Џон Ралстон Сол: Ние сме балансот помеѓу литературата и слободата на изразувањето - Канал 5

Џон Ралстон Сол: Ние сме балансот помеѓу литературата и слободата на изразувањето

Меѓународниот ПЕН Центар е срцето на разноликоста и е многу важно тоа што Министерството за култура на РМ го поддржува учеството на македонски писатели на средби на Меѓународниот ПЕН. Тоа е вратата за промовирање на македонската култура, рече канадскиот писател и есеист Џон Ралстон Сол, претседател на меѓународната писателска асоцијација.


Тој деновиве е во Македонија а денеска по средбата со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска изјави дека е задоволен од поддршката што Македонскиот ПЕН ја добива од Министерството за култура.

- Ние сме најстарата организација на граѓанското општество, дури сме постари и од многу земји, а постари сме и од сите корпорации во светот. Всушност, ние ги имаме измислено организациите на граѓанското општество. Ги носиме сите јазици во повеќе од 100 земји во светот и важно е да се каже дека ние сме балансот помеѓу литературата и слободата на изразувањето. Колку повеќе функционира слободата на изразување, функционира и литературата и обратно, рече Ралстон Сол, кој од 2009 го раководи Меѓународниот ПЕН.

Тој ја пофали програмата за превод на Македонскиот ПЕН Центар, а очекува да се зајакне и Балканската ПЕН мрежа која е формирана пред три години и има 16 земји-членки од Балканот. Рече дека нивното групирање покажува дека регионализмот и интернационализмот функционираат и покрај војната и дека е позитивен пример и за други ПЕН групи. Искуството од Балканот, додаде Сол, ќе го пренесе во Хондурас, Мексико и Никарагва кои ќе ги посети идниот месец во рамки на состанокот на ПЕН центрите од Латинска Америка.

- Хондурас и Мексико се меѓу најлошите земји за слобода на изразувањето. На многумина животите им се секојдневно загрозени. Ќе го користам примерот на Балканската ПЕН мрежа како можат тие да соработуваат, додаде претседателот на Меѓународниот ПЕН.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска рече дека Министерството за култура континуирано соработува со меѓународни организации од културата, а меѓу нив е и Меѓународниот ПЕН Центар и дека ги поддржува меѓународните активности на Македонскиот ПЕН Центар.

- Министерството за култура финансиски партиципира повеќе активности преку кои се интензивира соработката со оваа еминентна писателска асоцијација, како што е и учеството на македонски претставници на годишните собранија на Меѓународниот ПЕН, рече Канческа-Милевска.

Соопшти дека годинава Министерството го поддржува учеството на претставник на Македонскиот ПЕН на 81. Конгрес на Меѓународниот ПЕН во Квебек, Канада, редовно се издвојуваат средства за средби на ПЕН центрите во регионот, ја поддржува средбата на Балканската ПЕН мрежа во Белград, како и за организирање на Регионалната конференција на Македонскиот ПЕН која оваа година ќе се одржи по 15-ти пат во Охрид.
Министерството за култура, рече Канческа-Милевска, финансиски го поддржува и долгорочниот проект „Разноликост“, која во 2003 година го почна Комитетот за превод и јазични права на Македонскиот ПЕН центар во Скопје.

За медиумите таа соопшти дека го информирала претседателот на Меѓународниот ПЕН и за крупните проекти во издаваштвото кои ги реализира Владата на РМ, поддршката на меѓународните фестивали за литература, како и за стимулативната мерка за странски издавачи кои ќе преведат и објават дела од македонски автори.

На средбата во Министерството за култура присуствуваа претседателот и потпретседателот на Македонскиот ПЕН - Ермис Лафазановски и академик Катица Ќулавкова, потпретседателката на Меѓународниот ПЕН Вида Огњеновиќ и Јордан Плевнеш, претседател на Охридската академија за хуманизам која во неделата во Охрид на Џон Ралстон Сол му ја додели Светската награда за хуманизам за оваа година.

Џон Ралстон Сол вечер ќе гостува во Друштвото на писателите на Македонија каде ќе се разговара за состојбите во Меѓународниот ПЕН и за местото и улогата на писателите во актуелните случувања во светот.

Ќе биде претставена и книгата на Сол „Несвесна цивилизација“, која е прво негово дело преведено ан македонски јазик, кое содржи пет негови предавања од 1995 година.

- Тие се мошне актиуелни за современите состојби на Балканот и Европа и особено за Македонија. Се надевам дека книгата ќе наиде на голем интерес меѓу писателите, но и кај универзитетските професори, економисти, правници, естетичари зашто тангира многу прашања од современата култура, наука и образование, рече академик Ќулавкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Светлечкиот меч што го користел Дарт Вејдер во филмовите „Империјата го возвраќа ударот“ и „Враќањето на Џедајот“ е продаден на аукција за 4,87 милиони долари, поставувајќи нов рекорд за колекционерски предмети од серијата „Војна на ѕвездите“.

За рекордна сума е продаден светлечкиот меч на Дарт Вејдер (ВИДЕО)

Мечот бил користен во познатиот дуел за време на кој Вејдер му открива на Лук Скајвокер дека е негов татко, изговарајќи една од најпознатите реплики од филмската сага: „Јас сум твојот татко“, објави АП.

Аукциите „Херитиџ“, кои ја организираа продажбата како дел од „Ултимативната аукција на Војна на ѕвездите“, соопштија дека тоа е најскапиот реквизит од серијата што всушност бил користен за време на снимањето.

YouTube video

Претходниот рекорд беше поставен во јули, кога светлосниот меч на Скајвокер, заедно со реквизит што ја претставува неговата отсечена рака, беа продадени за 3,75 милиони долари.

Аукцијата вклучува и 27 други светлечки мечеви од „Војна на ѕвездите“, како и предмети од сите девет епизоди од филмската серија и други филмови и телевизиски продукции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлодира автомобил во Москва- во него бил советникот на поранешниот премиер на Украина (ВИДЕО)

Автомобил „Тојота“ експлодираше во московското предградие Чертаново, на улицата Кировоградска, а во возилото се наоѓал рускиот пропагандист Сергеј Заворотни (72), кој е повреден.

Експлодира автомобил во Москва- во него бил советникот на поранешниот премиер на Украина (ВИДЕО)

Според првичните информации, експлозијата се случила околу 200 метри откако автомобилот го напуштил дворот на зградата, пишува Украинска правда.

Силата на детонацијата го исфрлила возачот од возилото на патот. Се претпоставува дека експлозивната направа била поставена под возачкото седиште и дека била активирана додека автомобилот бил во движење.

Заворотни претрпел повреди на градите и грбот, како и сериозни повреди на нозете. Според достапните информации, тој ја преживеал експлозијата.

Кој е Сергеј Заворотни?

Заворотни е руски публицист и кандидат за историски науки, кој претходно работел во Државната дума, а бил и советник на поранешниот украински премиер Микола Азаров, кој избегал во Москва откако ја напуштил власта.

Во јули 2015 година, тој учествуваше во основањето на „Комитетот за спасение на Украина“, организација основана од Азаров. Заворотни беше познат по својата поддршка за Кремљ и неговите антиукраински ставови. Тој ја нарече Револуцијата на достоинството во Украина државен удар и го обвини Западот за мешање во внатрешните работи на земјата.

Во извештајот на американскиот Сенат за руското мешање во политичките процеси се наведува дека Заворотни бил офицер на руската служба за надворешно разузнавање и учествувал во операции за влијание. Тој бил поврзан и со медиумскиот проект „Антифашист“ и е еден од авторите на книга чија содржина била насочена против Украина.

Експлозијата во Москва се случи еден ден откако автомобил експлодираше во градот Шушари, во областа Пушкин во Санкт Петербург, на чиј волан, според извештајот, возел руски полковник. Тој почина на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Решена е мистеријата на радио сигналите од вселената, кои се емитуваат на секои 8 минути

Научниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди .

Решена е мистеријата на радио сигналите од вселената, кои се емитуваат на секои 8 минути

Научниците од Универзитетот Куртин и Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR) поврзаа мистериозни радио-сигнали со необичен пар ѕвезди - мртва ѕвезда што ротира околу својата оска на секои осум минути и ѕвезда слична на нашето Сонце, соопшти Меѓународниот центар за радиоастрономски истражувања (ICRAR), објави списанието Nature.

Новооткриениот систем, познат како GPM J071507−114153, се состои од две ѕвезди што орбитираат една околу друга: бело џуџе - густото јадро што останува по смртта на ѕвездата - и ѕвезда од типот G, слична на нашето Сонце.

Ова е прв пат радио-сигнали да бидат откриени од бело џуџе што орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето. Ваквите сигнали обично се гледаат во системи со помали, постудени ѕвезди - црвени џуџиња, што значи дека откритието отвора сосема ново поглавје во истражувањето на вселената.

Овие ѕвездени парови припаѓаат на поширока класа на објекти познати како долгопериодични транзиенти (LPT), кои произведуваат радио-сигнали што се вклучуваат и исклучуваат во интервали од минути до часови. Откако истиот тим на ICRAR го откри првиот таков објект во 2021 година, откриени се уште десетици, а астрономите сè уште работат на нивно разбирање.

Иако неколку претходно откриени LPT системи содржат бело џуџе и друга ѕвезда, не е јасно која од двете ѕвезди ги произведува радио импулсите.

„Ова е прв пат импулсите да се доволно јасни за да се види како белото џуџе се движи во својата орбита околу својот придружник, па затоа знаеме дека пулсациите доаѓаат од регион близу до белото џуџе, или можеби дури и од самото бело џуџе“, рече д-р Сем МекСвини, главен автор на студијата и научник задолжен за Опсерваторијата Square Kilometre Array (SKAO), кој го направи откритието додека работеше како истражувач во филијалата на ICRAR на Универзитетот Куртин, од каде објавија ВИДЕО од феноменот.

Тимот обработи повеќе од 100 часа радио податоци во Истражувачкиот центар за суперкомпјутери „Пози“ за да го потврди и разбере движењето на белото џуџе.

Професорката Наташа Харли-Вокер, коавторка на трудот, изјави дека пулсирањата емитирани од белото џуџе му овозможиле на тимот да детектира ѕвездени пламени на ѕвездата слична на Сонцето, слични на оние што создаваат аурори овде на Земјата.

„Како бонус, го видовме и белото џуџе како се движи зад област со силно магнетно поле, најверојатно „ѕвездена истакнатост“, што е голема јамка на плазма што излегува од површината на ѕвездата. Неверојатно е што можеме да детектираме бури на ѕвезда оддалечена повеќе од 5.000 светлосни години користејќи радио бранови“, рече таа.

Истражувачите на ICRAR се во првите редови во откривањето на овие ретки системи.

„Го откривме овој систем во големо истражување на небото користејќи го Murchison Widefield Array (MWA), скенирајќи го целиот Млечен Пат видлив од Австралија. Потоа го користевме радиотелескопот MeerKAT во Јужна Африка за да ја одредиме неговата прецизна позиција“, рече Харли-Вокер.

Откако LPT беше лоциран со радиотелескоп, опсерваторијата W. M. Keck на Мауна Кеа, Хаваи, ја потврди нејзината поврзаност со ѕвезда од тип G со оптички набљудувања.

И MWA – управувана од Универзитетот Curtin во објектот Inyarrimanha Ilgari Bundara, опсерваторијата за радио астрономија Murchison на CSIRO на земјиштето Wajarri Yamaji во Западна Австралија – и MeerKAT, изградена и управувана од Јужноафриканската радио астрономска опсерваторија во покраината Северен Кејп во таа земја, служат како претходници на телескопите SKA: системот SKA-Low во Австралија и системот SKA-Mid во Јужна Африка, соодветно.

„Ако веќе правиме вакви откритија со телескопите-претходници, само замислете колку уште ѕвездени системи ќе можеме да најдеме и каков прекрасен детален поглед на нивните сигнали ќе имаме кога телескопите SKAO ќе бидат целосно изградени“, рече д-р МекСвини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер