Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион
1Николоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регион
3Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани
Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
1Фото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од животот
Шоу бизЏерард Батлер поради улога во филм морал да вежба 6 пати дневно (ВИДЕО)Од страниците на графичкиот роман на Френк Милер и Лин Варли од 1998 година до големото платно, филмот „300“ барал повеќе од само глума од актерската екипа, а тоа го вклучуваше и главниот актер Џерард Батлер.Сместен во визуелно волшебната античка Грција, филмот на Warner Bros, објавен во 2007 година, бараше физичка сила и жива имагинација од актерите, додека стоеја пред синиот екран, облечени во црвени наметки и кожени гаќички, за да ги отелотворат Спартанските воини. Значаен аспект на филмот беше импресивната фигура на актерите. „Бев во најдобрата форма во мојот живот“, се сеќава Батлер, кој го играше кралот Леонидас. „Подготовката за филмот беше интензивен процес, кој бараше шест часа тренинг секој ден - два часа CrossFit, два часа бодибилдинг и два часа борбена кореографија. Иако режимот беше исцрпувачки, резултатите беа исклучителни. Некако го уништував моето тело, но изгледав неверојатно додека го правев тоа“, изјави Батлер во интервју за „Холивуд репортер“. Но, снимањето на тој филм не беше само за добивање во врвна физичка форма. Филмот е целосно снимен пред син екран, поради употребата на специјални ефекти. Снимањето траело два месеци и се одвивало во Монтреал во 2005 година, со исклучок на една сцена која е снимена на отворено. Филмот, кој имал буџет од 60 милиони долари, барал од актерите да се потпрат на својата имагинација за да ја визуелизираат околината. „Имаше моменти кога шетав во црвена наметка и мали кожени гаќички и некој покажуваше со прст кон нешто и ми рече: „Гледај! Тоа село гори! И се сеќавам дека помислив: „О Боже. Овој филм ќе биде толку лош“, се сеќава Батлер. И покрај првичните сомнежи, филмот се покажа како триумф на технологијата и креативната визија, со заработка од 456 милиони долари. CGI го претвори синиот екран во драматични борбени сцени, преселувајќи ја публиката во срцето на античка Спарта. Првиот поглед на финалниот производ ги остави Батлер и неговиот тим вчудоневидени. „Кога првпат го видов финалниот производ, бев опкружен со 13 мои колеги и пријатели, бевме во шок“, рече Батлер, пофалувајќи го Снајдер. "Погледнете што направи Зак! Не можам доволно да го пофалам како режисер, креативна личност и љубезна, возбудена, страсна личност."Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНиколоски пред претставници на Јапонската надоврешна трговска организација: Македонија нуди најдобри услови за инвестирање од целиот регионМакедонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи имаме најниски даноци во регионот со што ја прави земјава атрактивна за инвестирање, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на средбата со претставници од Јапонската владина организација за унапредување на надворешната трговија-ЈЕТРО. “Во однос на глобалната криза, се обидуваме да ги задржиме добрите економски показатели и со гордост можеме да кажеме дека во целиот реигон на Југоисточна Европа имаме најниска инфлација која се движи во просек од околу 3 %, она што е во европски просек. Во однос на бруто домашниот производ, многу ми е драго што релавантни финансиски институции како што се ММФ и Светска банка, два пати ги корегираа своите предвидувања и очекувам годинава да ја завршиме со раст од 3,8 % на БДП. Две години имаме стабилен раст на бруто домашниот производ, исто така, растот во индустриското производство бележи позитивни движења, а во градежништвото имаме раст веќе 11 последователни квартали. Во таа насока решивме да инвестираме и со буџетски средства и со приватни средства и тоа може да се види на терен” – исaтка Николоски Тој додаде дека Македонија има убедливо најниска даночна политика во регионот. Земјата има потпишано Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, кандидатски статус и почеток за преговори со ЕУ, а врз основа на тоа и олеснување на трговијата со земјите членки на ЕУ. “ Зeмјата е членка ЦЕФТА и ЕФТА договорот за слободна трговија Имаме потпишано Договори за слободна трговија и со ЕУ, така што може да се извезува без дополнителни давачки. Исто така имаме потпишано Договори за стратешко партнерство со Велика Британија, Труција, Унгарија и САД. Она што сакам да го кажам е дека Македонија има убедливо најниски стапки на даноци во регионот. Персоналениот данок на доход изнесува 10 %, данокот на добивка е исто 10 % која што добивка не се оданочува ако се реинвестира. Имаме добро обучена работна сила, во земјата се употребува дуално образование” – додаде вицепремиерот Николоски. На средбата истакна дека очекува продлабочување на односите меѓу двете земји, како во поглед на трговската размена, така и во поглед на инвестициите и другите форми на економска соработка. ЈЕТРО е владина организација за надворешна трговија која поттикнува меѓународна трговија, инвестиции и деловна соработка помеѓу Јапонија и остатокот од светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Позната водителка во супер воровокативен фустан зрачи со сексапил и во шестата деценија од живототПознатата ТВ водителка и членка на жири на познато светско шоу, Аманда Холден повторно ги воодушеви фановите со своето секси издание на хуманитарен настан. Да, Аманда се појави речиси гола на црвениот тепих и ги засени сите .Во шестата деценија од животот, атрактивната водителка е позната по тоа што секогаш привлекува погледи со своите модни изданија на црвениот тепих. Аманда Холден го привлече вниманието на сите присутни на хуманитарниот настан „Make Some Noise“, организиран од медиумската компанија „Global“, кој се одржа во Лондон. Иако во текот на летото редовно нè „честеше“ со провокативни изданија во бикини, таа сега покажа дека може да биде исто толку провокативна и во елегантни креации. Водителката (55) се појави во исклучително смел црн фустан изработен од проѕирен материјал, со детали од тантела и прекрасни ракави украсени со пердуви. Креацијата ја откриваше нејзината фигура, но и облеката што ја носеше под неа, со што Аманда уште еднаш покажа дека нема проблем со модните ризици и дека не се плаши да ги помести границите на добриот вкус. Во провокативен фустан, кој истовремено носеше шарм на холивудски гламур, таа зрачеше со самодоверба и ја покажа својата затегната фигура. Во шестата деценија од животот, таа изгледа подобро од кога било, а се чини дека, кога станува збор за модните избори, годините за неа се само бројка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаедничко соопштение на Си, Трамп и Путин по трилатералната средба - четири точки се клучниЗаедничка изјава на Си, Трамп и Путин од трилатералната средба во Шенжен .Кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава по нивниот историски трилатерален самит. Тројцата лидери наведуваат дека се посветени на залагањето за реформа на Обединетите нации, со цел организацијата „поефективно да одговори на глобалните предизвици и да ја исполни својата основна мисија – зачувување на меѓународниот мир и безбедност“. Тие, исто така, се договорија да го зголемат производството на преработени нафтени деривати „за добробит на сите нации“, и покрај меѓународните санкции насочени против продажбата на руска нафта. Дополнително, во изјавата се потврдува „почитувањето на имунитетот на државните функционери“ и се упатува повик до Меѓународниот кривичен суд да не ја „злоупотребува“ својата надлежност. Ова меѓународно тело издаде налог за апсење на Владимир Путин поради неговата наводна одговорност за воени злосторства во руската војна во Украина. Лидерите, исто така, потврдија дека „не смее да се води нуклеарна војна“ и ветија дека ќе „воспостават дијалог“ за нуклеарните ризици и пролиферацијата, откако Трамп се залагаше за денуклеаризација во своето воведно обраќање и коментари пред самитот. Општи заклучоци: Трите земји планираат да го зголемат производството и снабдувањето со рафинирани нафтени производи во корист на сите нации. Тие уште еднаш ја потврдија важноста на стабилните енергетски текови. Како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, Кина, Русија и Соединетите Американски Држави се посветени на промовирање на реформата на Обединетите нации за да можат поефикасно да одговорат на глобалните предизвици и да ја исполнат својата основна мисија за зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Тројцата шефови на држави оценија дека принципот на национална согласност и почитувањето на имунитетот на државните функционери се од најголема важност, и се согласија дека Меѓународниот кривичен суд и други слични тела не смеат да ја злоупотребуваат својата надлежност. Трамп, Путин и Си повторија дека нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Трите земји ќе започнат дијалог за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook