Џоан Колинс: Бев силувана на 17 години и од срам се омажив со силувачот! - Канал 5

Џоан Колинс: Бев силувана на 17 години и од срам се омажив со силувачот!

81 годишната Џоан Колинс во документарец посветен на борбата против насислтвото врз жените откри дека била дрогирана и силувана кога била невина, на 17 години, а потоа од срам се омажила со човекот кој ја силувал, Максвел Рид.

Џоан Колинс: Бев силувана на 17 години и од срам се омажив со силувачот!
Ова Џоан Колинс го призна во документарниот филм „Brave Miss World“ во кој поранешната Мис на светот од Израел, Линор Абаргил, патува по светот и зборува со жртви на насилство и силување. Линор беше силувана во 1998, 6 недели пред да биде крунисана за Мис на светот. Нејзината животна мисија е да ги охрабри жените да зборуваат за насилството кое се врши над нив.

The film sees former Israeli Miss World, Linor Abargil,  travel the globe meeting fellow victimsLinor Abargil when she was crowned in 1998


Во интервјуто, холивудската дива во поодминати години Џоан Колинс, го раскажува својот случај.

- Бев силувана на 17 години - вели таа.

Колинс раскажува дека таа вечер била на состанок со ирскиот актер Максвел Рид (кој почина во 1974 година). Тој отишол во бањата а нејзе и дал рум и кока кола и некои спианија. Списанијата биле со порнографска содржина.

- Такво нешто немав видено претходно. Тоа беше тврдо порно - се сеќава актерката.

Следното нешто што се случило, останало запечатено во меморијата на Колинс во последните 64 години.

Talking to Linor on the documentary, Joan says: 'I was raped when I was seventeen years old'


- Следниот момент бев фрлена на софата во таа дневна соба и тој ме силуваше. Во пијалокот ми ставил дрога. Бев многу млада, се почувствував ужасно, почувствував вина - вели Колинс.

The actress with Irish actor Maxwell Reed, who drugged and raped her when they were first dating


- Не беше моја вина но не знаев, можеби не требаше да излезам со него. Тој беше многу постар од мене и веќе позната ѕвезда. Ми се јави повторно и јас пак излегов со него. По неколку месеци ме побара за жена. И тогаш си помислив - па веќе ми ја одзеде невиноста. Го мразев и бев полна со самообвинувања за тоа што ми го стори. Ми требаше долго време да можам пак да му верувам на некој маж - вели Џоан Колинс.

34 годишната Линор, поранешна Мис на светот а денеска мајка на 3 деца, чија животна цел е да ги предизвика жртвите на силувањето, како неа, да го пријават злосторот, за приказната на Џоан Колинс вели:

- Многу е емотивно да слушнете дека таа имала толкава грижа на совест што била дрогирана и силувана што морала да се омажи со напаѓачот. Влегла во насилен брак. Не е лесно да се каже пред камера дека некој ве силувал. Но кога знаете дека тоа ќе им помогне на други да го откријат напаѓачот и да го стават зад решетки - сакате да кажете. Џоан самата се пријави да ја раскаже својата приказна!

Linor Abargil (left) and Brave Miss World director Cecilia Peck, daughter of legendary actor Gregory Peck


Докуметарниот филм бил сниман 5 години, во режија на Сесилија Пек, ќерката на славниот Грегори Пек. На премиерата на филмот во Британија минатата недела доби силни овации. Во филмот својата судбина ја кажуваат жртвите на силувањето - Линор зборува со жени од целиот свет, од студентки во САД до сиромашни млади јужно - африканки кои поминале низ истиот хорор.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Согласно Решението за итна вакцинација на овците и козите против болеста сипаници кај овци и кози, кој е одобрена од Европската унија (ЕУ), во Источнит регион плански регион почна акцијата за масовна заштита на ситниот добиток од оваа болест.

АХВ: Почна вакцинацијата на ситниот добиток против болеста сипаници кај овци и кози

Истовремено, денес, 19.11.2026 година, се финализира првата фаза од дистрибуцијата на вакцините против сипаници кај овци и кози, со што се создаваат услови за продолжување на активностите за вакцинација на животните во предвидените подрачја (источен, североисточен, вардарски и југоисточен регион). Вакцината е од турско потекло и целата количина е обезбедена како донација од ЕУ. Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ќе се реализира во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни.

Со втората фаза опфатени ќе бидат Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот регион со 1.558 стада и 244.515 животни. Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Таа ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во првите 6 недели по породувањето за кои вакцинацијата е одложена.

Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација.

Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Вакцинацијата претставува важна мерка за спречување на ширењето на болеста и намалување на ризикот од нејзино понатамошно појавување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Претставникот на „Студентската листа“ и професор на Сообраќајниот факултет, Александар Чупиќ, е официјално избран за претседател на новиот состав на Народното собрание на Република Србија. 

Александар Чупиќ е новиот претседател на српскиот парламент и в.дпретседател на Србија

Со изборот на оваа функција, Чупиќ истовремено ја презеде и должноста вршител на должноста претседател на Србија.

Со конституирањето на Српскиот парламент, започна да тече рокот од 90 дена за формирање на новата Влада. На дневниот ред на конститутивната седница се вклучени изборот на потпретседател на Народното собрание, именувањето на генерален секретар, како и изборот на членови на парламентарните работни тела и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин: „Боже, чувај нè од такви пријатели“

Полскиот премиер Доналд Туск одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој за време на нивната денешна средба во Кина го нарече рускиот претседател Владимир Путин свој пријател. 

Видео:  Доналд Туск за изјавата на Трамп за Путин:  „Боже, чувај нè од такви пријатели“

„Боже, чувај нè од такви пријатели“, напиша Туск на социјалната мрежа „Икс“, без експлицитно да ги спомене ниту Трамп, ниту Путин.

Неговата објава уследи по срдечниот поздрав што Трамп му го упати на Путин на самитот на АПЕК во Шенџен, Кина.

Трамп за Путин: „Тој е мој пријател“

За време на средбата со Путин, во присуство на новинари, Трамп зборуваше за нивниот долгогодишен однос. „Кој е тој? Тој е мој пријател!“ – рече Трамп додека го поздравуваше рускиот претседател.

Овој момент предизвика реакции во Европа, каде што некои политички лидери изразуваат загриженост поради ставот на Трамп кон Путин – особено во услови кога Русија ја продолжува војната против Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер