Џенифер Лопез рекламира алкохолен пијалок, фановите згрозени: Сака само да заработи (ВИДЕО) - Канал 5

Џенифер Лопез рекламира алкохолен пијалок, фановите згрозени: Сака само да заработи (ВИДЕО)

Џенифер Лопез го најави лансирањето на нејзиниот бренд на алкохолни пијалоци, но набрзо се соочи со реакции од следбениците.

Џенифер Лопез рекламира алкохолен пијалок, фановите згрозени: Сака само да заработи (ВИДЕО)

Имено, пејачката и актерка многупати зборувала за тоа дека воопшто не пие.

- Сѐ повеќе ја разбирам важноста да се ужива во животот. Сакав да создадам нешто подобро - нешто со подобар вкус, подобри состојки, нешто што би сакала да го пијам со моите пријатели и семејството, а тоа е Делола, изјави Лопез во видеото на Инстаграм во кое го промовира нејзиниот пијалок.

Само неколку минути откако го сподели видеото со своите 240 милиони следбеници, разочараните обожаватели почнаа масовно да го критикуваат нејзиниот потег.

„Леле, ова е разочарувачки“, „Зошто не создаде бренд на безалкохолни пијалоци со оглед на тоа што отворено зборуваше за негативните ефекти на алкохолот и не пиеш?“, „Таа само сака да заработи пари“, напишаа критичарите.

На една следбеничка не ѝ било јасно зошто решила да го започне брендот со оглед на фактот дека нејзиниот сопруг Бен Афлек неколку пати бил на рехабилитација поради зависност од алкохол.

- Секако дека е бизнис и се работи за пари, но изгледа лажно да се промовира алкохолен пијалок кога таа самата кажува колку е лошо за нејзината кожа и нејзиниот начин на живот воопшто, а да не зборуваме за проблемите на Бен со алкохолот“, се пожали тој.

Лопез откри дека на овој проект работела две години и дека Лола е всушност нејзиниот долгогодишен прекар кој ја покажува нејзината побезгрижна страна, се вели во соопштението за медиумите.

Пејачката го основаше брендот со ветераните од индустријата за пијалоци Кен Остин и Џена Фањан и нејзиниот менаџер Бени Медина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост бил

Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември.

Џебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост бил

Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември, се очекува да достигне цена од речиси 80.000 долари.

Тогаш 32 годишната Мери Манган сопственичката на часовникот, била патничка во трета класа на бродот, кој потонал во април 1912 година – катастрофа во која животот го загубиле 1.500 луѓе, пренесува DPA. Манган, која била родена во Ирска, патувала со поголема група патници од округот Мајо во западна Ирска – група што денес е позната како „Адергул 14“ (Addergool 14).

Во нејзината група биле и Кетрин Мекгован, братот и сестрата Џон и Мери Бурк, како и поранешната сопруга на Бурк, Кетрин. Манган се преселила во Соединетите Држави, но се вратила во Ирска на почетокот на 1912 година за да го посети своето семејство; таа се качила на „Титаник“ во Квинстаун (денес Коб) во јужниот дел на земјата.

Џебниот часовник од жолт метал, на кој се врежани иницијалите „ММ“, е силно кородиран поради времето поминато во водите на Северниот Атлантик.

Телото на Мери Манган било извлечено од бродот за поставување кабли „CS Mackay-Bennett“, а потоа, на 22 април 1912 година, било погребано во морето. Часовникот бил пронајден на нејзиното тело и, заедно со други лични предмети, им бил вратен на нејзиното семејство.

Во текот на неколку недели, часовникот бил изложен – како дел од збирка посветена на Манган – во „Titanic Belfast“, туристичка атракција во Белфаст, Северна Ирска.

На барање на семејството, аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ ќе го понуди часовникот на продажба на аукција во Девајзис, Вилтшир, во сабота, на 21 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер