Џордан Теодор пристигна во Скопје - Канал 5

Џордан Теодор пристигна во Скопје

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков од денес ќе може да смета на натурализираниот Македонец Џордан Теодор кој претпладнево пристигна во Скопје.

Џордан Теодор пристигна во Скопје


- Џордан Теодор е во Скопје! Сениорската репрезентација е комплетирана!, објави Македонската кошаркарска федерација преку својот Фејсбук профил.
27-годишниот Теодор е играч на Банвит и беше прогласен за најкорисен играч изминатата сезона во ФИБА Лигата на шампионите на ФИБА. Се очекува да биде од голема помош за Македонија во претквалификациите за СП против Естонија и Косово.

Репрезентативците се наоѓаат во Маврово каде до крајот на тековната недела ќе ги одработуваат „висинските“ подготовки. По пет дена во Маврово, македонската репрезентација на 8 јули треба да замине за Словачка каде ќе одигра пријателски двомеч со домашната селекција. Потоа следи натпревар во Скопје против соодветната селекција на Бугарија, неколку дена пред почетокот на традиционалниот турнир кој се одржува в Скопје, „Трофеј Македонија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријава

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .

Две кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријава

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ.

Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти Обвинителството

По повеќе од две години истрага, Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи го расчистија убиството на Ацо Трповски, извршено во март 2024 година.

Расчистено убиството на лекарот Трповски, уапсени сопружници од Скопје, соопшти Обвинителството

Уапсени се сопружници од Скопје, при што 65-годишен маж е осомничен за убиство, а неговата 59-годишна сопруга за помагање при извршување на кривичното дело.

Според обвинителството, злосторството се случило на 21 март 2024 година на паркинг во населбата Автокоманда. Осомничената претходно договорила средба со трповски и влегла во неговиот автомобил. Набргу потоа пристигнал нејзиниот сопруг, кој, според сомнежите, по кратка расправија го нападнал трповски со нож, нанесувајќи му девет убодни рани во градите и телото, од кои починал. Автомобилот заедно со телото потоа го одвезле на паркингот кај поликлиниката железара. Обвинителството и за двајцата сопружници бара притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработување

Заменик-министерот за економија  Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори.

Претставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработување

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори на која се разговараше за мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на оперативниот план за вработување.

Преку оваа мерка Ристески вели се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер