Џон Њуман и „Милки Ченс“ на „Егзит“ ќе ги донесат најслушаните планетарни хитови!

Големите ѕвезди на новите генерации за освежување во Нови Сад

Новата англиска соул ѕвезда и еден од најбараните пејачи на денешницата Џон Њуман (John Newman), ќе настапи во сабота 11. јули на главната бина на „Егзит“ фестивал! 24-годишниот пејач во Нови Сад ќе го претстави албумот „Tribute“ од првото место на британската топ листа, на која подеднакво се пласирани сингловите „Love Me Again“, „Losing Sleep“, „Out Of My Head“ и „Cheating“. Со групата „Рудиментал“ (Rudimental), тој ги освои светските топ листи со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“, а сѐ уште е актуелен синглот „Blame“ со кој Џон Њуман и Келвин Харис (Calvin Harris) ги одбележаа минатата есен и зима! Спотовите за овие хитови денес во збир имаат близу милијарда прегледувања на сајтот „Јутјуб“, додека само Њуман во претходните две години оствари тираж од импресивни четири милиони! Ноќта подоцна, на 12. јули на истото место ќе настапи и германската атракција, инди-поп дуото „Милки Ченс“ (Milky Chance) кое фановите ги освои со песната „Stolen Dance“ од насекаде пофалениот албум „Sadnecessary“!

John Newman – Love Me Again: https://www.youtube.com/watch?v=CfihYWRWRTQ

Џон Њуман (John Newman) е актерот во една од најживите приказни на современата музика, борејќи се против сите предизвици, од тешката немаштија во малата јоркширска парохија, до статусот на пејач кој сѐ што ќе направи го претвора во чист триумф! Њуман од мал учел сѐ да работи сам, за потоа и колеџот да го плаќа од собирање стакла и служење во кафулиња, но и сѐ почестите настапи како тинејџер со глас на соул ветеран! Љубовта кон музиката му ја всадила неговата самохрана мајка, која го обожавала звукот на етикетите „Мотаун“ (Motown) и „Атлантик“ (Atlantic), како и неизбежните „Нортен Соул“ (Northern Soul) журки од кои доаѓала со раритетни плочи, првите во диџеј сетовите на Џон по локалните свадби. Растењето во северниот град носело и чести тепачки, па и пресметки со полицијата кои денес се одразуваат и во неговата изразена самоувереност и горлив темперамент. Белег во растењето на ова момче остава и загубата на двајцата најдобри пријатели во сообраќајна несреќа, а сегашниот глас Њуман го оформи проаѓајќи преку таа болка.
По студиите на музичкиот колеџ во Лидс, Њуман доаѓа во Лондон и ги запознава момците од новооформениот состав „Рудиментал“ кој со неговиот глас и „Feel The Love“ стекнува планетарна слава! Наскоро по втората заедничка „Not Giving In“, следува првиот самостоен сингл на Њуман „Love Me Again“ и првото место на британската, но и многу светски листи, вклучувајќи го и пробивот на американскиот пазар! Албумот „Tribute“ истотака стигнува до врвот на британската листа, симболично пред големиот Пол Макартни.
Додека во светот сѐ уште одекнува последниот хит сингл „Blame“, Њуман го снима новиот албум во Лос Анџелес, чии први песни се очекуваат оваа пролет. „Во светот денес има премногу славни лица, а премалку уметници“, ќе каже пејачот, кој во 21. век на инстант слава, сам ги пишува и право ремикси за своите песни, а поседува редок талент со уникатното пеење и туѓите песни да ги направи свои. Таков талент имаше и еден друг Јоркширец со распукан глас и незадржлива севернa емоција, покојниот Џо Кокер.

Milky Chance – Stolen Dance: https://www.youtube.com/watch?v=iX-QaNzd-0Y

„Милки Ченс“ (Milky Chance) е дуо које комбинира акустични елементи од реге и инди-рок музиката со современи електронски ритмови, а го сочинуваат пејачот и гитарист Клеменс Рехбеин (Clemens Rehbein) и диџејот Филип Дауш (Philipp Dausch). Нивниот хит „Stolen Dance“ бележи стотина милиони прегледувања на сајтот „Јутјуб“ и официјално е меѓу 10. најбарани песни за 2014. година на популарниот дигитален сервис „Шазам“ (Shazam)! Европа ја освоија преку ноќ во средината на 2013. за веќе следната година да предизвикаат вистинска сензација преку Атлантикот и да прераснат во миленици на американската независна сцена. За еден алтернативен состав, успеаја да настапат во шоуто на Џими Кимел, покрај распродадените концерти од Њујорк до Лос Анџелес. Веќе втора година настапуваат на сите поважни европски фестивали, а оваа година ги очекува и нова американска турнеја со настап на фестивалите „Кочела“ (Coachella) и актуелниот „Саут бај саутвест“ (SXSW)!

Goldie & The Heritage Orchestra – Timeless: https://www.youtube.com/watch?v=R6EWdBb2sXA

Легендарниот диџеј и продуцент, англискиот глумец и визуелен уметник, Голди (Goldie), ќе настапи на 10. јули на главната бина на „Егзит“ фестивал во рамки на популарната „Икс-Бејс“ (X-Bass) програма, која и оваа година се реализира во соработка со глобалната музичка платформа „Ју-кеј-еф“ (UKF). Живата икона на драм енд бејс движењето и основачот на пионерската дискографска куќа „Металхедз“ (Metalheadz), во Нови Сад се враќа да го прослави 15. роденден на „Егзит“ и 20 години од објавувањето на највлијателниот драм енд бејс албум, првенецот на Голди „Timeless“! Истата ноќ, на главната бинда ќе им се придружи и сѐ попопуларниот париски тандем „Дртифоникс“ (Dirtyphonics), а на 9. јули на истото место журката ќе биде во рацете на лондонскиот диџеј и продуцент „Брејкејџ“ (Breakage) кој го придружува ем-си „Ел-екс уан“ (MC LX oNe). Сите фанови на хип-хоп и јаките бас линии на 11. јули ќе имаат вистински празник бидејќи на „Егзит“ доаѓа њујоршкиот битмејкер Џаст Блејз (Just Blaze), продуцентот чија музика на своите албуми ја користат Џеј Зи (Jay Z), Еминем (Eminem), Кање Вест (Kanye West), Снуп Дог (Snopp Dogg) и Рик Рос (Rick Ross)! Завршната вечер, во недела на 12. јули, боите на „Икс-бејс“ ќе ги брани триото „Критикал Саундсистем“ (Critical Soundsystem) кое го сочинуваат докажаните драм енд бејс мајстори, сопственикот на славната „Критикал“ етикета Касра (Kasra), популарниот руски продуцент Енеи (Enei) и новата австриска ѕвезда Мефјус (Mefjus).

Влезниците за „Егзит“ се достапни по цена од 3.599 денари, а за „Си Денс“ фестивал 2.240 денари. Единствената влезница за фестивалското летување од 7. до 20. јули во рамки на „Егзит“ Авантурата од Петроварадин до Јаз, може да се набави за само 4.299 денари преку продажната мрежа на МКтикетс или во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). За сите кои сакаат покрај влезниците на време да го резервираат и сместувањето на двата фестивала, пакетите можат да ги најдат на сајтот www.exittrip.org, официјалната туристичка агенција на „Егзит“.

Ги потсетуваме сопствениците на влезници за „Егзит“ фестивал, купени пред 15. јануари, кои добиваат и подарок влезница за „Си Денс“, да ја извршат кратката активација на овие влезници на http://exitavantura.gigstix.com/, најдоцна до 31. март, со цел влезниците за фестивалот на Јаз да им бидат важечки.

***
Официјални прес-материјали
EXIT:
https://www.dropbox.com/sh/ld01hu6jlpfzc47/AACBrAD47Z1DHWK3mpAcx_98a
SEA DANCE:
https://www.dropbox.com/sh/wde7k8rfjppy4ti/AAB4gVpWKCjpz9caTPYknFeMa

Сончево со јужен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Попладне во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер. Потоа условите за нестабилно време ќе се намалуваат.

Дневен хороскоп за 6. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се.

Кариера

Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите.

Здравје и совет

Некои ќе го преспијат утрото.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко.

Кариера

Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни.

Здравје и совет

Кашлица и нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов.

Кариера

Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами.

Кариера

Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните.

Здравје и совет

Ќе бидете расположени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го.

Кариера

Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите.

Здравје и совет

Мали , минливи нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте.

Кариера

Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас.

Здравје и совет

Опуштете се со помош на техники за релаксација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно.

Кариера

Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите.

Кариера

Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите.

Здравје и совет

Останете будни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат.

Кариера

Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот.

Здравје и совет

Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате.

Кариера

Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите.

Здравје и совет

Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри.

Кариера

Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата.

Здравје и совет

Разбудете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници.

Кариера

Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, вечерва Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска -Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ. 

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои? Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните? Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот? Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај? Вечерва во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер