Џон Хили: Распоредувањето британски војници во Украина би значело крај на војната - Канал 5

Џон Хили: Распоредувањето британски војници во Украина би значело крај на војната

Министерот за одбрана на Велика Британија Џон Хили изјави дека сака да распореди британски војници во Украина, оценувајќи оти таквиот потег „би го означил крајот на руската војна“, која оваа недела ја одбележува својата четврта годишнина.

Џон Хили: Распоредувањето британски војници во Украина би значело крај на војната

- Нема поголем товар за ниту еден министер за одбрана или за која било влада од ангажирањето на нашите вооружени сили во операции. Сакам да бидам министерот за одбрана кој ќе распореди британски војници во Украина - бидејќи тоа ќе значи дека оваа војна конечно ќе заврши. Тоа ќе значи дека преговаравме за мир во Украина. А на безбедна Европа ѝ е потребна силна, суверена Украина, вели Хили во колумна за „Сандеј Телеграф“.

Европските лидери, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија и осум други земји, разговараат за формирање „коалиција на волните“ со поддршка на САД.

Според Хили, групата би можела „да помогне во обновата на украинските сили, обезбедувањето на украинскиот воздушен простор и зајакнувањето на поморската безбедност, вклучително и преку дејствување во Украина“.

Британската влада работи со сојузниците за воспоставување на оваа коалиција, за која се надева дека ќе ја одврати идната „руска агресија“ откако ќе се постигне договор меѓу Москва и Киев.

Во декември, европските лидери најавија дека Европа е подготвена да предводи „мултинационални сили“ во Украина како дел од мировниот договор подготвен од САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Најдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички награди

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Уметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

На почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. 

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија.

„Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“

Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери.

„Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“

18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер