Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотЏими Кимел во емотивен монолог рече дека никогаш немал намера да ја омаловажи смртта на Чарли КиркНикогаш немав намера да омаловажам убиство на млад човек, рече Џими Кимел во воведниот монолог во своето прво шоу по кратката суспензија, поради коментари што ги даде за смртта на конзервативниот активист Чарли Кирк.Синоќа се емитуваше првата епизода што ја водеше комичарот откако минатата недела емисијата беше симната од етер. Кимел ја бранеше слободата на говорот, го спореди претседателот на Федералната комисија за комуникации (FCC) Брендан Кар со мафијашки бос, и се потсмеваше на настапот на претседателот Доналд Трамп во ОН – вклучувајќи го инцидентот со ескалаторот. Кимел, за време на својот монолог со видно насолзени очи рече дека никогаш немал намера да се шегува за смртта на Чарли Кирк. - Немам илузии дека ќе сменам нечие мислење, но сакам да разјаснам нешто, бидејќи тоа е важно за мене како човек, а тоа е – сфаќате дека никогаш не ми беше намера да го омаловажам убиството на еден млад човек. Не мислам дека има нешто смешно во тоа, рече Кимел. Тој додаде дека не се обидувал да обвини ниту една специфична група „за постапките на она што … очигледно беше длабоко растроена личност“. - Тоа беше всушност спротивното од поентата што се обидував да ја истакнам, рече Кимел и додаде дека сфаќа оти неговите забелешки минатата недела на некои „им изгледале дека се кажани во погрешно време, или нејасни, или можеби и двете“. Во своето прво јавно обраќање од спорот, Кимел ја пофали Ерика Кирк што му прости на наводниот убиец на нејзиниот сопруг на комеморацијата за време на викендот. - Тоа беше несебичен чин на милост … што длабоко ме трогна, рече Кимел. Кимел го критикуваше Кар, кој прв повика на неговата суспензија, и Трамп за тоа што бараше отстранување на неговите колеги водители од доцните ноќни шоуа – сите чести критичари на Трамп. - Нашиот лидер ги слави луѓето што ги губат своите средства за живот затоа што не може да трпи шеги, рече Кимел, додавајќи дека Трамп отворено посакува луѓето да ги изгубат своите работни места, што е „неамерикански“ и „опасно“. - Влада што се заканува дека ќе замолчи комичар кого претседателот не го сака е антиамериканска, рече Кимел во воведниот монолог во кој го поздрави јавниот бес поради неговата суспензија. Тој му се потсмеваше на Трамп и затоа што го критикувал за лоши рејтинзи. „Се потруди најмногу што можеше да ме откаже, а наместо тоа ги натера милиони луѓе да ја гледаат оваа емисија“, рече Кимел. - Оваа емисија не е важна. Она што е важно е тоа што живееме во земја која ни дозволува да имаме емисија како оваа подвлече комичарот. Кимел исто така се преправаше дека чита соопштение што Дизни му го напишал, а потоа гласно прочита: „Како да ја реактивирате вашата Disney+ претплата“. Синоќешната епизода не беше достапна на многу американски ТВ мрежи поради отпор од локалните станици, но можеше да се гледа на стриминг сервисот Hulu + Live TV на Дизни. Гости во синоќешната емисија беа актерот Глен Пауел (Twisters, Chad Powers) и музичката гостинка Сара Меклахлан. Емисијата беше суспендирана по неговиот монолог на 15 септември за убиството на Кирк, што предизвика бурни реакции. Кимел тогаш рече дека Трамп и неговите сојузници „очајно се обидуваат да го претстават ова дете што го уби Чарли Кирк како нешто поинакво од нив“ и се обидуваат „да извлечат политички поени од тоа“. Тој исто така ја спореди реакцијата на Трамп на убиството на инфлуенсерот со „начинот на кој четиригодишно дете жали за златна рипка“. Овие шеги го разгневија Кар, кој рече дека Кимел „се обидува директно да ја измами американската јавност“ со своите коментари за убиецот на Кирк. FCC ги регулира радио, ТВ и сателитските фреквенции, што му дава моќ врз различни прашања, вклучувајќи спојувања и жалби за пристојност. Коментарите на Кимел, заедно со загриженоста на локалните емитери кои управуваат со ABC станици, ја натераа мрежата „неограничено“ да ја суспендира неговата емисија. Оваа суспензија предизвика силен отпор од законодавци, синдикати и застапници на слободата на говор. Познати личности и активисти повикаа на бојкот на Дизни, матичната компанија на ABC. Кимел доби поддршка и од своите колеги водители на доцните ноќни шоуа, меѓу кои Стивен Колбер (CBS), Џон Стјуарт и Сет Мајерс. Дизни во понеделникот објави дека ќе ја врати емисијата по „детални разговори со Џими“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16