Шоу бизЏони Деп од екс сопругата Амбер за клевета бара оштета од 50 мил. долари !?Холивудскиот заводник Џони Деп тврди дека неговата поранешна сопруга актерката Амбер Херд веќе ги минала сите граници. 55- годишниот Деп сега ја тужи за клевета својата екс сопруга и од 32 годишната Амбер бара оштета од 50 милиони долари.Џони Деп ја тужи Амбер за статијата објавена во декември во 2018 година во весникот „Вашингтон Пост“ статија во која Херд пишувала за наводно злоставување во семејството. Популарниот актер во новите документи тврди дека обвиненијата од неговата сопруга се „комплицирана прељуба“ , пренесува „ TheBlast.com. Тужбата против Амбер Херд е поднесена во 1 март во Окружниот суд во Ферфакс во државата Вирџинија, а во неа се наведува како , иако Деп не е именуван во статијата , јасно е дека за него станува збор и дека Амбер мислела исклучиво на него. Актерот тврди дека неговата поранешна сопруга ги преминела сите граници со пишувањето на оваа статија. -Деп никогаш не ја злоставувал Амбер. Нејзините обвинувања против него од 2016 година се лажни, наводно стоело во тужбата. Исто така е нагласено дека актерот по спорната статија претрпел големи последици и загуби, како финансиски загуби поради филмот, како и исфрлањето од продолжението на филмот „Пиратот од Кариби“. Холивудската ѕвезда Џони Деп во тужбата навел и дека Амбер уште кога била во брак со него започнала врска со сопственикот на „Тесла“ Елон Муск, со кого се гледал во вечерните часови, наведува „ The Blast“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партииПо прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело. Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКристијано Роналдо станува продуцент и влегува во ХоливудНајдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд. Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“. 41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија. Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at. Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон. Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market). Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана. Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери. Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“. Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“. За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци. Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа. За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook