Џил Бајден успеа во она што го посакуваше Меланија Трамп - Канал 5

Џил Бајден успеа во она што го посакуваше Меланија Трамп

Џил Бајден заврши на насловната страница на августовскиот број на Вог.

Џил Бајден успеа во она што го посакуваше Меланија Трамп

Првата дама на САД носи фустан со цветен дезен со цвеќиња со потпис на Оскар де ла Рента на насловната страница. Фотографијата е направена на балконот на Белата куќа. Бајден е третата американска прва дама што се појавила на насловната страница на ова престижно списание.

Прва била Хилари Клинтон. Втора Мишел Обама која ја доби насловната страница дури три пати.

Меланија Трамп очајно сакала да биде трета, но никогаш не успеала во тоа. Видеото кое протече минатата година открило дека Меланија се надевала дека ќе се најде на насловната страница на изданието на Вог во септември 2018 година. Таа насловна ја добила Бијонсе, а Меланија бурно реагирала во тоа време.

"Ана ја даде целата септемвриска насловна, целата, сè, на Бијонсе. Таа ќе ангажира црн фотограф и тоа ќе биде првиот црн фотограф што некогаш снимил насловна страница на Вог", им рекла изненадената Меланија на соработниците во тоа време.

"Што? Тоа е лудо", коментирал тогашниот нејзин соработник, на што Меланија одговорила: "Тоа е она што го слушнав".

Снимката од тој разговор подоцна ја објави БиБиСи Њуз.

Уредничката на Вог, Ана Винтур, еднаш навестила дека Меланија, како прва дама, никогаш нема да добие насловна страница.

„Насловната страница на модниот магазин Vogue не ја дефинира г-ѓа Трамп бидејќи се најде на неа многу пред да биде прва дама. Нејзината улога како прва дама на САД и сè што прави е многу поважно од некои површни фотографии.

„Ова само дополнително покажува колку е пристрасна индустријата на модните списанија и колку е несигурна и теснограда Ана Винтур “, рекла Меланија потоа во изјавата.

Меланија Трамп еднаш ја добила насловната страница на Вог, но не како прва дама. Тоа било пред нејзината венчавка со Трамп, во 2005 година. Нејзиното покажување на венчаницата пред венчавката тогаш многумина го нарекле врв на невкусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер