Џолев: Секоја година имаме сѐ повеќе предмети, а сѐ помалку судии и судски службеници - Канал 5

Џолев: Секоја година имаме сѐ повеќе предмети, а сѐ помалку судии и судски службеници

Претседателот на Здружението на судии, Иван Џолев, порача дека судството не може да биде ефикасно без соодветна поддршка и ресурси. 

Џолев: Секоја година имаме сѐ повеќе предмети, а сѐ помалку судии и судски службеници

Во изјава за медиуми по отворањето на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“, тој посочи дека недостигот од кадар и финансии се главни пречки за подобрување на состојбите во правосудниот систем.

-Ефикасноста во моментов е проблем, меѓутоа не толку голем. Ефикасноста ја генерираат некои други структури. Недостигот на судии, на судски служби, финансиската независност создаваат проблеми во смисла на кадровски решенија. Ние имаме секоја година сѐ поголем број на прилив на предмети, а сѐ помал број на судски службеници и судии. Едно со друго не оди. Ако сакаме ефикасно судство, мора да се вложува во истото, да се инвестира, да имаме капитални инвестиции, нови вработувања, да се дигитализира судството итн, истакна Џолев.

Тој додаде дека судската фела мора да биде активно вклучена во реформските процеси.

-Здружението на судии, кое што брои повеќе од 300 членови, е најголемиот брејнсторм во овој сектор, така што не треба да биде игнориран, напротив, сметам дека треба активно да бидеме вклучени во тие реформи, рече тој.

Џолев се осврна и на буџетската поддршка за судството, потсетувајќи дека тие 0,8 проценти загарантирани со закон од Буџетот на РСМ, кои што треба да се одвојуваат за судството, досега никогаш не биле обезбедени.

-Стигнавме до 0,38 проценти како максимален износ од буџетот кој што се одвојуваше за судството, рече Џолев.

Според него, само со вложување во кадар, дигитализација и опрема може да се обезбеди ажурно и ефикасно судство во кое граѓаните ќе имаат доверба.

- Доколку сакате да имате ефикасно судство. Ако имате зголемен број на судски предмети што упатува на тоа дека државата има системи кои што функционираат, вие мора да овозоможите на судството кадри, човечки и материјални ресурси, опрема за да може да бидеме ефикасни, ажурни и граѓаните да бидат задоволни, порача Џолев.

На новинарско прашање, Џолев не го коментираше случајот со претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

-Тоа е нешто што е актуелно и допрва ќе следува разрешница, посочи оретседателот на Здружението на судии, Иван Џолев.

Претставата „12“ на МНТ ќе го отвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „12“ на МНТ ќе го отвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува одржува од 6 до 13 јуни во Прилеп. Во официјалната конкуренција се девет претстави и пет претстави од независната продукција.

Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 6 јуни во 20 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Тогаш ге бидат доделени и наградатите за животно дело. Годинашни добитници се актерите: Снежана Коневски-Руси, Гоце Тодоровски и Соња Михајлова.

Претстава „12“ е дел од официјалната селекција на Фестивалот.

На затворањето на фестивалот, на 13 јуни, на истата сцена во Центарот за култура во Прилеп од 20 часот во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Вистината 2“ од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц во продукција на Театар Комедија.

Фестивалот за претставите ќе ја користи сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ која ќе ги задоволува сите стандарди за одржување масовна манифестација, а ќе се користат и други алтернативни сцени в Прилеп. Ќе има промоции, изложби, разговори на тркалезната маса за претставите.

Влезниците за фестивалските претстави ќе бидат пуштени во продажба на 2 јуни на билетарницата од Центарот за култура „Марко Цепенков“, како и онлајн.

Фестивалот ја објави и целосната програма.

Еврокомисијата најави такса од две евра за секоја мала поштенска пратка што влегува во ЕУ

Еврокомесарот за трговија и економска Марош Шефчович најави воведување на такса во висина од две евра за сите мали пакети со нарачани производи во вредност помала од 150 евра што пристигнуваат во ЕУ преку пошта, а кои се ослободени од плаќање царина.

Еврокомисијата најави такса од две евра за секоја мала поштенска пратка што влегува во ЕУ

- Станува збор за две евра по пакет нарачани преку онлајн платформите, изјави Шефчович пред Европскиот парламент во Брисел.

Според податоците, во ЕУ минатата година пристигнале околу 4,6 милијарди пакети со купени производи онлајн, што во просек претставува влез на 145 пратки во секунда. Речиси 91 отсто од овие пратки во ЕУ пристигнале од Кина.

- Средствата од ова такса од две евра би служеле за финансирање на царинските управи, кои во моментов се преоптоварени, рече Шефчович.

Еврокомисијата во февруари најави дека ќе ја преиспита одлуката од 2010 година за ослободувањето од царински давачки на ваквите пратки, поради ризикот со нив во ЕУ да се увезат „опасни и еколошки штетни производи“.

Дополнително, според ЕК, ваквата се пораспространета онлајн трговија со евтини производи од странство, пред се од Кина, доведува до нарушување на принципите на конкурентност, бидејќи овие производители не подлежат на обврските на ЕУ што им се наметнати на европските трговци и мали и средни претпријатија. /МИА

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Русија произведува четирипати повеќе муниција од земјите-членки на НАТО.

Руте: Ако Путин повторно нападне одговорот ќе биде разорен

- Отворените извори укажуваат дека во наредните години Русите може да се обидат да направат нешто глупаво. Мора да се погрижиме доколку (рускиот претседател Владимир) Путин нападне сега или во блиска иднина, одговорот да биде разорен, истакна Руте одговарајќи на прашање за распоредувањето на руски воени сили на финската граница.

Руте наведе дека по завршувањето на војната во Украина важно е Путин повторно да не направи слично.

- Подобрувањето на нашите одбранбени способности е нашата главна мисија. Сојузниците мора да ги зголемат трошоците за одбрана, ова е клучна задача пред Самитот на Алијансата во Хаг следниот месец, посочи Руте. /МИА

притисни ентер