Џорџ Клуни и сопругата Амал се разделуваат- проблем бил начинот на живот - Канал 5

Џорџ Клуни и сопругата Амал се разделуваат- проблем бил начинот на живот

Во медиумите се појавија гласини за развод на Џорџ Клуни и Амал Клуни, но засега нема потврдени информации дека парот всушност се разведува.

Џорџ Клуни и сопругата Амал се разделуваат- проблем бил начинот на живот

Нивниот брак повремено се опишува како „во криза“, а во таблоидите кружат извештаи за несогласувања. Сепак, други вести покажуваат дека тие неодамна прославија десет години брак и изгледале среќни за време на јавните настапи на настани како што се наградите „Алби“, кои ги организираат преку нивната фондација.

Сепак, додека гласините се присутни и конкретни докази за развод во моментов не постојат, медиумите шпекулираат за разводот на Клуни поради наводни несогласувања во нивната врска. Според некои таблоиди, извори блиски до парот тврдат дека тие имаат различни погледи на секојдневниот живот, обврските и кариерата, што наводно довело до дистанца меѓу нив.

Некои од наведените причини вклучуваат различни животни навики, односно таблоидите споменуваат дека Амал не е задоволна од навиките на Џорџ и неговиот пристап кон заедничкиот живот. Има и обврски во кариерата, бидејќи и двајцата се многу успешни и посветени на својот професионален живот. Амал, како адвокатка за човекови права, има многу обврски, додека Џорџ раководи со проекти во филмската индустрија и во фондацијата што ја основаа заедно, а сето тоа се чини дека врши притисок врз бракот.

Постои и прашање на приватност. Нивниот приватен живот често е под лупа на јавноста, што наводно создало дополнителен стрес. Дури и според некои извори, тие наводно живеат одвоено, иако тоа не е потврдено.

Ниту Џорџ, ниту Амал Клуни јавно не објавија заедничка изјава за гласините за развод, но има различни извештаи од неименувани извори блиски до парот. Според некои информации, меѓу нив има несогласувања поради начинот на живот и обврските, што ги поттикна гласините за нивен можен развод. Но, директно од нивна страна нема потврда за раскинувањето на бракот или за конкретните причини за несогласувањата.

Еден од изворите тврди дека изминатите месеци биле предизвикувачки и дека на моменти живееле одвоено. Сепак, една статија во Економик тајмс сугерира дека потегот на Џорџ Клуни, кој предизвика гласини за брачни проблеми, е поврзан со неговиот наводен план да префрли дел од неговите средства во безбедни засолништа.

Тоа беше протолкувано како чекор во подготовка за потенцијален развод. Беше споменато и дека Клуни поминува повеќе време одвоено од Амал, што дополнително ги поттикна шпекулациите за несогласување меѓу нив.

Според извештаите, ова не е директно потврдено од парот, туку се заснова на тврдења од анонимни извори и медиумски шпекулации, при што Клуни наводно решил да го спаси бракот на крајот бидејќи сфатил колку му е важна Амал. Овие потези изненадија многумина, со оглед на нивниот досега хармоничен имиџ во јавноста како пар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер