КошаркаЏикиќ: Веќе не сум селектор, сега сум тренерАлександар Џикиќ на денешната средба со новинарите рече завршил со селектирањето на кошаркарите кои ќе го носат македонскиот дрес во квалификациите за Евробаскетот 2015 и дека списокот е затворен. - Јас веќе не сум селектор, сега сум тренер, затоа што немам веќе што да селектирам. За зборувањата дека постои некој скриен адут некое засилување, ќе кажам дека се шпекулации. Тие се тринаесетмината и така ќе биде до крајот од причина што сите заслужија да го носат националниот дрес. Заедно влеговме во ова, и заедно ќе излеземе со надеж дека ќе успееме да се пласираме на Европското првенство, истакна македонскиот селектор. Тој додаде дека е задоволен од досега прикажаното во подготвителниот период во кој Македонија забележа пет победи и еден пораз. - Се обидовме да согледаме кој што и колку може. Има да се работи уште многу. Знаеме дека можеме подобро, дека мораме подобро. Тешко може некој да каже дека не се бориме на теренот. Не можам да му замерам некому за неговиот квалитет, но за тоа што сметам дека моите избраници можат, ќе барам од нив да го практикуваат во текот на сите 40 минути, потенцира Џикиќ. Новиот капитенот на репрезентацијата Војдан Стојановски верува дека достојно ќе ја врши новата функција и дека заедно со своите клупски колеги ќе обезбедат учество на ЕП 2015. - За две недели почнува новиот квалификациски циклус. Има време да се поправи тоа што е испуштено. Продолжуваме со напорна работа. Со многу борба верувам дека се ќе биде како што треба и ќе стигнеме до целта. Џикиќ воведе многу новини во националниот тим. Доста работи по првпат ги среќаваме. Ни треба малку време да се прилагодиме, но сметам дека сме на вистинскиот пат, изјави Стојановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветЧетири мажи избодени со нож во центарот на Лондон, жена уапсенаЧетири мажи беа избодени со нож во лондонската населба Ковент Гарден во среда, а полицијата уапси жена во нејзините 40-ти години.Жената е приведена под сомнение за напад и поседување оружје, објави Скај њуз. Ковент Гарден е една од најпознатите туристички области во центарот на Лондон. Повредените се однесени во болница Службите за итни случаи им пружиле помош на повредените на местото на настанот, по што биле однесени во трауматски центар во близина на центарот на градот. Тежината на нивните повреди сè уште не е објавена. Лондонската полиција соопшти дека првичните информации сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената. Фото: ВИТагови: жена Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗС: Отстранети опасни гранати во Кумановско и од водата на Охридско ЕзероПри пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат.Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата. Конкретно, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги отстранува согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари. Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев. Инаку, при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДејство на „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко (ВИДЕО)Дејство на еден од авионите „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно гаснење на пожарот во кавадаречко.На видеото се гледа дел од вчерашното воздухопловно дејство на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС за целосно гаснење - ликвидација, на пожарот во кавадаречко. Тагови: ДЗС ер трактор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter