СветЏентилони: Економскиот раст на Еврозоната годинава ќе биде помал од претходно прогнозираниотПо стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен.По стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен, поради што прогнозата за годишниот економскиот раст, што ќе биде објавена во септември, веројатно ќе биде помалку оптимистичка отколку јунските предвидувања, порача еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Во јуни Европската комисија предвиде раст на економијата во Еврозоната во 2023 година од 1,1 отсто, но според најавата на Џентилони, новите прогнози што треба да бидат објавени на 11 септември, веројатно ќе укажуваат на помал очекуван раст. Ваквиот намален оптимизам за економскиот раст се должи на зголемените трошоци за задолжување, падот на довербата на бизнисот и потрошувачите и големата инфлација, која и покрај намалувањето и натаму има висока стапка. Според аналитичарите, сето ова укажува дека граѓаните на ЕУ и претстојнава зима ќе се соочат со големи трошоци за живот, чиј раст започна со ковид пандемијата, а потоа продолжи и со руската инвазија врз Украина. Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ја зголеми основната камата на 3,75 отсто, што е највисока стапка од воведувањето на еврото во 1999 година, во обид да ја намали високата инфлација. Ваквата висока стапка се одрази и на каматите на банките, што претставува дополнителен трошок за граѓаните кои имаат кредити, но во исто време го пригушува и растот. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека е можно ова да биде последно зголемување на каматната стапка годинавата поради опасноста од рецесија, но дека не може да се каже ништо со сигурност пред следната средба на раководителите на централните банки во септември. Целта на растот на каматните стапи е да се стимулираат бизнисите и домаќинствата да штедат повеќе и да трошат помалку, што по правило го забавува економскиот раст. Високите камати постигнаа резултати во битката со инфлацијата која во јуни се намали на 5,5 проценти, што е речиси двојно помала стапка во споредба со онаа во октомври 2022 година, кога достигна рекордното ниво. Високите камати резултираа и со намалување на обемот на кредити подигнати од страна на деловините субјекти, чија вредност во вториот квартал годинава достигна историски најниско ниво, како и со пад на побарувачката на заеми од страна на домаќинствата. Во последниот квартал од 2022 година економијата на еврозоната забележа пад, а само благодарение на добрите статистички резултати на Ирска таквиот тренд беше ублажен во првото овогодишно тромесечие. Резултатите за економскиот раст во вториот квартал треба да бидат објавени утре и според аналитичарите, најверојатно нема да остават простор за преголемо задоволство. Клучниот показател за економското расположение во еврозоната, индексот на доверба на деловните субјекти и потрошувачите, во јули се намали за 0,8 индексни поени на 94,5. Падот најмногу се должи на намалувањето на индексот на доверба во Франција за 2,3 индексни поени и во Германија за 2,1 поени. Меѓународниот монетарен фонд неделава ја ревидираше својата прогноза за годишниот глобалниот раст во надолна линија, додека за еврозоната предвиде раст од 0,9 проценти. Од друга страна, Институтот за светска економија од Кил предвиде дека Германија, најмоќната економија во ЕУ и еврозоната, годинава ќе ја заврши во блага рецесија, со пад на производството од 0,3 отсто. Ваквата состојба на германската економија несомнено ќе има негативни ефекти врз побарувачката во Европа. Сепак, и покрај двете последователни стапки на негативен квартален економски раст, што технички ја воведе Евозоната во рецесија, таа сепак беше помала од стравувањата, главно благодарение на пакетите за фискални стимулации и помошта од фондовите на ЕУ кои ги одржуваа високите нивоа на побарувачка и вработеност. Економистот во „Голдман Сакс“, Филипо Тадеи оцени дека и покрај надолните ревизии на прогнозите за економскиот раст за 2023-та, Еврозоната сепак ќе ја заврши годината со „низок раст, но не и во рецесија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси рагбистка воодушеви со облинитеРагбистката Џејми Чапман успеа да го маѓепса голем дел од машкиот свет со својата модна комбинација за време на доделувањето на наградите „Dally M“ во 2024 година. На свечената церемонија атрактивната Џејми се појави во црн фустан од тантела што совршено ги следеше линиите на нејзиното тело и ги истакна нејзините бујни гради. Провокативната тоалета се одликуваше и со длабок шлиц, а не смееме да го изоставиме ниту фактот дека нејзините прекрасни облини дојдоа до израз во оваа заводлива креација. Dayummmm!! 💓 Btw: she is Australian Rugby player Her name: Jaime Chapman https://t.co/zwQUjRxZJR — HollywoodCave (@HollywoodCave) October 9, 2026 Во 2024 година, таа предизвика вистинска помпа на церемонијата на доделување награди, а судејќи според најновите објави на X, повторно поттикна лавина од коментари и реакции кај машката публика. Нејзините фотографии од таа вечер повторно се актуелни на социјалните мрежи и масовно се споделуваат на X. Инаку, Чапман е една од препознатливите фигури во женското рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за тимот „Голд Коуст Тајтанс“ во женската конкуренција на Националната рагби-лига (NRL), а настапува и за „Твид Хедс Сигс“ во женската рагби-лига на Квинсленд. Исто така, таа ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и деловниот живот, при што посебно внимание привлекуваат оние од атрактивните модни публикации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter