Џенифер Лопез во бикини на плажа: Сега сум во елемент (ФОТО) - Канал 5

Џенифер Лопез во бикини на плажа: Сега сум во елемент (ФОТО)

Џенифер Лопез ужива на летниот одмор во Италија, а на својот Инстаграм профил ја покажа својата фигура објавувајќи фотографија на која позира во бел градник.

Џенифер Лопез во бикини на плажа: Сега сум во елемент (ФОТО)

„Повторно сум во елемент“, напиша 54-годишната пејачка со објава која ги воодушеви следбениците.

Инаку, Џеј Ло ја должи својата фигура на редовното вежбање, а минатиот месец папараците ја снимија кога наиде на заклучената врата од нејзината теретана во Лос Анџелес, поради што видно се нервираше и ги пцуеше фотографите.

Да потсетиме, Лопез во голем стил го прослави својот 54 роденден, а по тој повод објави фотографија на која танцува на маса со рацете во воздух и позира во свечен фустан, а се пофали и со фотографии во бикини, па така собра повеќе од 1,5 милиони лајкови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат

Нема датум или од кој ден, гостиварци ќе можат да пијат и да готват со безбедна вода од градскиот водовод, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат

Тој потенцираше дека се додека нема три последователни негативни тестови, водата нема да биде за употреба.

Премиерот Мицкоски вчера изјави дека една од причините за водата да остане само за техничка употреба е потврдата на резиуделна бактерија во инсталаците.

Во здравствените установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти. Во општата болница во болница биле 45 нови прегледи од кои 26 на инфективното одделение, каде двајца биле хоспитализирани, а 18 биле деца. Во здравствениот дом Гостивар регистрирани се 28 нови пациенти во дежурната служба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски

Не Основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на бизнисменот и почесен конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски по приложената гаранција од околу 5 милиони евра.

Не основното, туку Вишото јавно обвинителство во Битола го променило ставот за враќање на пасошот на Марковски

Откако одбраната повторно побарала укинување на мерката за одземање на патната исправа, предметот бил рефериран до Вишото обвинителство, кое наложило јавниот обвинител во Струга да даде позитивно мислење за барањето.

Првично, на 15 јуни, Основното јавно обвинителство Струга било против враќањето на пасошот. Но, по разгледување на предметот, Вишиот јавен обвинител оценил дека со веќе определената гаранција е отстранета опасноста од бегство на обвинетиот. Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски каде претседател на Кривичниот совет бил судијата и претседател на судот Вулнет Винца кој од денеска заминува во пензија откако Судскиот совет го отфрли неговото барање за продолжување на вршењето на судиската функција бидејќи ненанвремено доставил изјава.

-Воедно се прифаќаат аргументите на одбраната дека обвинетиот поседува фирма во Република Србија чие работење е сериозно доведено во прашање и постои можност да биде нанесена ненадоместлива штета доколку тој во најкраток можен рок не отпатува таму за да потпише документација во врска со работењето на фирмата.

...Велат од битолското обвинителство од каде додаваат дека сите аспекти на ваквата одлука и соодветната аргументација ќе бидат испитани, а во моментов не можело да се смета дека обвинетиот е во бегство и тој има обврска да се јавува пред судот. Според информациите Марковски вчера бил задржан на граничниот премин Табановце но по извршените проверки му било дозволено да ја премине државната граница и да влезе во Србија.

На него и на осум други лица им се суди за дислокација на погонските станици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, тендер тежок над 1,7 милиони евра. Освен на Марковски им се суди и на петмина вработени од РЕК „Битола“ и двајца вработени во неговата фирма. Еден од обвинетите е и поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, на кого веќе му се суди и во битолскиот суд за случајот со тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола.

Судскиот процес за Марковски почна во Основниот суд Битола за потоа да биде целосно префрлен во судот во Струга а рочиште е закажано за 2 септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен, ги почитувам сите државни празници

Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен – уверува собранискиот спикер Африм Гаши, по реакциите во јавноста дека втора година по ред нема да присуствува на централната прослава за Илинден во Крушево. 

Гаши: Нема политичка порака во моето отсуство од Мечкин Камен,  ги почитувам сите државни празници

На брифинг со новинарите тој потсети дека мината година бил спречен поради здравствени проблеми..,а годинава вели иако нема физички да присуствува, како претседател на Собранието директно учествувал во организацијата на илинденските чествувања.. на свеченоста ќе се обрати потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, потврди гаши....Отсуството годинава го објаснува со учеството на меѓународна конференција во Египет, каде како што вели, ќе се дискутира за важни теми како соживотот, толеранцијата, и борбата против говорот на омраза. Порача дека максимално ги почитува државните празници и повика неговото отсуство да не се толкува како политичка порака или тенденција.

-Сакам во јавноста и на сите граѓани да им испратам една порака дека Африм Гаши претседателот на Собранието ги почитува сите државни празници и тоа сум го покажал секогаш. Од првиот ден во политиката, особено сега во својство на претседател на Собрание, мислам дека никаков простор за двоумење дали го почитуваме или не, не треба воопшто да има таков простор. Како државен врв одлучивме дека треба да се искористат двете шанси,- Африм Гаши – претседател на Собрание.

Повикувајќи се на членот 170 од Деловникот и потсетувајќи дека истата можност била искористена 161 пат во претходниот собраниски состав, Гаши посочи дека самиот ќе одлучи кога Законот за правична застапеност ќе биде ставен на гласање. Повтори дека законот ќе се гласа со мал Бадинтер, откако таквата постапка била утврдена од Комитетот за односи меѓу заедниците.

- Јас ќе го искористам тоа право да проценам и одлучам кога е најдобро тој закон да се стави на гласање и нормално сакам да знаат сите и граѓаните и опозицијата дека не планираме скришум да го донесеме. Седницата ќе биде свикана, пратениците ќе бидат повикани и ќе одлучи пленумот. Моја обврска е да одлучам кога е најдобриот и најпригодниот момент за одлучување, а потоа како ќе одлучи пленумот сите тоа ќе го испочитуваме,- Африм Гаши – претседател на Собрание.

Собранискиот спикер се осврна и на Предлог-законот поврзан со скопје европска престолнина на културата 2028-ма.. кој вчера беше повлечен од дневниот ред. Гаши вели дека одлуката била донесена за да не се блокира работата на Собранието и да не се доведе во прашање кандидатурата на Скопје, поради како што кажа дилемите околу јавните набавки..поважно е вели градот да не ја загуби оваа титула, отколку таа да остане во сенка на политичките несогласувања .. порача доколку има оправдани забелешки, тие во наредниот период треба да се коригираат, за законот да добие поширока поддршка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер