Џенинг останува во Басконија до крајот на сезоната - Канал 5

Џенинг останува во Басконија до крајот на сезоната

Американскиот кошаркар Мет Џенинг ги исполни очекувањата на раководството на Басконија и потпиша договорот до крајот на сезоната со клубот од Виторија, објави денеска шпанскиот Евролигаш.

Џенинг останува во Басконија до крајот на сезоната
Одличниот шутер во средината на септември пристигна во Виторија како краткотрајна замена за повредениот Мекдоналд Мекреј, но веднаш се наметна кај новиот тренер Педро Мартинез.

На осум натпревари во Евролига, просечно бележи 7,3 поени и 1,1 скок и скок.

Пред Баскискиот клуб, Џенинг играше за Локомотив Кубан, Хапоел од Ерусалим, Ефес, Монтепаски Сиена, Загреб, Цибона и Монферато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. 

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар.

Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители.

Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер