МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
3Трамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесување
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
КултураЏез хепенинг на плоштадот Ибни Пајко во Скопје, претставени повеќе македонски музички имињаЗдружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје денеска во паркот Ибни Пајко го одржува седмото издание на целодневниот џез хепенинг под наслов „Today It’s All About Jazz“ по повод 30 април – Меѓународниот ден на џезот.Претседателот на ЗЏМ, Гоце Стефковски, во изјава за МИА рече дека тие се секогаш фокусирани да бидат претставени што повеќе македонски музички имиња. - Оваа година ни е седма година како што го реализираме фестивалот „Today It’s All About Jazz“ и малку сме поспремни за разлика од минатите години во контекст на организација и програма. Важно е да се спомне дека како организатори ние сме секој пат фокусирани да бидат претставени што повеќе македонски музички имиња со нови проекти, нормално и со соработки, истакна Стефковски за МИА. На прашањето како џезот како уметност се одразува на македонската сцена и колку има интерес кај младите музичари да го одберат токму овој музички правец, тој рече дека смета дека има огромен интерес кај младата популација. - Тоа што е интересно е дека и покрај отворените школи и факултети во Македонија, мислам дека ова е единствен начин каде што оваа музика некако ја приближуваме до публиката, посочи претседателот на ЗЏМ. Тој истакна дека поради дождот хепенингот не почна во 13 часот според планираното и дека малку ќе се доцни со почетокот на програмата, но сепак тоа ќе се реализира како што планирале во текот на денот. Стефковски информираше дека оваа година покрај работилницата за деца, односно џез за деца и млади, којшто ќе ја води Гордан Спасовски, ќе следуваат и настапот на Никола Бочваров Квартет, па Акварела, Филип Динев со интернационалното трио од Хамбург, ЗЏМ Биг Бенд, Јуре Пукал во мешан состав со американецот Крис Смит и Марко Црнчец, како и Адедџи како гостин од Нигерија. Меѓународниот ден на џезот е прогласен во 2011 година од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“. Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО, и на Обединетите нации. Здружението на џез музичари, ЗЏМ Скопје, по 7ми пат ја организира централниот настан кој го одбележува Меѓународниот ден на џезот во земјава, за што има и официјална потврда и благодарница од самиот Херби Хенкок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаМНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на ЕвропаБегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи – реагираа од МНР...-Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите. Од Република Бугарија, како членка на Европската унија, очекуваме постапување во согласност со основните европски принципи: почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот. Постапките што создаваат впечаток на институционална заштита од судска одговорност се неспоиви со тие принципи. Владеењето на правото не смее да биде селективно, ниту да зависи од националната припадност на поединецот. – реагирааат о МНР и велат дека за развојот на случајот, ќе ги информираат меѓународните партнери, особено институциите на Европската унија и Советот на Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
МакедонијаПрекината блокадата на депонијата „Краста“, почнува изнесувањето на ѓубрето од КумановоЖителите на селата Студена бара и Пчиња утринава ја прекинаа блокадата на депонијата „Краста“, откако пожарот беше изгаснат, а сметот затрупан со земја во голема акција на тешка механизација и камиони од приватни фирми.Жителите синоќа се сретнале со кризниот штаб, при што биле договорени натамошните активности. Тие бараат во иднина сметот да се депонира на начин што нема да доведе до ново палење, односно по секој слој смет, да се става слој на земја... Блокадата на депонијата „Краста“ траеше шест дена, а два дена ѓубрето се носеше на скопската депонија „Дрисла“..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп и Рубио размислуваат за смена на амбасадорката на САД во Грција по низа извештаи за недолично однесувањеПретседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување .Претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат да ја разрешат американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, по низата извештаи за несоодветно и можно незаконско однесување пред и за време на нејзиниот мандат во Атина. Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио биле многу лути поради наводите за однесувањето на Гилфојл и дека веројатно оваа недела ќе одлучат какви чекори ќе преземат. Во серија написи, „Вол стрит џурнал“ извести за проблематичното однесување на Гилфојл, што вклучувло наводна закана кон грчки функционер, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање висока сметка од кредитна картичка. Гилфојл не се осврна директно на извештаите, но нејзините адвокати негираа дека таа сторила нешто недозволено и тврдеа дека парите што ги побарала од донатор на Трамп претставувале исплата за ангажмани кои претходно не ѝ биле платени. Друг американски функционер изјави дека генералниот инспектор на Стејт департментот ги истражува наводите, кои првпат се појавија во „Вол стрит џурнал“ кон крајот на минатиот месец и оттогаш се намножија. Додека Рубио беше во Атина минатата недела, „Вол стрит џурнал“ објави дека Гилфојл побарала од донатор и поддржувач на Трамп да плати сметка од кредитна картичка од 100.000 долари, ветувајќи му пристап до претставници на американската влада. Самото назначување на Гилфојл за амбасадорка беше проследено со контроверзи, бидејќи таа е поранешна свршеница на синот на Трамп, Доналд Јуниор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter