Џеси Џеј го откри полот на детето - Канал 5

Џеси Џеј го откри полот на детето

Џеси Џеј го откри полот на детето, па прошета со гол стомак на доделувањето на Британските музички награди 

Џеси Џеј го откри полот на детето

Пејачката Џеси Џеј (34) беше во центарот на вниманието за време на доделување на Британските музички награди (БРИТ) во Лондон минатиот викенд. Се чини дека и таа, како многу познати убавици, решила да го продолжи трендот и да парадира со голиот стомак непосредно пред породувањето.

Пејачката Ријана прва ја шокираше јавноста кога на неколку престижни настани се појави со целосно откриениот стомак до заби. И манекенката Адријана Лима слепо го следеше трендот на покажување на стомакот на црвениот тепих. Многумина се навикнати трудниците, особено оние во поодмината бременост, да носат удобна и широка гардероба. Оние ретки среќнички кои сè уште се прилично згодни, но имаат стомаче, наводно можат да облечат и тесен долг фустан. Ријана, пак, е позната како жена која не се грижи многу за мислењето на другите, па ги урна сите табуа и прошета со откриениот труднички стомак покажувајќи дека нема ништо чудно во тоа кога познатите личности се бремени.

Џеси во последните 10 г. не била на доделувањето на Британските музички награди, а со оглед што овој пат е бремена, детално ја осмислила својата комбинација. Таа носеше црвен чипкан топ и чипкани хеланки во истата боја. Се чини дека одлично ја поднесува бременоста, па ништо не ја спречило да носи високи црвени потпетици. Целата комбинација ја надополнила со огромна црвена наметка.

Пејачката, која во април минатата година потврди дека е во врска со кошаркарот Ченан Колман, за жал, го изгуби своето бебе пред 13 месеци. Меѓутоа, во октомври минатата година, Џеси откри дека повторно е бремена, а Колман е среќниот татко. Таа ја објави веста на Инстаграм со емотивно видео кое го следи почетокот и развојот на бременоста, а со тоа ги воодушеви и разнежни своите придружници, а за кратко време видеото доби повеќе од милион „лајкови“.

- Многу сум среќна и исплашена што ова го споделувам со вас... Ве молам, бидете нежни кон мене. Искрено, оваа девојка сега само сака да плаче јавно додека јаде краставичка прелиена со чоколадо и никој ништо да не ја прашува – на шега напиша пејачката покрај видеото.

На видеото може да се види како Џеси потпевнува, а според неа бебето реагира на нејзиното пеење.

- Секогаш му се допаѓа кога ја пеам оваа песна, и да, чекам момче. Тврдам дека носам долна облека на видеото! - објасни таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилност

Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени

Сончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилност

Денеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за 16 јули 2026 г. / Извор: УХМР

Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над триесетиот степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде живата во термометарот се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени.

Сончевото и топло време, со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попалдневните часови се очекува да се задржи и во наредните денови и за време на претстојниот викенд. Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес без струја делови од Скопје

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, во четврток (16 јули) без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Сопиште и Сарај.

Денес без струја делови од Скопје

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од Горно Соње, на месноста Коштан (Општина Сопиште).

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница (Општина Сарај).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 16. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден во ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер