Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот „Добар ден и од мене.
ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
1Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот „Добар ден и од мене.
2ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
2Македонската репрезентација во традиционално карате најуспешна на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
КултураЏез хепенинг по повод 30 април - Меѓународниот ден на џезотСедмото издание на целодневниот џез хепенинг под наслов „Today It’s All About Jazz“, организиран од страна на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, ќе се одржи денеска со почеток во 13 часот во паркот „Ибни Пајко“.Како што најавуваат од ЗЏМ Скопје, програмата ќе започне со џез за деца и млади, па потоа ќе следува Квартет - Акварела, Никола Бочваров – Квартет, Филип Динев Трио - Филиp Динев/Тилман Обербек/Јан Цајмец, ЗЏМ Биг Бенд - Прект Запа, Јуре Пукл Орган трио - Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит и Адедџи “Јорува Одисеја”. Меѓународниот ден на џезот е прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“. Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО, и на Обединетите нации. Здружението на џез музичари, ЗЏМ Скопје, по 7ми пат ја организира централниот настан кој го одбележува Меѓународниот ден на џезот во земјава, за што има и официјална потврда и благодарница од самиот Херби Хенког. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот „Добар ден и од мене.Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци. Во своето обраќање македонскиот премиер истакна: -Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од Општина Кавадарци кои се борат за проект повеќе да обезбедиме токму овде за жителите во Општина Кавадарци, за нивната посветена тимска работа бидејќи само така можеме да реализираме проект повеќе и да направиме нешто за граѓаните, нешто што претставува наша главна цел и задача практично како политичари. Да се заблагодарам на министерот за спорт, на колегите од Владата коишто посветено работиме да оној проект којшто го почнавме пред нешто повеќе од две години кога бевме избрани како Влада, а тоа е реалокација на средства од централниот буџет кон општините биде вака успешен како што е денес. Зборуваме за повеќе од 1.200 проекти, преку 1.200 градилишта на целата територија на државата нешто што е незапаметено во независна Македонија, така што успешноста се мери со економските параметри и ние планираме да продолжиме и во годините коишто следат на овој начин да функционираме како Влада, бидејќи цениме дека успешните проекти треба да бидат продолжени, а ние препознавме дека овие проекти донесоа додадена вредност врз квалитетот на животот на граѓаните. Уште еднашка нека е со среќа почетокот на изградбата на овој објект и отприлика како што ми кажа градоначалникот за година дена да се собереме повторно овде и да го пуштиме во употреба истиот.“Тагови: Митко Јанчев Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границитеГолем дипломатски успех во Виена: На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границитеЛиберално-демократската партија (ЛДП) оствари огромна дипломатска победа на меѓународна сцена во директна заштита на достоинството на македонските граѓани и нивната европска иднина. На овогодинешниот Конгрес на партијата АЛДЕ, кој викендов се одржува во Виена (3-5 јули 2026), со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција за визионерско проширување на ЕУ и достоинство на границите. Овој стратешки важен документ беше поднесен од страна на ЛДП, предводејќи ги сестринските партии од Либералната мрежа на Југоисточна Европа (ЛИБСЕН), со што уште еднаш се докажа моќта на либералното сојузништво кога се во прашање државните интереси. Македонската делегација во Виена ја предводеше претседателката на ЛДП и актуелна претседателка на ЛИБСЕН, Моника Зајкова, заедно со меѓународниот секретар и член на Извршниот одбор на партијата, Емир Ќориќ. Преку силна лоби-акција и координација со европските партнери, ЛДП успеа да ги наметне реалните проблеми на македонските граѓани како врвен приоритет на европското либерално семејство. Клучниот аспект на оваа резолуција е директниот напад врз понижувачкиот третман што македонските граѓани го доживуваат на границите со Европската Унија, со посебен акцент на т.н. Систем за влез/излез (EES). Во текстот на резолуцијата, европските либерали изразија длабока загриженост поради фактот што овој систем неправедно ги третира земјите-кандидати како обични „трети земји“, што резултира со недозволиви административни тесни грла, деградација и сцени на границите кои сериозно го нарушуваат човековото достоинство. АЛДЕ упати итен повик до институциите на ЕУ и земјите-членки за итна реформа на овие протоколи, со цел да се заштити прекуграничната економија и да се врати европската солидарност на дело. Истовремено, со оваа резолуција се бара децидно и итно прекинување на практиката на билатерализација на пристапниот процес. Европските либерали испратија кристално јасна порака дека не смее да се дозволи ниту една земја-членка да го злоупотребува правото на вето за билатерални спорови и прашања базирани на историја, кои со години неправедно го кочат македонскиот напредок. Наместо тоа, се бара брза транзиција кон гласање со квалификувано мнозинство (QMV) за сите меѓучекори во интеграцијата, што ќе обезбеди предвидлив процес заснован исклучиво на реални заслуги и исполнети критериуми. Резолуцијата исто така јасно дефинира дека фазната интеграција и пристапот до Единствениот пазар мора да бидат исклучиво во корист на граѓаните и бизнисите, со цел забрзување на патот кон полноправно членство во ЕУ, а не создавање на европски граѓани од втор ред. Изјава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и ЛИБСЕН: „Додека на домашната сцена се води празна реторика и се троши драгоцено време на дневен популизам, ЛДП испорачува реални и опипливи резултати таму каде што се носат клучните одлуки за иднината на Македонија. Со оваа победа во Виена, извојувана заедно со нашите сестрински либерални партии, испративме силна и обединета порака од срцето на Европа: за либералите Македонија мора да напредува кон ЕУ со крената глава, без уцени и историски кочници, а малтретирањето на нашите граѓани по границите мора веднаш да престане. Човековото достоинство нема цена и ЛДП нема да отстапи од неговата заштита. Либерално-демократската партија продолжува да биде најсилниот и најефикасниот мост на Македонија кон развиениот демократски свет, борејќи се со аргументи и конкретни дела за достоинството на секој македонски граѓанин.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалL'Equipe: Судијата го упропасти натпреварот, заслужи чиста единицаФранција го победи Парагвај со 1–0 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство, одигран на екстремна жештина со температури што надминуваа 40 степени. Јужноамериканската екипа долго време им одолеваше на нападите на актуелните вицешампиони на светот, но Французите на крајот ја обезбедија победата благодарение на голот од пенал на Килијан Мбапе во 70-тата минута. Парагвајците играа поагресивно од Французите во текот на целиот натпревар. Направија 13 прекршоци, а не добија ниту еден картон. Узбечкиот судија Илгиз Танташев ја доби најлошата можна оценка од престижниот француски весник „Л'Екип“ – единица. „Тој го уништи натпреварот. Не покажа ниту еден жолт картон за парагвајските играчи“, се наведува во написот на „Л'Екип“. Кој е Илгиз Танташев? Илгиз Танташев е 41-годишен узбечки судија кој е на листата на ФИФА од 2013 година. Во 2021 година ја доби наградата за најдобар судија во Узбекистан. Има судено најмногу натпревари во Азија, на турнири како што се Азискиот куп, Индиската лига и Саудиската лига. Тој судеше и на Олимписките игри во 2024 година. Судењето на Светското првенство претставува најголемо достигнување во неговата кариера. Натпреварот меѓу Парагвај и Франција е негов трет на ова првенство. Претходно, во групната фаза, судеше на натпреварите меѓу Шкотска и Мароко (0:1) и меѓу Алжир и Австрија (3:3).Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter