинтересиран за таква средба. Веќе не можеме да зборуваме за финансискиот дел, бидејќи сум сигурен дека ќе има профит од овој дуел. Работиме постојано за оваа борба да се одржи, изјави Џошуа, кој е шампион на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО верзиите.

Ако сепак до договор не дојде, тогаш британскиот боксер веројатно ќе мора да направи задолжителна одбрана против освојувачот на златен олимписки медал и поранешен светски шампион во тешка категорија - Александер Поветкин. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајката на судијата Ристов: Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

-Не ни ги даде Ѓоко, парите се наши,  ги чувавме за стари години, мајката на судијата Ристов на денешното рочеште сведочеше дека созиданите 350 илјади евра биле нивни заработени на пазари од земјоделие а не на нивниот син.

Мајката на судијата Ристов:  Парите се наши, ги чувавме за стари години, не ни ги даде Ѓоко

.Се што ќе останело од паричињата во фолиичка ги ставала зад плочките.. Обвинителката смета дека сведоштвата на родителите немаат некое поголемо значење, а одбраната пак уверува дека имаат аргументи против Обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

 Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.

Напад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот

Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот.

Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација.

Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот.

Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата.

Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер