Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
1Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
2Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
3Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Шоу бизЏорџ Клуни: Насилството врз Меган е како кон принцезата ДијанаМедиумите ја малтретираат Меган Маркел на ист начин како и кај мајката на принцот Хари, покојната принцеза Дијана. Ова го изјави Џорџ Клуни, кој е близок пријател со Војводата и Војвотката од Сасекс. „Тие ја следат насекаде”, изјави тој за австралиските медиуми. Според него, таа веќе е во седмиот месец од бременоста и не треба да се мачи со ова. „Таа е прогонувана и клеветена на ист начин како и кај Дијана. Нејзината приказна се повторува”, додаде холивудската ѕвезда. Џорџ Клуни, исто така, го коментираше писмото што, според британските медиуми, Меган го испратила до својот татко. „Не можам да ви кажам колку ме вознемирува ова … Бев изненаден. Мислам дека е неодговорно “, рече тој. Познатиот актер и жена му Амал беа меѓу официјалните гости на свадбата на принцот Хари и Меган Маркел. Четворицата се добри пријатели, па дури и холивудската ѕвезда треба да стане кум на детето на кралската двојка. Се очекува дека војвотката ќе се породи на пролет. Иако е веќе бремена, таа не престанува со своите обврски и не покажува дека нејзините претставници се загрижени. Меѓутоа, пред еден месец, некои изданија укажаа дека нејзиниот изглед покажал дека е под стрес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСуперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезонаМЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово ќе се борат за трофејот во натпреварот кој на 26 септември ќе се игра во спортската сала во КумановоНовата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“. Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово. Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија. Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија. Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.Тагови: Драган Василов – Цевка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процесиДенес во Собранието на Република Македонија беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.Соработката е насочена кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието. Претседателот Гаши упати благодарност до професорите и тимот на ФИНКИ, до собраниските служби и до сите чинители кои придонесоа за воспоставување на соработката, оценувајќи ја како пример за поврзување на науката, технологијата и институциите во служба на демократијата, ефикасноста и јавниот интерес. Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека оваа соработка претставува важен чекор кон модернизација и дигитализација на работните процеси на Собранието, кое располага со значајни податоци, знаења и капацитети. Целта е да се обединат собраниските капацитети за вештачката интелигенција да го најде своето место во работата на Собранието, на одговорен и безбеден начин. Тој додаде дека во рамките на соработката ќе се работи на подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали, со цел тие да можат да се обработуваат и користат со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција. Проф. Димитар Трајанов - раководител на проектот Везилка и проф. Петре Ламески - декан на ФИНКИ истакнаа дека партнерството со Собранието претставува можност научното и академското знаење да се поврзе со реалните потреби на една од клучните институции во државата. Тие посочија дека преку проектот „ВЕЗИЛКА“ ќе се работи на развој и примена на современи решенија од областа на вештачката интелигенција, при што посебно значење ќе има подготовката и структурирањето на податоците потребни за нивна ефикасна примена. Примената на новите технологии ќе се одвива со почитување на највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката и користењето на податоците, со цел помодерно, поефикасно и потранспарентно Собрание, но и конкретен чекор кон остварување на визијата за институција која ја користи технологијата за подобро да им служи на граѓаните. Во рамките на проектот „ВЕЗИЛКА“, чиј носител е ФИНКИ, предвидено е активностите да се реализираат во периодот од април 2026 до март 2029 година.Тагови: ФИНКИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче. Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад. „Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче. За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година. Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. „Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче. Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата. „Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29