Џиџи Хадид (29) проговори за врската со Бредли Купер (50): Многу сум среќна (ВИДЕО) - Канал 5

Џиџи Хадид (29) проговори за врската со Бредли Купер (50): Многу сум среќна (ВИДЕО)

Врската помеѓу Џиџи Хадид (29) и Бредли Купер (50) првпат беше откриена пред нешто повеќе од една година, а сега манекенката за прв пат проговори за врската со познатиот актер кој е 21 година постар од неа.

Џиџи Хадид (29) проговори за врската со Бредли Купер (50): Многу сум среќна (ВИДЕО)

„Многу го почитувам како уметник и креативна личност“, изјави Џиџи за магазинот „Вог“ и додаде: „Чувствувам дека ми дава многу - тој секогаш ме охрабрува и верува во мене. Кога ве поддржуваат луѓето што ги почитувате и им се восхитувате, тоа ви дава дополнителна самодоверба. Потоа размислувате: „Па што ако пробам нешто ново?“ Не е важно дали не функционира, само треба да се обидете да го направите првиот чекор“.

YouTube video

Но, кога зборува за нејзината врска со Бредли, за кого вели дека го запознала на детска роденденска забава на заеднички пријател, таа вели дека не станува збор за некој голем ризик или одлука, туку за чувството дека го нашла својот дом.

„Мислам дека е навистина важно да се дојде до момент во животот каде што знаете што сакате и што заслужувате во врската“, објаснила Џиџи. „И тогаш кога ќе најдете некој кој исто така дошол до тој момент, кога и тој знае што сака и што бара, тогаш и двајцата работите на себе, но заедно градите нешто убаво, нешто здраво“, додаде таа.

Џиџи вели дека нејзината врска со Бредли е „многу романтична“, но сепак нема премногу да зборува за нивната врска во јавноста. „Тоа едноставно не е дел од нашата врска. Не споделуваме сѐ со другите и така ни е удобно“, заклучила таа.

Откако израсна во центарот на вниманието и секогаш под будното око на јавноста, Џиџи научила да не се нервира од гласини и озборувања. "Треба да научите да ги пуштате работите. Не можете секогаш да поправите сè", изјавила манекенката.

Во текот на изминатата година, таа и Бредли, според неа, биле многу внимателни да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста. Тие претпочитаат тивки излегувања наместо интервјуа или големи појавувања на црвениот тепих. Една од работите што често ја прават заедно сега е да одат во театар, а Џиџи призна дека Бредли ја поттикнал да го направи тоа повторно. „Бредли ме поттикна повторно да почнам да одам во театар, за што ми е навистина драго. Убаво е да ја имам таа навика повторно во мојот живот“.

Таа исто така откри дека поради нивните јавни работи, двајцата имаат потешкотии да најдат приватност и нормален простор за врска. "Сакате да си дадете нормално искуство во врската, како што имаат сите други. Но, дури и на моите пријатели кои не се познати може да им биде тешко. Каде да излезете? Со кого да разговарате? Како воопшто запознавате некого?"

Таа рече дека јавните личности имаат дополнителна загриженост за приватноста и безбедноста. „Сакате да им верувате на луѓето дека нема да ве издадат, дека нема да се јавуваат во медиумите или да споделуваат приватни информации на социјалните мрежи. Но, никогаш не можете да бидете сигурни“.

И покрај сето ова, Џиџи потврди дека е многу среќна. „Се чувствувам навистина среќна“, заклучи таа.

За потсетување, гласините за нивната врска започнаа во октомври 2023 година кога Џиџи и Купер беа видени на вечера со пријателите во Њујорк. Набргу потоа, тие отидоа заедно на претстава на Бродвеј, а во јануари 2024 година, Џиџи им се придружи на Бредли и неговата мајка на вечера по Златните глобуси. Својата врска ја потврдија на крајот на месецот, кога се држеа за рака при посетата на Лондон.

@myboybraids Eagles Football 🏈#philadelphiaeagles #fyp #bradleycooper #gigihadid ♬ original sound - BillyBadAss

Тие неодамна беа снимени на натпревар во НФЛ помеѓу Лос Анџелес Рамс и Филаделфија Иглс. На TikTok се појави видео од натпреварот. Некој од публиката го снимил парот како ентузијастички навива од горната ложа на трибините. Џиџи плескаше, а Бредли викаше и мавташе со рацете.

Пред Џиџи, Бредли беше во брак со актерката Џенифер Еспосито. Имаше врски и со Зои Салдана, Суки Вотерхаус и Ирина Шајк, со која ја доби ќерката Леа (7). Џиџи, сестрата на Бела Хадид, претходно беше со Коди Симпсон и Џо Џонас, а од врската со Зејн Малик ја има ќерката Каи (4).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер