Мицкоски: Силните јавни финансии се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството
2Мицкоски: Силните јавни финансии се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството
ЗабаваЏенифер Лопез во проѕирна чипка им одговори на хејтерите (ВИДЕО)Џенифер Лопез повторно предизвика бран реакции на социјалните мрежи откако снимките од нејзиниот последен концерт во Лас Вегас, на кој настапи во проѕирен комбинезон што ја истакна фигурата, станаа вирални. Чипканата облека, со корсет под мрежестиот материјал, предизвика многу коментари. Jennifer Lopez, 56, shows off her assests on tour pic.twitter.com/3QBQMHugZO — TaraBull (@TaraBull) March 26, 2026 Одговор на критиките Бидејќи често е критикувана за предизвикувачки изданија, Лопез реши да одговори на ваквите забелешки за време на концертот. „Зошто секогаш носи такви работи?“ праша пејачката, а потоа се сврте кон публиката, која одговори со овации, за да ги покаже своите облини. „Сè уште не знам за што зборуваат“, додаде таа со смеа. Jennifer Lopez goes viral for her incredible body at age 56 🔥 pic.twitter.com/E8q2WYZttT — Daily Loud (@DailyLoud) March 26, 2026 Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во училиште на Филипините, убиени се три лица (Вознемирувачко видео)Три лица се убиени, а пет се повредени во пукање во училиште на Филипините, соопшти денес филипинската полиција.Повредените се однесени во блиските медицински установи на лекување, објави Ројтерс. Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Сан Хозе“ во градот Таклобан, покраина Лејте. Регионалната полициска управа распореди дополнителен персонал во училиштето за да ја обезбеди безбедноста на учениците, персоналот, родителите и околната заедница. At least three students are confirmed dead and five others were injured in a #shooting incident at San Jose National High School in Tacloban City, the #Philippines on Monday. Two suspects, both minors, have been arrested. By Huang Zhengzheng |Video from social media pic.twitter.com/PjnGMH3RVI — CCTV Asia Pacific (@CCTVAsiaPacific) June 22, 2026 Како што е наведено, еден осомничен за нападот е уапсен, додека другиот е сè уште на слобода. Полицијата ги истражува околностите што доведоа до инцидентот.Тагови: пукање Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
МакедонијаМицкоски: Силните јавни финансии се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општествотоИзјава за медиуми на премиерот Мицкоски по работната средба со претставниците на ЦЕФТА.„Почитувани претставници на Центарот за извонредност во финансиите, Почитувани министри и гувернери, Почитувани претставници на меѓународните институции, Почитувани експерти, партнери и пријатели, Дозволете ми најнапред да упатам искрени честитки по повод 25 години од постоењето на Центарот за извонредност во финансиите – организација која во изминатите две и пол децении прерасна во еден од најзначајните центри за знаење, професионален развој и регионална соработка во областа на јавните финансии. Овој јубилеј не претставува само одбележување на еден временски период. Тој претставува признание за една мисија која четврт век придонесува за создавање подобри институции, подобри политики и подобро управување со јавните ресурси во целиот регион. Во време кога светот се менува со невидена брзина, кога економските текови стануваат сè покомплексни, а предизвиците со кои се соочуваат државите се сè поголеми, знаењето и институционалниот капацитет стануваат најважниот капитал на секоја држава. Токму затоа улогата на Центарот за извонредност во финансиите денес е исклучително важна. Во текот на своето постоење, оваа организација обучи десетици илјади професионалци, организираше илјадници настани и создаде мрежа на соработка која ги поврзува институциите низ целиот регион. Но нејзината најголема вредност е тоа што создаде култура на учење, размена на искуства и заедничко градење решенија за предизвиците со кои се соочуваат нашите држави. Особено значајно е што Центарот уште од своето формирање препозна дека вистинскиот напредок не доаѓа само преку донесување закони и стратегии, туку преку создавање луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет тие политики успешно да ги спроведуваат. Во тој контекст, придонесот на оваа организација е далеку поголем од бројот на реализирани програми или учесници на обуките. Нејзиниот придонес се гледа во институциите кои денес функционираат подобро, во администрациите кои се поефикасни и во финансиските системи кои се постабилни и поотпорни. Почитувани присутни, Силните јавни финансии не се само економска категорија. Тие се темелот врз кој се гради секоја успешна држава. Тие се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството. Затоа ние како Влада сме цврсто определени кон градење стабилни, одговорни и транспарентни јавни финансии. Веруваме дека секој денар од парите на граѓаните мора да биде управуван домаќински, отчетно и во интерес на јавноста. Во тој процес Министерството за финансии има клучна улога. Сакам денес јавно да ја истакнам работата на министерката за финансии и нејзиниот тим, кои со својата посветеност, професионалност и сериозен пристап покажуваат дека финансиската дисциплина и развојот не се спротивставени цели, туку процеси кои мора да одат рака под рака. Во време на бројни глобални економски предизвици, тие покажуваат дека е можно истовремено да се одржува стабилноста на јавните финансии, да се реализираат капитални инвестиции, да се поддржува стопанството и да се создаваат услови за економски раст. Резултатите од таквиот пристап веќе се видливи. Според последните официјални податоци, во првиот квартал од годинава Македонија оствари раст на Бруто домашниот производ од 3,2 проценти, што нè позиционира меѓу првите пет економии во Европа според стапката на економски раст. Истовремено, минатата година беше забележан историски рекорд кај странските директни инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, што претставува највисок износ досега регистриран во нашата држава. Овие бројки не се само статистика. Тие се потврда дека стабилните јавни финансии, одговорните економски политики и реформите што ги спроведуваме создаваат доверба кај инвеститорите, ја поттикнуваат економската активност и отвораат нови можности за развој. Тоа е доказ дека кога институциите работат посветено, а политиките се темелат на знаење, дисциплина и јасна визија, резултатите не изостануваат. Она што особено радува е што овие резултати не се изолирани показатели, туку дел од еден поширок позитивен тренд. Денес имаме раст на индустриското производство, раст на извозот, раст на просечните плати и постепено намалување на невработеноста. Тоа се показатели кои зборуваат за економија што се движи напред, за стопанство кое создава нова вредност и за држава која постепено ја враќа довербата кај инвеститорите и бизнис заедницата. Во изминатиот период успеавме да ја стабилизираме инфлацијата, да обезбедиме предвидлива деловна средина и да ја зајакнеме довербата во економските политики. Тоа е особено важно во време кога голем број европски економии се соочуваат со забавен раст и неизвесност. Токму затоа овие резултати имаат дополнителна тежина и значење. Истовремено, работиме на реализација на најголемиот инвестициски циклус во поновата историја на државата. Градиме и реконструираме патишта, автопати, железничка инфраструктура, училишта, студентски домови, спортски сали, болници и енергетски капацитети. Тоа не се само инфраструктурни проекти. Тоа се инвестиции во конкурентноста на државата, во подобар квалитет на живот и во иднината на генерациите што доаѓаат. Сето тоа дополнително ја потврдува важноста на институциите кои се способни да планираат, да управуваат и одговорно да ги реализираат јавните средства. Бидејќи зад секој реализиран проект, зад секоја инвестиција и зад секоја успешна политика стојат луѓе со знаење, искуство и чувство на одговорност кон јавниот интерес. Почитувани пријатели, Една од најголемите вредности на Центарот за извонредност во финансиите е неговата способност да ги поврзува институциите и луѓето околу заедничката цел – создавање поефикасни, потранспарентни и поодговорни системи на управување. Во свет во кој предизвиците не познаваат граници, ниту една институција не може сама да ги има сите одговори. Затоа се важни партнерствата, соработката и размената на искуства. Токму преку вакви платформи се создаваат нови идеи, се пренесуваат добри практики и се градат институции подготвени за иднината. Воедно, ваквите форуми нè потсетуваат дека успешните реформи не се резултат на изолирани активности, туку на континуиран процес на учење и приспособување кон новите околности. Денес повеќе од кога било е важно институциите да бидат флексибилни, отворени за нови идеи и подготвени да ги прифатат најдобрите меѓународни практики. Во таа насока, исклучително ја цениме улогата што Центарот за извонредност во финансиите ја има во јакнењето на професионалните капацитети на јавната администрација. Бидејќи ниту една реформа не може да биде успешна доколку нема луѓе кои знаат како да ја спроведат, кои имаат визија да ја водат и интегритет да ја заштитат. Затоа инвестицијата во знаење секогаш е најисплатливата инвестиција. Знаењето создава подобри политики. Подобрите политики создаваат подобри институции. Подобрите институции создаваат економски раст. А економскиот раст создава подобар живот за граѓаните. Нашата држава останува посветена на реформите, модернизацијата на јавната администрација, дигитализацијата на процесите и континуираното јакнење на институционалните капацитети. Тоа не го правиме затоа што некој го бара од нас, туку затоа што знаеме дека тоа е единствениот пат кон долгорочен развој и подобар животен стандард за нашите граѓани. Убеден сум дека токму знаењето, професионалноста и подготвеноста за постојано учење ќе бидат клучните фактори кои ќе ги одредуваат успешните држави во децениите што доаѓаат. Овој јубилеј е потсетник дека силните институции не се создаваат преку ноќ, туку се градат трпеливо, со знаење, работа, визија и јасна определба за напредок. Тој е потврда дека вложувањето во човечкиот капитал, професионалниот развој и институционалната соработка носи резултати кои се препознаваат и по многу години. Во исто време, овој јубилеј е и охрабрување за иднината. Охрабрување да продолжиме да ги зајакнуваме институциите, да вложуваме во луѓето, да учиме едни од други и да создаваме системи кои ќе бидат поефикасни, потранспарентни и поотпорни на предизвиците што ги носи современото време. Затоа верувам дека и во годините што следат Центарот за извонредност во финансиите ќе остане значаен двигател на реформите, модернизацијата и професионалниот развој во регионот, а неговото искуство и знаење ќе продолжат да им помагаат на институциите да носат подобри политики и подобри резултати за своите граѓани. На Центарот за извонредност во финансиите му посакувам уште многу успешни години, нови партнерства, нови достигнувања и уште поголем придонес во развојот на јавните финансии и институциите во нашиот регион. Ви благодарам.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМеѓународна конферецнија „Дијалог за единство и мир 2026“, 23-24 јуни 2026 годинаНа 23 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 09:30 часот, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје свечено ќе биде отворена меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“.Конференцијата, која ќе се одржи на 23 и 24 јуни 2026 година, ќе собере поранешни шефови на држави, министри, дипломати, универзитетски професори, истражувачи, претставници на меѓународни организации, бизнис-лидери и млади од повеќе земји од Европа и Азија, со цел да разменат идеи и искуства за актуелните глобални предизвици и можностите за унапредување на меѓународната соработка, дијалогот и мирот. Во рамки на дводневната конференција ќе се одржат тематски панел дискусии посветени на предизвиците за меѓународниот мир, безбедноста и владеењето на правото, економскиот развој на Кина, регионалната поврзаност и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, иднината на цивилизацискиот дијалог и културната размена, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција, креативноста и човечкиот потенцијал, како и улогата на младите во свет на промени и неизвесност. На свеченото отворање ќе се обратат д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија 2009–2019, Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата задолжен за политички систем, Џијанг Сјаојан, амбасадор на Народна Република Кина, како и претставник на Кинеската асоцијација за меѓународно разбирање (CAFIU). На конференцијата ќе учествуваат поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и поранешен министер за надворешни работи на Република Србија, Вук Јеремиќ, шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО и министер за надворешни работи на Република Турција на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, поранешниот министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Миро Ковач, и Ерик Ли, претседател на Центарот за Кина и глобализација, основач и претседател на Chengwei Capital, основач на Клубот Пекинг за меѓународен дијалог, политиколог и еден од најистакнатите кинески аналитичари за меѓународни односи, како и бројни професори, дипломати, истражувачи и претставници на академската, дипломатската и деловната заедница од Европа и Азија. Настанот е во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија 2009–2019, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов (ISLAA).Тагови: конферецнија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36Жежок прв летен ден- температурите до 37 степени 08:39До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07